Искрено дали веќе премногу имаме филмови базирани на вистински настани, или сум презаситен од преценети Оскаровци, мислам на оние типичните Оскаровци (не филмови како Birdman или Whiplash) ама The Imitation Game не ми беше ништо wow колку што прочитав од рецензиите. Освен глумата на Камбербач, која е вредна за Оскар, и ете интересната сторија за Енигма за која досега немав слушнато, друго немаше ништо посебно да се издвои. Добар филм е да, ќе му дадам и 8 оценка ради добриот саундтрак и приказна, но самата атмосфера, самиот филм ми е веќе триста пати видено, ваљда како што реков има шанси тоа да е ради преголемиот број на филмови што ги има во слично издание во овој период од годината.
Патем, го изгледав денес и Foxcatcher и повеќе ми се допадна, подобар од Moneyball, полош од Capote (три филма има само Бенет Милер така да ете добра компарација).