Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.625
Хурт Локер му го зеде оскарот на Аватар, мислам дека е поточно така да се каже, иако многумина навиваа за копилињата...

Туку:
The box

На вратата на едно семејство е оставен пакет во кој се наоѓа мистериозна кутија. Демек-морничав човек им нуди чудна понуда - ако го притиснат дугмето на кутија ќе им даде еден милион долари, но некој човек на планетата кој не го познаваат ќе умре. Откако ќе ја направат одлуката (без разлика каква е) кутијата ќе биди репрограмирана и понудата ќе биди дадена на други луѓе кои не ги ни познаваат...Се друго би било спојлер но колку за интригација
Жената го притиска дугмето и наскоро почнуваат да се случуваат бизарни работи. Маж убива жена, непознати луѓе им пристапуваат и се обидуваат да им кажат работи кои навидум немаат смисла но на сите почнува да им течи крв од носот итн

Имав многу очекувања за филмот заради интересната идеја но се самоуништува. Лоша, лоша глума, атмосфера која не успева да биди доволно мистериозна и морничава како што бара филмот (а и наликува како да е снимен пред 50 години а не во 2009), тотално непотребно завлегување во научна фантастика без која би бил далеку подобар филмот.

Штета имаше потенцијал, го ставам во категорија добра идеја - лоша реализација.

5/10
Премногу му даваш, го гаѓавме со единици, двојки и патлиџани кога излезе...
 
Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Хахах, не можам ми го раскажваја и така една преуба претстава си имав замислено за филмо и толку надеж имав, жал ми е :)
 
Член од
2 февруари 2011
Мислења
26
Поени од реакции
5
Donnie Darko ....za mene vlegva vo top 10 filmovi na site vreminja....

"When you sleep, you don`t control your dream. I like to dive into a dream world that I've made, a world I chose and that I have complete control over." - David Lynch

--- надополнето ---

"When you sleep, you don`t control your dream. I like to dive into a dream world that I've made, a world I chose and that I have complete control over." - David Lynch
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.625
Donnie Darko ќе дојде на ред набрзо во темата без спојлери така да можете да се штедите малку за таму :)
 
.:MadMan:.

Ретардиран
Член од
20 август 2010
Мислења
843
Поени од реакции
1.781
Black swan (2010)

Значи го изгледав Black Swan.... хмммм:)
Се гледаше дека Мила Кунис е само олицетворение на темната страна на Нина - Натали Портман, уште од времето кога оваа фантазираше како оваа преспала кај неа. Живеејќи во такви стриктни услови, мораше некако да ја изрази својата темна страна. Уште од претходно знаеме дека била мазохистка, сега нашла на која личност може да ја рефлектира својата темна страна и да ја користи во своите мазохистички и лезбејски фантазии(Мила Кунис). Како што Edward Norton во Fight club ја изразуваше својата агресивна и револуционерна страна преку Brad Pitt...со таа разлика што тој воопшто не ни познаваше во својот живот некој со тој лик на Бред Пит. Во овој случај факт е дека оваа Мила Кунис не беше виновна ни половина од тоа што оваа Нина го проектираше на неа во својата параноја.
Факт е дека крвта од нејзиното тело е реална...
Она уствари на крај рече дека се осеќа совршено бидејќи успеа да го победи внатрешниот непријател ваљдa. Успеа конечно и надворешно (преку своето однесување, а не при спиење или сл)да стане личност што е збир од 2 спротиставени личности....

Аљоооо спојлерииии!!!!!!!!!!!!
Некој не го гледал....:nesvest:
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.625
Кој не го гледал ако разбере нешто од ова... :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Wanna bet?

Океј ајде и да не сфати, на пола приказна ќе му проработи кликерот.
Закриј го, колку да сме на сигурната страна. :)
Ја ставив нешто во спојлер, ама читајќи го текстов откако го имам гледано филмов, цела рецензија би ја ставила во спојлер...:)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.651
Поени од реакции
59.625
Ја имам едно прашање за лебедот, ама не сакав тогаш кога беше во ек дискусијата за да не ја одвлечкаме во неважен правец, како тотемот во инсепшн :)

Значи: (Тежок спојлер, крајот на филмот)
Натали е облечена како белиот лебед кога се прободува со стаклото. Потоа се пресоблекува како црниот лебед, ја игра улогата. Се враќа, се пресоблекува како белиот лебед. Мила Кунис и тропа на врата, и тек после тоа оваа сваќа дека самата себе се прободила со стаклото.
Како е могуќе да ги измени костумите без да го забележи стаклото во неа, а патем во второто облекување на белиот костум стаклото си легнува таман на отворот без мака :)
 
Ја имам уште поинтересно прашање:
Како може од толкава рана, на бел костим да прокрвариш тек откако ќе изиграш на сцена..:)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.379
Поени од реакции
30.809

Па она веќе беше прободена во белиот костим, а тоа шо не приметува и Ротбарт кога игра со неа ја фаќа за стомак, ја дига у вис држејќи ја за половина, и нема крв на рацете, така сметам смрта нејзина беше метафорична смрт на белиот лебед. Крвта, како и другата крв во филмот е имагинарна.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Ја имам уште поинтересно прашање:
Како може од толкава рана, на бел костим да прокрвариш тек откако ќе изиграш на сцена..:)
Ееее тоа е прашањето за милион долари :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom