Филип II Македонски

  • Креатор на темата FilipMacedon
  • Време на започнување

@@@@@@

MAKEDONEC
Член од
15 мај 2008
Мислења
539
Поени од реакции
33
Za pogolemiot del od tvrdinite vazi istoto deka vo odreden period bile razurnuvani ili dograduvani.Ne znam dali znaete deka vo Prilep se pronajdeni(od divi kopaci) pari od Aminta III dedoto na Aleksandar Makedonski, najverojatno toj e prviot sto ja izgradil ili izgradil del od tvrdinata koja podocna go dobila imeto Markovi Kuli.A inaku lokalitetot bil naselen pred okolu 7 000 god.(vrz baza na arheoloskite pronajdoci).Istoto vazi i za mnogu lokaliteti ili denesni gradovi koi za golem del od narodov poradi nivnata neinformiranost se samo slovenski.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Дефинитивно прва држава во Европа со сите механизми, од крал, преку совет(влада), собрание, најмоќна војска, ковачници за пари(Народна Банка) и све друго. И владеел со голема територија територијално пола Балкан, без етиопскиов отпад. Пред тоа све било ѓоа демократија у едно село, исто како мирските совети кои и ден денес ги има по некои Македонски села.
Да првпат во тоа време почнало да се кова златна монета Статер се вика монетата.
 
A

anaveno

Гостин
Muwatallis (ca. 1296-1272 bc) made a treaty with the King of Wilusiya, Alaksandus (Alexander?). The gods of Wilusiya include Appaliunas (Apollo?) He fought on the Trojan side during the Trojan War)

imeto Alaksandus go ima kojznae kolku pati vo Hittite zapisite,...
nekoj go stavaat na wiki za objasnuvanje,ama nekoi stalno go brisat...
http://www.google.com/search?hl=en&q=Alaksandus+Wilusa&btnG=Search&aq=0sx&oq=Alaksandus+&aqi=g-sx1

imeto nema vrska so grcite...
nitu imeto Wilusa=Troja=Ilion,nitu Apolo....nitu cela t.n. grcka mitologija,Homer i kompanija
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Muwatallis (ca. 1296-1272 bc) made a treaty with the King of Wilusiya, Alaksandus (Alexander?). The gods of Wilusiya include Appaliunas (Apollo?) He fought on the Trojan side during the Trojan War)

imeto Alaksandus go ima kojznae kolku pati vo Hittite zapisite,...
nekoj go stavaat na wiki za objasnuvanje,ama nekoi stalno go brisat...
http://www.google.com/search?hl=en&q=Alaksandus+Wilusa&btnG=Search&aq=0sx&oq=Alaksandus+&aqi=g-sx1

imeto nema vrska so grcite...
nitu imeto Wilusa=Troja=Ilion,nitu Apolo....nitu cela t.n. grcka mitologija,Homer i kompanija

http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2970053&postcount=315
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
44
Поени од реакции
2
Филип II Македонски-најголемиот „виновник“ за големиот успех и славата на античката македонска империја.Успеал да ја реформира македонската војска и од просечна да ја направи најмоќан армија. Од опкружувањето на Македонија во тоа време успеал да создаде свои сојузници или да ги победи и да ги принуди да го признат за свој владетел,значи успеал да ги осигура границите на Македонија и на крајот да создаде таква хомогеност за кој дгугитр му позавидувале.Па после него Александар само го продолжува неговото дело како логичка целина на сето она што е постигнато,но дечкото е страшно интелегентен и храбар и на нјдобар начина го искористува тоа




п.с: Единствен од античка Македонија кој е познат во светот како Филип од Македонија(Filip of Macedonia).
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
Нели Филип е убиен под заговор на денот на свадбата на неговата ќерка ????:toe:
 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
Филип е СОЗДАВАЧ на Македонија. Ете зошто е позначаен од Аце. Тој бил човек мозок знаел што сака и знаел што прави. Ацо бил поучен од татко му и во голем дел од генералите на татко му. Не му требало ништо да измислува туку само да слуша и да дејствува. Среќа негова е што имал од кого да учи, а несреќа наша е што бил премногу алчен.

Би сакал ако некој знае, слика по слика, територија по територија да прикаже како одело обединувањето од страна на Филип, кој умови го опкружувале во тој момент и со колкав број на војска располагал на почетокот од неговото владеење.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Би сакал ако некој знае, слика по слика, територија по територија да прикаже како одело обединувањето од страна на Филип, кој умови го опкружувале во тој момент и со колкав број на војска располагал на почетокот од неговото владеење.
Филип кога дошол на власт имал полоша политичка позиција од денешнава Македонија...имено откако умира Аминта Трети(таткото на Филип),Филип се враќа од заложништво од Теба каде што придобил воено-тактичко образование од Епаминонда(архонт на Теба).
Кога се вратил во Македонија,тој првин не ја наследил титулата крал или василеј,туку неговиот најстар брат Александар Втори,кој владеел кратко и бил убиен од атентатор.
По смртта на Александар,на тронот седнува неговиот постар брат Пердика,кој пак исто така кратко време владеел бидејќи загинал во битка против Дарданите кои навлегувале во Пелагонија.


Кога седнал на тронот за Македонија веќе се говорело дека ке исчезне,бидејќи Дарданите напаѓале од север,Атињаните спремале интервенција со локална помош од Аргеј,додека Одризите(тракиско племе) исто така спремале интервенција со локална помош од Павзаниј кој исто така претендирал на тронот.

Филип првин извршил реконструкција на армијата,со што вовел нова тактика и нова дисциплина.Исто така покажал и дипломатски способности,со што потпишал мировен договор со Дарданците со што им дал за кратко територии северно од Хераклеа,а Одризите успеал да ги убеди да не интервенираат.

Првин се пресметал со Аргеј и со неговата атинска помош крај градот Метон со околу 4000 војници и успешно ги разбива.По победата Филип се вратил на дипломатијата со што заробените атињани од битката ги пратил во Атина каде што потпишува мир со Атина.
Според Диодот,пред битката македонската војската била толку деморализирана што Филип и неговите генерали со сета сила викале со цел да им го зголеми моралот на војниците.

Откако ги средил внатрешните проблеми,среќата повторно му се насмевнала,бидејќи умрел водачот на Пајонците Агис,па му се укажала шанса да ја врати македонска контрола таму.
Успешно ги поразува Пајонците и веднаш по поразот на Пајонија и воспоставување на македонска власт замарширал кон македонските територии што неодамна ги освоиле Дарданците.
Кога Бардилис разбрал за нападот на Филип,му понудил мир кој Филип веднаш го одбил.
Со околу 10 000 пешадија и околу 600 коњаница крај Хераклеа,Македонците успешно извојувале победа врз Дарданците,со што биле отстранети од Македонија.
По ова битка Филип остварува владение до Лихнидос(Охрид) и до Пелион(Горица).
Исто така Епиротите по битката кај Хераклеа покажале интерес за сојуз со Филип бидејќи како Македонците и тие биле големи противници на Дарданците,сојузот бил прифатен од Филип.

Откако ја утврдил Западната граница и го поставил Парменион да ја чува од евентуални напади на Илирските племиња,Филип овојпат маршира на југ,во Тесалија во 358 година пред наша ера.
Во Тесалија тогаш владееле тирани,со тебанска помош,по што Филип успешно ги поразува и ја добива титулата Тагус(водач на Тесалиска лига).

Откако поставил македонска хегемонија во Тесалија,освојувањата ги насочил кон Атинските колонии кои биле распространети по македонскиот брег.

продолжува....
 
F

FilipMacedon

Гостин
Градот Амфипол, бил главна стратегиска точка на Атина во тој реон,па Филип го опсадува градот.
Откако Атињаните увиделе дека постои ризик да го загубат градот,на Филип му го понудиле градот Пидна во замена да го откаже финалниот напад врз Амфипол.За овој договор не се знае многу,но најверојатно е дека Филип ја прифатил понудата,за да подоцна повторно го напаѓа градот и со помош на опсадните овни ги пробил ѕидовите на Амфипол.
По освојувањето на Амфипол започнуваат златни години за Македонска античка економија.Во близина на градот се наоѓале рудниците на Пангајон планината која била богата со сребро,па почнале на големо да се коваат македонските статери...

Филип подоцна ја напаѓа и Халкидичката лига,кога била сојузник на Атина.
Големите градови како Олинт и Потидеја стануваат пепел и прав,разорени од македонската војска,најверојатно за да Филип им влее страв на хеленските колонисти да не основаат повторно градови на македонско тло.

Откако била поразена и Халкидичката лига ,Атина ја формира широката коалиција со Илирите и Тракијците ,позната како антимакедонска коалиција.
Парменион кој бил поставен да се грижи за западната граница успешно ги одбива нападите на Илирите,додека Филип на исток во 356 год пне го освојува градот Кренида,и го разорува до земја.
На разореното место го формира градот Филипи,кој подоцна ке стане богат и познат град.

продолжува....
 

lo6ko piratot

безобразно реален
Член од
2 април 2009
Мислења
441
Поени од реакции
56
Картава не е баш прецизна, ама добра е за објаснување

со ВИОЛЕТОВАТА е одбележан почетокот на владеењето на Филип II, односно првите две години. Во оваа територија ако добро приметувам не влегува територија од денешна Република Македонија (под чија власт била) или влегува многу мал дел, најверојатно затоа што центарот бил Пела (Бела) и се тргнувало од неа како престолнина и родно место на Филип II. На картата, во северниот дел се гледа дека влегува едно езерце во виолетовава територија и тоа ако не се лажам е денешното Дојранско Езеро и некој дел околу денешна Гевгелија. Во оваа територија не влегува ниту Халкидик и ми делува некако отцепен, под чија власт бил и тој во тоа време?

со СИНАТА територија е одбележана територијата која ја освоил Филип II во неговото 23 годишно владеење. Од текстот (кој е супер објаснување) се забележува дека се проширува до Охрид (Лихнидос) но на сликата не се забележува тоа. Исто така може да се види дека својте граници ги проширува и до Кичево (од каде што му биле тренинг центрите), Битола (Хераклеа), Прилеп (ако не се лажам) и некаде до Демир Капија.

со ЖОЛТА е одбележана ослободена територија, во која припаѓа голем дел од денешна Република Македонија, ама не ја гледам годината (дали ова е ослободена територија до 336 г.п.н.е?)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Ај некој да ми објасни како биле маркирани античките граници? Имало гранична служба, бодликава жица, грмушки со маслинки кои вака прецизно ја отрцтувале дадената територија?

Каде точно се запишани линиите кои треба да одговараат на овие фотошоп презентации кои ги правите?

Не си прајте бајрам со умот и не прифаќајте денешни претстави за античките граници кои во најголем дел се правени со пропагандни цели за да пласираат одредени модерни територијални претензии врз основа на некакви “историски“ граници.

Ја сум видел десетици различни антички мапи на регионов и ниту еден идентичен пар не најдов, затоа поштедете ме од такви урнеци за википедија историја.
 
Член од
25 февруари 2010
Мислења
1.158
Поени од реакции
879
..Големите градови како Олинт и Потидеја стануваат пепел и прав,разорени од македонската војска,најверојатно за да Филип им влее страв на хеленските колонисти да не основаат повторно градови на македонско тло...
ме интересира, оваа реченица, преведена е од некаде и од каде, или е плод на некој наш модерен историчар?зашто, ако е преведена од некаде и е стара-изворно каква што е, има големо значение за денешна Македонија..
Брат
не сум бил, и лично не сум видел но сум слушал за некои камења поставени подолу од катерини на кои пишувало мк, истото тоа го слушнав пред некој ден на некоја од телевизииве, не се сеќаван на која, се јави некој наш од Австралија кој истото тоа го потврди и кажуваше за тие камења поставени и обележани како граница помеѓу Македонија и грција..
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Да бе брат и ја слушнав и сега еве и во статус на фб ќе стаам за појќе луѓе да “слушнат“ и после на Велигден кокошката ќе снесе јајце со иницијали “мк“.

Ај престанете со детски муабети и не се самозалажувајте.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Картава не е баш прецизна, ама добра е за објаснување
Мапата воопшто не е прецизна,ама досега не сум нашол прецизна карта за Македонија во времето на Филип,претежно се грчки "шкртаници" и нивната желба Македонија да ја претстават како мало грчко кралство на север(нешто како Спарта)
--- надополнето: Jun 20, 2011 12:33 AM ---
Како и да е,Филип по освојувањето на Кренида,навлегува длабово во тракиска територија,и ја шири границата до Византион,освојувајќи ги градовите Маронеја и Абдера во 355 год, пне.
Во 354 год.пне го опсаднува градот Метон,кој бил под атинска контрола и го освојува,каде што при јуришот за завземање на градот го рануваат Филип и го губи едното око.
Откако го освојува Метон,година подоцна Тесалијците бараат помош за македонска интервенција против племето Фокијци,кои ја напаѓале Тесалија(вмешување на Македонците во ткн света војна).
Клучната битка се одвила кај Крокус,по што Филип ги разбива Фокијците и го убива Ономарх(водачот на Фокида) потпомогнати со Атински војници.
По ова битка Филип само ја потврдил Македонската доминација во Тесалија и отворило пат за завземање на цела Хелада.
Демостен по настанатата ситуација почнува да говори за опасноста од север и го создава првиот дел од познатите негови говори наречени Филипики.

Во 352 година Филип се враќа во Тракија,го поразува одрискиот крал Амадок,и го претворува во зависен владетел.
Исто така Филип го освојува Хелеспонт односно градот Сест(Галиполскиот полуостров) кој бил канал за атинската трговија за жито од Крим.Со ова Филип им нанесува голема штета на Атинската трговија....

продолжува...
--- надополнето: Jun 20, 2011 12:57 AM ---
 

Kajgana Shop

На врв Bottom