Мене ми се далеку поубави и позгодни за носење од тие со низок струк. А мислам дека високи струкови од било какви здолништа повеќе одговараат на повисоки девојки, без оглед дали се послаби или подебелки. Послабите може да си носат потесни, а покрупните поширочки и тоа е преубаво за очи.
Лично не ме интересира што е модерно, туку си гледам што мене ми стои добро и во што не изгледам смешна само за да сум модерна. Немам многу вакви парчиња, затоа што не сум ни начекала нешто убаво за да го купам, но последно си земав сукња, со висок струк и прерамки. Аууу, па нема ништо поубаво од тоа.
Ваква е отприлика, само подолга, до колена така...