Добро што прво ти ги извадиле забите па потоа ќе ти ја ставаат фиксната, прво треба да се ослободи простор за да можат забите убаво да се наместат. Многу ортодонти прават грешка со тоа што не го советуваат пациентиот да ги извади 4ките или 8ците, па по вадењето на протезата, од притисокот забите пак си се враќаат во нивната првобитна положба.
Jaс имам фиксни на двете вилици, ги ставив пред 4-5 месеца.
Не е страшна работа, ги местат околу саат време и потоа чекаат лепакот да се исуши едно 30 минути. Потоа ќе ти стави сајла(желевце), гумички и тераш
.
Ќе те болат забите едно 3-4 дена откако ќе ти ја стават фиксната и после секоја контрола(што вклучува менување на сајлата, нејзино затегнување и менување на гумичките), макар што мене ме болеа забите само првите две контроли.
За јадење првите 10 дена ќе ти биде малку чудно, ама потоа нема ни да ја чувствуваш, се` ќе ти биде како порано. Само избегнувај да јадеш кикирики, леблебии, фстаци такви работи, затоа што се заглавуват меѓу брикетите и ќе треба пола саат да ги миеш забите, а мастики ако сакаш да џвакаш, ќе треба повнимателно да го правиш тоа затоа што се лепат
.
Мој совет ти е од аптека да си купиш интрадентална четка, слична е како четка за чистење шишиња и со неа ќе си поминуваш измеѓу секој заб, затоа што ќе треба хигиената да ја држиш на високо ниво
. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
И да, како што кажа Вес погоре, на моменти ќе те фаќаат кризи за да ги откорнеш, ама помисли на тоа дека ќе имаш холивуд смајл кога ќе ги извадиш и нервозата ќе ти помине.