Што подразбираш под женска кауза? Да, знам да ставам акцент онаму каде што мислам дека треба и гледам неправда, макар и да било нешто од областа на феминизмот.
Зошто не е фер? Ти можеш да дадеш претпоставка за мојот сексуален живот, а јас не за твојот? Океј.
По 3 пат, каде жената во Македонија е дискриминирана!? Разработуваме концепт кој веќе постои (уставната рамноправност), и сите закони и акти се (и мораат да бидат) на страната на тој концепт. И сега кога ќе се излезе со некаков став дека жената во политиката е загрозена, испаѓа смешно. Тука мора да видиме колку жената е активна во политичкиот живот, процентуално да го изразиме тоа (а не е 50-50) и дури тогаш да се оди со таа пропаганда дека постои некаква дискриминација (што во основа и не е). По политиката мора да се гледаат личните квалитети на поединецот. Личен квалитет не ти е аргументот “жена“. Рада можеше да стане првата премиерка, но немасто тоа, таа го направи најголемиот пораз дотогаш виден за партијата на тие парламентарни избори. Што значи дека тука можеме да зборуваме за лична и внатрешартиска борба, а не за движење кое ќе пропагира права на жената, а притоа таа да ужива се’ што е во доменот на правото.
Него, другиот момент тука е битен. Зборуваме за тоа дека мажите и жените се еднакво паменти. Да речеме дека е така, иако и тука не можеме да зборуваме генерално, можеме само поединечно. Проблемот настанува во местата каде нема соодветни услови за живот на тоа многудетно семејство и буквално жената се продава/дава како стока при тој договорен брак. Тука мора да се реагира, но и тука не можеме да зборуваме за некаква дискриминација, затоа што правото го покрива и овој дел, и бракот нема да биде полноважен без нејзината согласност.
Значи, жената ги има апсолутно сите услови, на професионален план, да се развива како и мажот. Статистички видовме дека дури и повеќе жени има во јавната адинистрација, а пак од друга страна речиси и да ги нема кога треба да се работи некоја тешка физичка работа. Феминизмот бара жената да има посебен третман и доминанта улога во општеството, затоа што никогаш не зборува за тоа каде мажот е скратен за нешто, или како уставната практика налага нешто што оди во полза на жената. Или попросто. Модерниот феминизам исто се однесува како и албанците кај нас. Не е битно дали е паметен или глуп, само затоа што е албанец, мора да си ја исполни целта, а во спротивно тоа е дисриминација. И на крајот на денот, во оваа држава ќе испадне лошо да си бел стрејт македонски маж затоа што тој низ текот на времето опивал преголема моќ, па ајде сега да го уништиме. Мислам дека паранојата наречена “модерен феминизам“ (на кое поле се согласуваме) го уништува или пробува да го уништи целиот општествен, правен и политички систем преку наметнати квази-права кои се однесуваат за се’ освен за правото. Какви права уште сакаат?
..................
За “сексуалните обвинувања“. Тоа очигледно е некој нов тренд, почна со Клинтон, Трамп, Сигал, Траволта, Сталоне, Луис, Спејси, Рој Мур, Харви Вајнстин........има случај од 1977! Што чекала 40 години!? Веројатно дел се вистинити, но тоа не значи дека поради ваков настан треба на некого да му се уништи кариерата. Прво треба да се донесе пресудата, па потоа да дојдат пресудните судови од гледачите и медиумите. Ние брзаме со заклучоците иако ги знаеме само површните факти, кои можеби се точни, а можеби и не. И не треба одма да и се верува на жената која ќе рече дека е силувана. На времето и Тајсон лежеше поради лажно обвинение за силување, што после некако и се докажа. Таа мисица била силувана 2 пати во рок од неколку месеци! Тоа е смешно.
Што ако таа се согласила, па утредента зажалила и го пријавила!?......Презумпцијата на невиност мора да се почитува. Сега тоа што Лажните вести се однесуваат како класични магазини кои се занимаваат со озборување, кои реално немаат ништо заедничко со новинарството, тоа зборува само за ниското ниво на тие доста популарни Лажни вести.