Феминизам!

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.350
По 3 пат, каде жената во Македонија е дискриминирана!? Разработуваме концепт кој веќе постои (уставната рамноправност), и сите закони и акти се (и мораат да бидат) на страната на тој концепт. И сега кога ќе се излезе со некаков став дека жената во политиката е загрозена, испаѓа смешно. Тука мора да видиме колку жената е активна во политичкиот живот, процентуално да го изразиме тоа (а не е 50-50) и дури тогаш да се оди со таа пропаганда дека постои некаква дискриминација (што во основа и не е). По политиката мора да се гледаат личните квалитети на поединецот. Личен квалитет не ти е аргументот “жена“. Рада можеше да стане првата премиерка, но немасто тоа, таа го направи најголемиот пораз дотогаш виден за партијата на тие парламентарни избори. Што значи дека тука можеме да зборуваме за лична и внатрешартиска борба, а не за движење кое ќе пропагира права на жената, а притоа таа да ужива се’ што е во доменот на правото. :)

Него, другиот момент тука е битен. Зборуваме за тоа дека мажите и жените се еднакво паменти. Да речеме дека е така, иако и тука не можеме да зборуваме генерално, можеме само поединечно. Проблемот настанува во местата каде нема соодветни услови за живот на тоа многудетно семејство и буквално жената се продава/дава како стока при тој договорен брак. Тука мора да се реагира, но и тука не можеме да зборуваме за некаква дискриминација, затоа што правото го покрива и овој дел, и бракот нема да биде полноважен без нејзината согласност.

Значи, жената ги има апсолутно сите услови, на професионален план, да се развива како и мажот. Статистички видовме дека дури и повеќе жени има во јавната адинистрација, а пак од друга страна речиси и да ги нема кога треба да се работи некоја тешка физичка работа. Феминизмот бара жената да има посебен третман и доминанта улога во општеството, затоа што никогаш не зборува за тоа каде мажот е скратен за нешто, или како уставната практика налага нешто што оди во полза на жената. Или попросто. Модерниот феминизам исто се однесува како и албанците кај нас. Не е битно дали е паметен или глуп, само затоа што е албанец, мора да си ја исполни целта, а во спротивно тоа е дисриминација. И на крајот на денот, во оваа држава ќе испадне лошо да си бел стрејт македонски маж затоа што тој низ текот на времето опивал преголема моќ, па ајде сега да го уништиме. Мислам дека паранојата наречена “модерен феминизам“ (на кое поле се согласуваме) го уништува или пробува да го уништи целиот општествен, правен и политички систем преку наметнати квази-права кои се однесуваат за се’ освен за правото. Какви права уште сакаат? :)
..................
За “сексуалните обвинувања“. Тоа очигледно е некој нов тренд, почна со Клинтон, Трамп, Сигал, Траволта, Сталоне, Луис, Спејси, Рој Мур, Харви Вајнстин........има случај од 1977! Што чекала 40 години!? Веројатно дел се вистинити, но тоа не значи дека поради ваков настан треба на некого да му се уништи кариерата. Прво треба да се донесе пресудата, па потоа да дојдат пресудните судови од гледачите и медиумите. Ние брзаме со заклучоците иако ги знаеме само површните факти, кои можеби се точни, а можеби и не. И не треба одма да и се верува на жената која ќе рече дека е силувана. На времето и Тајсон лежеше поради лажно обвинение за силување, што после некако и се докажа. Таа мисица била силувана 2 пати во рок од неколку месеци! Тоа е смешно.
Што ако таа се согласила, па утредента зажалила и го пријавила!?......Презумпцијата на невиност мора да се почитува. Сега тоа што Лажните вести се однесуваат како класични магазини кои се занимаваат со озборување, кои реално немаат ништо заедничко со новинарството, тоа зборува само за ниското ниво на тие доста популарни Лажни вести. :)
Милион пати се имам изјаснето на темава за ова, за се' што спомна. Која е поентата што ме цитираш баш мене? Што конкретно од она што го имам повторено безброј пати на оваа тема не ти е јасно? Или не ме читаш, или ти е интетесно да верглаш и да се вртиш во круг со цел да ме разубедиш.

Знам дека сама на себе си стсќанав досадна да зборувам за истите работи, дајте некој друг муабет во врска со темава.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.799
Кој ги ебе бе.
Нека го јадат стапот сеа тие што си мислеле дека хиерархијата на работа им дозволува да се курчат на тие испод, преку сексуални малтретирања.
Уопште не ми е жал за некој ко Вајнстајн. Кој смета дека го малтретираат човекот - има проблеми со личниот морален и етички компас.

Е сега, факт е дека медаљата има и друга страна и дека покрај сувото и суровото ќе гори, али ако бе, нека излезе све на површина. Кој бил чист нема што да се плаши.

Глупи сте ко ноќ ако мислите дека кај нас не се дешава тоа по фирми и слично.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Милион пати се имам изјаснето на темава за ова, за се' што спомна. Која е поентата што ме цитираш баш мене? Што конкретно од она што го имам повторено безброј пати на оваа тема не ти е јасно? Или не ме читаш, или ти е интетесно да верглаш и да се вртиш во круг со цел да ме разубедиш.

Знам дека сама на себе си стсќанав досадна да зборувам за истите работи, дајте некој друг муабет во врска со темава.
Под дискусија се подразбира размена на мислења. Не значи дека ако милион пати си се изјаснила за нешто, тоа по автоматизам те прави права. И зошто те цитирам тебе? Затоа што само со тебе можам да имам некаква аргументирана дискусија од оние кои се декларираат како феминистки (било радикално, било посталожено и поинтелектуално) или завземаат став кој е заштитнички настроен кон феминизмот. Зар мислиш дека Nekojx знаеш да одговори на просто прашање? Не. Неговите залагања е губитнички, иако гледам дека од внатре македонска политичка гледна точка, има интересни ставови. Или оние неколку други кои чат-пат ќе шкртнат нешто смешно и после на цели страници ќе им се смеат на глупоста.

Или ајде критички да зборуваме за модерниот феминизам кој има симпатии кон Исламот! Малку е контроверзно тоа со самото тоа што бурката е белег на ропството на жената, а не слобода на избор. Па сега гладам дека и Linda Sarsour била прогласена за жена на годината од одреден магазин! Отворена антисемитистка која нема победено во ниту една дебата. Тоа самото по себе си кажува колку и се силни аргументите и ставовите. Се промовираше како страшен “критичар“ на Трамп и ги предводеше жените во т.н. Марш на жените на почетокот на оваа година. А пред тоа беше вклучена и во движењето BLM, кое не се бори за никакви права (нешто слично како модерниот феминизам). И дали такви жени сакате да ве претставуваат!? Јас не зборувам за природната убавина, како членовите погоре, туку за интелектуалната која тука е запоставена. Ако веруваш во слепа вистина, и таа ти е изворот на сите твои ставови (како на пример религиската основа и затвореноста во тој свет на догми), ти не можеш интелектуално да се развиеш. Затоа Линда, ниту е нешто посебно паметна, ниту е интересна, ниту е забавна, а мора да се забележи дека не е ни нешто посебно убава. Нема ниту еден човечки квалитет, ама тоа што е жена, а воедно е и муслиманка во САД многу значи.....очигледно. :)

Дали мислиш дека сите овие “сексуални обвинувања“ се дел од некаков тренд? Мене ми е чудно вака наеднаш 10-тина познати личности да се најдат на таргет и за случаи стари и по 30, па има и еден од 40 год.! :)
 
D

Daedalus

Гостин
Све е полесно кога луѓе симплифицираат работи. „Сите десничари се глупи, сите левичари се ретардирани, „вие сте ВМРО“, „вие сте комуњари“. Не све што е „лево“ е исто, исто ко што не све што е „десно“, е исто. Меѓу марксисти, анархисти, либерали до неолиберали, има километри разлика. Многу марксисти серат за „родови студии“ пошто акцентот се става на „родот“, а не на работничката класа, неолиберали серат за марксисти и анархисти, овој не се слага со тој од таа фракција по ова прашање и така натаму, само у рамките на самите анархисти, има мал милион поделби. Има милион форми на десничари...
Знам левичари што се глупи ко лонче и неписмени. Знам десничари што може ко што би рекол еден стар ебач на форумов, салата да ги направат повеќето кога станува збор за знаења и интелект. Знам едуцирани и интелигентни христијани, знам глупи атеисти. Знам фаци што се декларираат како „феминисти“ и се умерени и врска немаат со сега актуелната „блек феминист трансџендер“ секта, што е све побројна на Западот, знам ретардирани „феминисти“ што не виделе кур, се исфрустрирани и/или се „сники факерс“ мажиња што сакаат да ебнат нешто и бдеат у пријателската зона.
Преку куров од „вие“ и „ние“.

Ја лично, централно-левичарските и централно-десничарските политички, економски и социјални ориентации, повише сум ги поштуел од екстремните левичарски и десничарски ориентации, кои често се прифаќани од луѓе кои имаат природна тенденција да забегуваат кон сериозни психопатологии, а овие верувања се у склад со нивните психички проблеми, па идат со некој морален фундаментализам и најчесто се ментално осакатени од индоктринацијата у склад со инхерентната психичка композиција.

@Agda Beata можда сто пути кажа дека ги дели вашите мислења за многу од работите. Дека не оправдуе дискриминација на машки, дека сере такви нацифем идиоти (ќе и' простам за претходниот ник пошто ја сакам <3) и така натаму.[DOUBLEPOST=1511208464][/DOUBLEPOST]
Ако веруваш во слепа вистина, и таа ти е изворот на сите твои ставови (како на пример религиската основа и затвореноста во тој свет на догми), ти не можеш интелектуално да се развиеш.
Еве си и ти со симплификациите. Има милион религиозни „основи“ ко што ги викаш, форми на верувања и луѓе кои се на самиов форум, ги имаат, а се сто пути интелектуално и академски покадарни од мене и тебе.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Еве си и ти со симплификациите. Има милион религиозни „основи“ ко што ги викаш, форми на верувања и луѓе кои се на самиов форум, ги имаат, а се сто пути интелектуално и академски покадарни од мене и тебе.
Коментарот се однесуваше на религискиот радикализам. Читај “ затвореноста во тој свет на догми“. Ако догматскиот живот, од кој извира начинот на живот, ти е почетна и крајна точка на оформување на мислењето, па не би рекол дека се нешто посебно паметни. Тоа е свет на граници. А друго е да веруваш во тој Бог или тоа божество (па има и религии без бог или богови). Таа слобода не те прави глуп.
Значи зборував за ограниченоста на радикализмот, а не за вероисповеста и верувањето општо. :)
 
Добро, тоа е друго.
Али дали си „глуп“ нема секогаш врска со тоа дали веруваш у некои радикални религиозни догми иако некогаш корелираат тие две. Тоа може да има и врска со воспитувањето, темпераментот и склоноста на личноста кон радикализам. Некогаш се поврзува со „месија комплекс“, некои форми на „шизофренија“, нарцисоидност, страв од казни, тешка индоктринација и ред други работи. Луѓето се премногу комплексни за така да ги ставаш у категории. Различни личности поради различни причини, веруваат и практикуваат различни глупости, а може да се „паметни“ за различни други работи.
Од човек до човек.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Добро, тоа е друго.
Али дали си „глуп“ нема врска со тоа дали веруваш у некои радикални религиозни догми. Тоа повише има врска со воспитувањето, темпераментот и склоноста на личноста кон радикализам. Поише сесема поврзува со „месија комплекс“, некои форми на „шизофренија“, нарцисоидност, страв од казни, тешка индоктринација и ред други работи. Луѓето се премногу комплексни за така да ги ставаш у категории. Различни личности поради различни причини, веруваат и практикуваат различни глупости, а може да се „паметни“ за различни други работи. Од човек до човек.
Јас цел пасус и го посветив на Линда и сето тоа, повеќе или помалку се однесување на неа и на личностите околу неа. Прангите на затуцаноста во тие догми можеш да ги приметиш и на форумов на прашање “Колку е стара земјата?“, ако добиеш одговор “8.000 год.“, гледаш дека си имаш работа со фанатик, а спротивното е одамна докажано.
И реков “затуцан“, а не “глуп“. И од таа почетна точка, со затуцаноста, не можеш интелектуално да се развиеш. Интелектуализмот е многу повеќе од тоа да си паметен. Треба да знаеш да расудуваш, размислуваш и критикуваш. А и треба да си начитан. Секој е паметен на свој начин и добар за нешто, но не е секој интелектуалец.

И немаше да постои категоризацијата (на луѓе), ако размислувавме како тебе. Ако речам дека фанатикот е заробен во својот свет, и како што кажа, од тој систем на казни е премногу уплашен, не го прави способен да размислува отворено и да согледува и осознанува мислења, размислувања и ставови кои им пркосат на неговите. Ако светот за него престанал да се врти пред 2.700, 2.000 или 1.500 год., и пред се’ бара вистина во тие текстови и верува слепо во истите, не можеме со него критички да зборуваме за нешта за кои нема познавања или не сака да има познавања. Патем, и најголемите умови верувале во Бог, но и првиот што имал идеја дека може човекот да лета бил токму еден монах и истиот обид бил неупешен. :)
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.732
Поени од реакции
24.350
Под дискусија се подразбира размена на мислења. Не значи дека ако милион пати си се изјаснила за нешто, тоа по автоматизам те прави права. И зошто те цитирам тебе? Затоа што само со тебе можам да имам некаква аргументирана дискусија од оние кои се декларираат како феминистки (било радикално, било посталожено и поинтелектуално) или завземаат став кој е заштитнички настроен кон феминизмот. Зар мислиш дека Nekojx знаеш да одговори на просто прашање? Не. Неговите залагања е губитнички, иако гледам дека од внатре македонска политичка гледна точка, има интересни ставови. Или оние неколку други кои чат-пат ќе шкртнат нешто смешно и после на цели страници ќе им се смеат на глупоста.

Или ајде критички да зборуваме за модерниот феминизам кој има симпатии кон Исламот! Малку е контроверзно тоа со самото тоа што бурката е белег на ропството на жената, а не слобода на избор. Па сега гладам дека и Linda Sarsour била прогласена за жена на годината од одреден магазин! Отворена антисемитистка која нема победено во ниту една дебата. Тоа самото по себе си кажува колку и се силни аргументите и ставовите. Се промовираше како страшен “критичар“ на Трамп и ги предводеше жените во т.н. Марш на жените на почетокот на оваа година. А пред тоа беше вклучена и во движењето BLM, кое не се бори за никакви права (нешто слично како модерниот феминизам). И дали такви жени сакате да ве претставуваат!? Јас не зборувам за природната убавина, како членовите погоре, туку за интелектуалната која тука е запоставена. Ако веруваш во слепа вистина, и таа ти е изворот на сите твои ставови (како на пример религиската основа и затвореноста во тој свет на догми), ти не можеш интелектуално да се развиеш. Затоа Линда, ниту е нешто посебно паметна, ниту е интересна, ниту е забавна, а мора да се забележи дека не е ни нешто посебно убава. Нема ниту еден човечки квалитет, ама тоа што е жена, а воедно е и муслиманка во САД многу значи.....очигледно. :)

Дали мислиш дека сите овие “сексуални обвинувања“ се дел од некаков тренд? Мене ми е чудно вака наеднаш 10-тина познати личности да се најдат на таргет и за случаи стари и по 30, па има и еден од 40 год.! :)
Не реков дека сум во право туку дека веќе го имам споделено моето мислење милион пати. :)

Ајде пак, накратко... Феминистките сакаат да ги вметнат жените во политиката, да добијат право на глас и уште ред други работи кои се во полза на државата, нешто на кое јас се противам. Затоа и не се сметам себеси за феминистка.

Да, „модерниот феминизам“, ако воопшто може да се нарече феминизам, има симпатии кон Исламот. Не директно, индиректно, криејќи се позади маската на еднаквост, али овој проблем не го имаат само феминистките, туку и многу левичари. За левичарите можам да разберам зошто, ама никако не можам да ги разберам феминистките. Од каде таа потреба да се бранат религиозни фанатици кои со векови уназад ги опресираат жените и ги третираат како машини за раѓање... Оваквиот синдром на повеќекратна личност го препишувам на парите, или се платени да шират некаква пропаганда, или не се начисто со своите ставови, а можеби и се плашат да се двојат од толпата, не знам, секој за себе.

И покрај моите ставови, никогаш не сум сметала дека овакви личности ме претставуваат мене. Јас не се плашам да го кажам своето мислење, макар и да не бидам прифатена од ниедна група, како што не сум во последно време...

Сексуалните обвинувања(под претпоставка дека се лажни) се дел од модерниот феминизам, односно наци-феминизам, кој во последно време зема сѐ поголем замав и служи за да направи раздор меѓу луѓето. Имаме поделба на нации, раси, идеологии, религии, а сега и полови. На крај сите излегуваме useful idiots.

Да, верувам во ова што го пишав, но и покрај овој факт не мислам дека треба да престанам да реагирам таму каде што ќе видам неправда, инаку нема да можам мирно да спијам. :)

@Daedalus, што ти смета кај мојот бивш никнејм?

И не кењајте за фанатизам, јас се сметам за фанатичар. :D
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
И немаше да постои категоризацијата (на луѓе), ако размислувавме како тебе. Ако речам дека фанатикот е заробен во својот свет, и како што кажа, од тој систем на казни е премногу уплашен, не го прави способен да размислува отворено и да согледува и осознанува мислења, размислувања и ставови кои им пркосат на неговите. Ако светот за него престанал да се врти пред 2.700, 2.000 или 1.500 год., и пред се’ бара вистина во тие текстови и верува слепо во истите
Под фанатизам јас подразбирам пристап кон некоја работа, истрајност и жртвување со цел таа работа да се турне напред.
На пример, Никола Тесла бил фанатик. Ти збориш за затуцаност, а не фанатицизам.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Што подразбираш под женска кауза? Да, знам да ставам акцент онаму каде што мислам дека треба и гледам неправда, макар и да било нешто од областа на феминизмот.

Зошто не е фер? Ти можеш да дадеш претпоставка за мојот сексуален живот, а јас не за твојот? Океј.
За првото аферим, ценам човек што ќе стави влог во борба за праведност!
Види и јас се обидувам да бидам заштитник на машката кауза ама по се изгледа тоа не е во тренд.
Второто беше шала , од пред 30 години;). Еден мој колега имаше теорија за сексуалната нерамноправност меѓу мажите и жените:
Вика, ако јас теоретски и побарам на 100 жени, ќе ми дадат 3-4. Ако пак жена им побара секс на 100 мажи ќе се направи редица од 120-130 души.
Е сега, муабетот е на фон на 80 сетите, сега мислам и не држи, ама тоа прво ми текна, кога се пофали, дека твојот сексуален живот е најверојатно побогат од мојот.
 
Каква бре машка и женска кауза, човече, што зборуваш?
 
D

Daedalus

Гостин
Јас цел пасус и го посветив на Линда и сето тоа, повеќе или помалку се однесување на неа и на личностите околу неа. Прангите на затуцаноста во тие догми можеш да ги приметиш и на форумов на прашање “Колку е стара земјата?“, ако добиеш одговор “8.000 год.“, гледаш дека си имаш работа со фанатик, а спротивното е одамна докажано.
Ајде, еве ти прашање што лесно ќе го одговориш пошто ти не си лимитиран од никакви „недокажливи“ верувања.
1. Како е докажано дека е Земјата стара 8к години?
2. Замисли дека еден омнипотентен Бог, пред 8 000 години, ја создал Земјата во форма која изгледа како да е стара 4.5 милијарди години, ако се користи течењето на времето и однесувањето на материјата како што течат и се однесуваат во задњите 8 000 години.
Што мислиш, како ќе докажеш научно дека тоа не се случило? Разбираш како функционира научниот метод или и ти си ко оние што гледаат клипчиња од Докинс и компанија и не разбираат како работите научно „се докажуваат“ и што воопшто значи терминот „доказ“?
Еве, потпрочитај малце, па напраи боље одговор, без никакви догми и преконцепции.
И реков “затуцан“, а не “глуп“. И од таа почетна точка, со затуцаноста, не можеш интелектуално да се развиеш. Интелектуализмот е многу повеќе од тоа да си паметен. Треба да знаеш да расудуваш, размислуваш и критикуваш. А и треба да си начитан. Секој е паметен на свој начин и добар за нешто, но не е секој интелектуалец.
Еве, со размислување, расудување и критикување, одговори на ова погоре како прав интелектуалец.
И немаше да постои категоризацијата (на луѓе), ако размислувавме како тебе.
„Категоризирање“ е ставање на луѓе во заедничко множество врз основа на определена карактеристика/карактеристики која/и ја/ги делат. Тоа категоризирање, не повлекува други карактеристики кои нужно не следат од таа карактеристика/тие карактеристики според која/кои се категоризирани.

а)„Нож“, нужно подразбира предмет кој има функција да сече и има физички карактеристики погодни за сечење. Значи, ако нешто е у категоријата на ножеви, треба да има функција да сече и физички карактеристики погодни за сечење.

б) Христијанин, го прифаќа Исус како Господ спасител и верува во некои начела во Библијата, но тоа нужно не повлекува и бивање неук или интелектуално непоткован.

Што значи дека ако некој е „христијанин“, non sequitur е да го категоризираш и во групата на „интелектуално непотковани луѓе“ поради некоја неточна предрасуда.
Тоа и ми беше муабетот погоре кога зборував за „категоризирање“.
Јас реков дека не можеш „така“ да категоризираш луѓе (б), а не дека не можеш да категоризираш луѓе (а).
Ако речам дека фанатикот е заробен во својот свет, и како што кажа, од тој систем на казни е премногу уплашен, не го прави способен да размислува отворено и да согледува и осознанува мислења, размислувања и ставови кои им пркосат на неговите.
Дали мислиш дека онтолошкиот натурализам и премисата дека логиката доведува до вистината, нешта на кои ги темелиш твоите верувања можеш некако да ги докажеш? Ако не, како си ти подобар од тие горе за кои зборуваш?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ајде, еве ти прашање што лесно ќе го одговориш пошто ти не си лимитиран од никакви „недокажливи“ верувања.
1. Како е докажано дека е Земјата стара 8к години?
2. Замисли дека еден омнипотентен Бог, пред 8 000 години, ја создал Земјата во форма која изгледа како да е стара 4.5 милијарди години, ако се користи течењето на времето и однесувањето на материјата како што течат и се однесуваат во задњите 8 000 години.
Што мислиш, како ќе докажеш научно дека тоа не се случило? Разбираш како функционира научниот метод или и ти си ко оние што гледаат клипчиња од Докинс и компанија и не разбираат како работите научно „се докажуваат“ и што воопшто значи терминот „доказ“?
Еве, потпрочитај малце, па напраи боље одговор, без никакви догми и преконцепции.

Еве, со размислување, расудување и критикување, одговори на ова погоре како прав интелектуалец.

„Категоризирање“ е ставање на луѓе во заедничко множество врз основа на определена карактеристика/карактеристики која/и ја/ги делат. Тоа категоризирање, не повлекува други карактеристики кои нужно не следат од таа карактеристика/тие карактеристики според која/кои се категоризирани.

а)„Нож“, нужно подразбира предмет кој има функција да сече и има физички карактеристики погодни за сечење. Значи, ако нешто е у категоријата на ножеви, треба да има функција да сече и физички карактеристики погодни за сечење.

б) Христијанин, го прифаќа Исус како Господ спасител и верува во некои начела во Библијата, но тоа нужно не повлекува и бивање неук или интелектуално непоткован.

Што значи дека ако некој е „христијанин“, non sequitur е да го категоризираш и во групата на „интелектуално непотковани луѓе“ поради некоја неточна предрасуда.
Тоа и ми беше муабетот погоре кога зборував за „категоризирање“.
Јас реков дека не можеш „така“ да категоризираш луѓе (б), а не дека не можеш да категоризираш луѓе (а).

Дали мислиш дека онтолошкиот натурализам и премисата дека логиката доведува до вистината, нешта на кои ги темелиш твоите верувања можеш некако да ги докажеш? Ако не, како си ти подобар од тие горе за кои зборуваш?
Стрипот може да биде добра работа, посебно ако е Марти Мистерија. Во една древна епизода (не можам баш да се сетам дали имаше врска со феминизмот) некој создава машина која прецизно одредува датум на настанување на кој било анализиран предмет. Со новосоздадените нема проблем, се е точно, но испаѓа дека постои временска рамка од релативно мал број години (можеби важен за човекот или за мувата), па така, се постаро, и рандом камен, и остатоци од диносаурус, некаков древен папирус, коски од кромањонец се креирани, на пример, на 13.10.1874 во 12.02 часот. Попладне. Не во ниедно време.

И 3D принтањето исто така беше тема во овој серијал во време кога 99,99% од народот немаше поим за него, па беше целосно sf искуство.

Како и да е, јас уште мака мачам со извесен чајник, кој наводно кружи некаде наоколу, а никако не можам да го лоцирам.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom