Дечки, не знам за вас, али ја наредниве два натпревари во ЛШ ќе ги глеам онака искулирано. За мене е доволно ова до сега што го направивме, и два пати да не тепаат нема воопшто да бидам разочаран. Прва сезона на Мурињо, ја помина можеби најголемата бариера за нас - осминафинале во ЛШ, стигна дури и до полуфинале, го освои купот и тоа на најдобар можен начин за секој мадридист, во финале ја тепавме Барселона, пред нивните играчи фудбалерите на Реал го креваа трофејот, ретко се гледа ваква слика, фантазија.. Едноставно, јас сум презадоволен од досега сработеното оваа сезона, и понатаму што и да се направи е само плус за мене.
Ми се спие ми се плаче, не можам да го глеам прославувањето, ваљда ќе има утре на јутјуб. Лека ноќ на сите мадридисти, уживајте во ваквите моменти !
HALA MADRID !