Коентрао: Ми се оствари сонот да играм за Реал Мадрид

Фабио Коентрао во своето прво интервју како фудбалер на Реал Мадрид вели дека потписот за Кралскиот Клуб е остварување на неговиот сон.
Реал Мадрид денеска го комплетираше трансферот на Фабио Коентрао од Бенфика вреден 30 милиони евра.
Португалскиот фудбалер вели дека сонувал да игра за Реал Мадрид и вистинска чест му е што ќе работи со неговиот сонародник Жозе Мурињо за кој смета дека е најдобриот тренер во светот.
"Сон на секој фудбалер е да игра за Реал Мадрид и понекогаш како мал и јас го имав тој сон. Си замислував како играм за овој клуб. Тоа беше мојот сон кој сега стана јаве" - изјави Коентрао во своето прво интервју за официјалната страна на Реал Мадрид.
"Се надевам дека ќе продолжам со мојот прогрес и ќе им покажам на фановите што можам".
"Не можам да дочекам да започнам да работам со Жозе Мурињо бидејќи тој е најдобриот тренер во светот и вистинска чест е да се работи со него".
Коентрао и Марсело ќе се борат за левата бековска позиција во Реал Мадрид, португалскиот фудбалер смета дека тимот ќе има корист од ваквата ситуација.
"Ќе работам напорно за да играм во првиот тим, истото ќе го прави и Марсело".
"Ние ќе конкурираме за иста позиција секоја недела и корист од тоа ќе има тимот, што е најважна работа".
"Шпанската лига е многу конкурентна и има многу добри тимови. Јас ќе се обидам да ја освојам со Реал Мадрид".
се надевам дека добро ќе се вклопи, и ќе биде значаен дел од тимот
