Се на се , одлична тактичка поственост на играта на Реал во двата натпревари.
Првата , далеку подобри , ама апла несреќни ...
Втората , во најмала рака рамноправни.
Симнувам капа на г-от Мурињо. На една ваква Барса , таква противтежа да им креираш, не е лесно.
Штета што Роналдо, не успеа да се најде себеси (како многу пати што не успева во големите натпревари - слично како Меси за Аргентина кога игра
)). Бидејќи се виде дека вчера нападот беше диригиран за Роналдо и само Роналдо.
За жал беше ставен во шише од Алвес.
Како и да е интересна ќе биде оваа сезона. Барса веќе не тоа што беше. Од сега натаму се на патотот на стагнацијата, а од друга страна Реал се од обратната страна на "планината" - се стремат кон врвот.
И уште една работа која ја воочив уште од претходните дулеи на Реал и Барса. Реал игра доста јак физички фудбал против Барса. Ама за чудо , па до сега невидов никој од играчите на Барселона да легне болен , или бар една недела одмор принуден да треба да земе? Чудна работа , не?