Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
13 декември 2015
Мислења
34
Поени од реакции
34
Girl, interrupted. - Феноменална глума, Џоли посебно. Иако се работи за ментална институција, ликовите се претставени толку живо, толку сликовито, реално, што се поисповетуваш со сите нив.
 

батеМаче

Човек
Член од
3 декември 2008
Мислења
320
Поени од реакции
272
Јас се оштрам долго време да го направам тоа, дури и ги обезбедив филмовите ама никако да ми се погоди моментот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.612
Мислења за The Motorcycle diaries ?
Јас го гледав за прв пат пред недела - две и ми се допадна, ептен! За месец дена поминав три филма со Гаел Гарсија Бернал и иако некако изгледа ко без-везе актер, успева да им вдахне некоја енергија на ликовите кои ги глуми така што ти остануваат во сеќавање долго по филмот. Освен аргентинскиот, ги гледав уште и мексиканскиот Y Tu Mama Tambien и чилеанскиот No, сите три номинирани за Оскар и сите три одлични. (y)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Во чест на Абас Киаростами деновиве го изгледав Close-up иако планирав да го гледам уште од многу поодамна. Прекрасен ирански филм во кој Абас толку реално и суптилно ја соголува вистината на главниот лик што досега не сум сретнал такво нешто во некој филм. Базиран на вистински настан, младо момче е уапсено поради тоа што се претставувал како познатиот режисер Мохсен Макмалбаф и успева да излаже цела фамилија дека сите тие ќе бидат дел од снимањето а нивната куќа дел од сценографијата, а притоа да им земе и пари. Абас филмот го прави како документарна драма-трилер и го оживува случајот со тоа што присуствува на судењето на младиот филмофил кој поради неговата пасија кон филмот и почитта кон самиот режисер се дрзнува да влезе во еден интересен сплет на лаги и вистини. Одличен!
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.491
Поени од реакции
5.586
за една недела Хелена Бонхем Картер од Фајт Клаб ќе биди заменета со Харли Квин
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Пред Motorcycle Diaries ми излезе Born to be blue, филм што појма немам како ми имал забегано за еден од најголемите џез легенди, Џет Бејкер.

Во филмот е прикажан периодот кога Чет навлегува длабоко во зависноста од хероин, кариерата почнува да тони и шлагот на тоа тепачката во која ги губи предните заби што многу ќе му го отежни враќањето на сцена.
Итан Хоки (вака ваљда е) одлично го портретира карактерот на Чет кој се бори со зависноста, меланхолијата и наоѓањето на балансот во неговиот живот за камбек на џез сцената. Предобра атмосфера, кадри и одлична глума на актерите, за саундтракот нема потреба да се коментира.
Топла препорака за сите филмомани и љубители на џез. (доколку не го имате изгледано :D)


п.с. @Hank Moody гледан ти е ?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Може некој да ми објасни ЗА КОЈ КУР овој Ида добил Оскар?
Најсериозно. Освен што има добри кадри и што е некако необично интересно сниман ја друго ништо не видов за да вакво нешто добие Оскар. Приказната 0, ја очекував нешто многу јако да се деси т.е што се десило а не чиста глупоштина.

Пу да ти ебам идиотот, што се лажам да глеам вакви филмови.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Може некој да ми објасни ЗА КОЈ КУР овој Ида добил Оскар?
Најсериозно. Освен што има добри кадри и што е некако необично интересно сниман ја друго ништо не видов за да вакво нешто добие Оскар. Приказната 0, ја очекував нешто многу јако да се деси т.е што се десило а не чиста глупоштина.

Пу да ти ебам идиотот, што се лажам да глеам вакви филмови.
фала, нема да го глеам сеа :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom