Фан клуб: Рафаел Надал

Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ми текна за аватарите пак :D да ставиме слика со Рафа од Вимблдон во бело:)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Добро игра Надал на овој турнир, се гледа разликата на РГ, Квинс и сега(y)
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
2.193
Поени од реакции
1.083
Утре од 14:00 Рафа продолжува од кај застана... Треба да се докрајчи Милер ;)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Јако ќе биде со Дел Потро иако ќе го сркне 3-0:D
 
С

сашенко

Гостин
6-0 (y)...вилицата ми падна до земја кога го видов крајниот резултат.Едвај чекав да заврши вториот сет и излетав одма, имав работа по град нешто.Кога дојдов дома неможев да се изначудам и изнарадувам.Не ми се верува дека до толку го скршил во последниот сет.Ај нека е за арно и да гледаме уште поубедливи победи до крај...Vamos Rafa
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Милер сервираше многу јако затоа се држеше во првите два сета и во третиот нормално падна.Следен е Дел Потро со него ќе има мачење мислам дека и Надал ќе изгуби сет.
 
С

сашенко

Гостин
Дел Потро би требало исто во 3 сета да го помине а исто и Мареј.Тој секогаш игра добро на Вимболдон ама од Рафа си го јаде у три сета 2 пати до сега.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Ја украдов сликава да десктоп.се надевам не ти пречи..:)
слободно залепи ја :)))

btw ,на утрешниот дуел се надевам Рафа да победи со 3-0 во сетови, не ми се верува Дел Потро да има сили да стигне и до тај-брејк во сетовите, го гледав Мартин во Квинс со Истомин, колку само не знае да игра на трева , во дуелот со Рохус , на негатива од 6-7 ,заврна и утредента го утепа со 3-1 , дали 3-4 гема зеде белгиецот до крајот на мечот.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Дел Потро не ама веќе Бердих за мене е поопасен противник и од Мареј.Бердих тревата му е најдобра подлога а и на турниров игра многу добро.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Па и минатата година играше но доигра со Надал..:)

Мислам дека тоа се двајца пред се добри сервисери но ако Надал го врати сервсот поенот 90% е негов бар според мене.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Дали дечково се откажува уште пред почеток :)))
Дел Потро: „Ни перфекција не може да ми помогне против Надал“
27.06.2011

Денес, тенисерот број еден на АТП-листата и бранител на титулата од минатата година на „Вимблдон“, Рафаел Надал, ќе игра против Аргентинецот Хуан Мануел дел Потро.


Тоа би требало да биде првиот, најголем испит за Надал годинава, иако Дел Потро никогаш во кариерата не играл добро на трева. Дури и во 2009 година, кога ги имаше своите пет минути и стигна до четвртото место на ранг-листата и го освои Отвореното првенство на САД, тој испадна во второто коло на „Вимблдон“.
Ова осминафинале за него е најголем успех во кариерата на лондонската трева.
„Што да се каже пред натпревар со Надал? Треба да играм совршено за да дојдам до шанса да победам. Иако мислам дека ниту перфекција не би ми била доволна против Надал“, рече Аргентинецот.
Во кариерата овие двајца се сретнале осум пати. Шпанецот води со пет спрема три, како и една победа на трева, во Квинс 2007 година.
„Мојот пат кон врвот е тежок и долг. Знаев дека преку ноќ нема да дојдам таму каде што бев пред повредата. Но секој ден сум сè подобар и сè повеќе сум задоволен со тенисот што го играм“, заврши Дел Потро.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom