Ајде малце да внесам оптимизам на фан клубот......
ДАРКО СОКОЛОВ ЈА ПРЕЖАЛИ ЗАГУБАТА НА КУПОТ
Има време за реванш!
"Заборавивме на тоа и не сакам да се навраќам на случувањата во Кавадарци. Знам дека сме подобра екипа од Фени Индустри. Тоа ќе го покажеме во продолжението од сезоната, со освојување на втората по ред шампионска титула. Нема да н$ сопрат ниту судиите" - смета бекот на Струмица.
Можеби им е така судено на некои играчи. Колку и да се трудат, на крајот остануваат без посакуваниот, во овој случај, трофеј.
Дарко Соколов уште еднаш, овој пат со Струмица, не ја реализираше големата желба, да го освои Купот на Македонија. Ги делеа струмичани секунди до триумфот, на крајот еден шут промени с$.
"Заборавивме на тоа, а и не сакам да се навраќам на случувањата во Кавадарци. Знам дека сме подобра екипа од Фени Индустри. Тоа ќе го покажеме во продолжението од сезоната, со освојување на втората по ред шампионска титула. Има време за реванш, а нема да н$ сопрат ниту судиите"- вели Соколов.
Струмичани полека се преорентираат на вториот колосек, првенството.
"С$ е отворено, без оглед на тоа што се пред нас со две победи повеќе. Ќе туркаме до крај, се надеваме на 100% успех. Дали тоа ќе биде доволно, не знам. Математиката вели дека ни е потребен еден нивен 'кикс', а потоа ќе одлучува последната средба во Кавадарци. А тогаш, се надевам дека ќе заврши поинаку отколку во Купот"- смета младиот бек на "зелено-белите".
Преземено од
www.sport.com.mk