слабо се збори на темава последно време па да упаднам ко криминалец у банка
На Гослинг првенчето ќе биде топотници се глеа
За сега филмови кој со душа чекам да испаднат се лост ривер,книгхт оф купс и кумико и мад макс(со послаб интезитет)
Рајан Гослинг е успешен актер и еден од најпопуларните во светот денес. Последнава година не го видовме во нов филм бидејќи актерот беше зафатен со режирање, нешто што го прави за прв пат во неговата кариера. Станува збор за „Lost River“, трилер-фантазија за тинејџер во напуштен град.
Трејлерот за независниот филм во режија на Рајан Гослинг, потсетува на филмовите на Дејвид Линч. Официјалниот синопсис за „Lost River“ е следен:
„Lost River“ е мрачна бајка за љубов, семејство и борба за опстанок во лице на опасноста. Во напуштениот град на Lost River, Били мајка на две деца, е воведена во чудесен подземен свет на мисија да го спаси домот и да го одржи своето семејство заедно. Нејзиниот син тинејџер Боунс открива мистерија за потеклото на Lost River,што ќе го заинтригира и понесе во неочекувано патување, каде ќе бидат тестирани неговите граници и на оние што ги сака.
Тинејџерот го глуми Ијан Де Кејстекер („Agents of S.H.I.E.L.D.“), а неговата мајка Били, Кристина Хендрикс („Mad Men“). Покрај нив, во филмот ќе ги видиме и Ева Мендез и Мет Смит („Doctor Who“).
Филмот ќе биде достапен на 10-ти април, а следниот месец ќе биде прикажан на фестивал во Тексас, САД. Погледнете го трејлерот: