Би сакал ако некој знае, слика по слика, територија по територија да прикаже како одело обединувањето од страна на Филип, кој умови го опкружувале во тој момент и со колкав број на војска располагал на почетокот од неговото владеење.
Филип кога дошол на власт имал полоша политичка позиција од денешнава Македонија...имено откако умира Аминта Трети(таткото на Филип),Филип се враќа од заложништво од Теба каде што придобил воено-тактичко образование од Епаминонда(архонт на Теба).
Кога се вратил во Македонија,тој првин не ја наследил титулата крал или василеј,туку неговиот најстар брат Александар Втори,кој владеел кратко и бил убиен од атентатор.
По смртта на Александар,на тронот седнува неговиот постар брат Пердика,кој пак исто така кратко време владеел бидејќи загинал во битка против Дарданите кои навлегувале во Пелагонија.
Кога седнал на тронот за Македонија веќе се говорело дека ке исчезне,бидејќи Дарданите напаѓале од север,Атињаните спремале интервенција со локална помош од Аргеј,додека Одризите(тракиско племе) исто така спремале интервенција со локална помош од Павзаниј кој исто така претендирал на тронот.
Филип првин извршил реконструкција на армијата,со што вовел нова тактика и нова дисциплина.Исто така покажал и дипломатски способности,со што потпишал мировен договор со Дарданците со што им дал за кратко територии северно од Хераклеа,а Одризите успеал да ги убеди да не интервенираат.
Првин се пресметал со Аргеј и со неговата атинска помош крај градот Метон со околу 4000 војници и успешно ги разбива.По победата Филип се вратил на дипломатијата со што заробените атињани од битката ги пратил во Атина каде што потпишува мир со Атина.
Според Диодот,пред битката македонската војската била толку деморализирана што Филип и неговите генерали со сета сила викале со цел да им го зголеми моралот на војниците.
Откако ги средил внатрешните проблеми,среќата повторно му се насмевнала,бидејќи умрел водачот на Пајонците Агис,па му се укажала шанса да ја врати македонска контрола таму.
Успешно ги поразува Пајонците и веднаш по поразот на Пајонија и воспоставување на македонска власт замарширал кон македонските територии што неодамна ги освоиле Дарданците.
Кога Бардилис разбрал за нападот на Филип,му понудил мир кој Филип веднаш го одбил.
Со околу 10 000 пешадија и околу 600 коњаница крај Хераклеа,Македонците успешно извојувале победа врз Дарданците,со што биле отстранети од Македонија.
По ова битка Филип остварува владение до Лихнидос(Охрид) и до Пелион(Горица).
Исто така Епиротите по битката кај Хераклеа покажале интерес за сојуз со Филип бидејќи како Македонците и тие биле големи противници на Дарданците,сојузот бил прифатен од Филип.
Откако ја утврдил Западната граница и го поставил Парменион да ја чува од евентуални напади на Илирските племиња,Филип овојпат маршира на југ,во Тесалија во 358 година пред наша ера.
Во Тесалија тогаш владееле тирани,со тебанска помош,по што Филип успешно ги поразува и ја добива титулата Тагус(водач на Тесалиска лига).
Откако поставил македонска хегемонија во Тесалија,освојувањата ги насочил кон Атинските колонии кои биле распространети по македонскиот брег.
продолжува....