Фан клуб: Работнички

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Аман бе освен Јелесиевиќ и Јане нема светла точка во тимов, и од Куманово дојдовме да играме.Јбг се виде сезонава, се надевам ќе се преброди кризава и ќе почнеме јако в година.:)
 
Член од
2 февруари 2012
Мислења
186
Поени од реакции
104
Член од
29 ноември 2011
Мислења
123
Поени од реакции
81
Лично присуствував во салата и најавата им испадна одлично во саботата. Преостанува уште да се победи на гостувањето! :)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.134
Поени од реакции
46.145
КК Работнички го враќа стариот сјај. Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб се враќа на старите патеки. По очајно лошата сезона, токму легендите на нашата кошарка ќе се ангажираат да го вратат клубот онаму каде што припаѓа-на самиот врв, дознаваме од сигурни извори во клубот.

Марин Докузовски, Благоја Георгиевски-Буштур, Лазар Лечич, Митко Луковски се дел од спортски легенди кои ќе влезат во состав на органите на клубот, чија цел е да се направи комплетна трансформација на секое ниво, играчко, спонзорско, натпреварувачко, трофејско, и подигнување на квалитетот на високо скалило.
Еден од најдобрите кошаркари од поновата историја на клубот Дејан Јовановски ќе биде претседател на Управниот одбор на клубот од Градскиот парк.
Се најавува и комплетно финансиско закрепнување на клубот, и обезбедување на стабилно финансирање кое ќе овозможи предуслови за натпреварувачка конкурентност не само во домашното првенство туку и на меѓународна сцена.
-Нашата цел е повторно да бидеме на тронот на македонската кошарка. Но, не само тоа, планот е Работнички да биде дел од регионалните натпреварувања, да го врати стариот сјај како што доликува на клуб од главниот град на Македонија, односно да претставува респектиран клуб кој ќе конкурира и за висок пласман и во европските натпреварувања, вели нашиот извор.

На местото на досегашниот спонзор Кубус, доаѓаат нови. Неколку силни јавни претпријатија и познати приватни компании ќе се грижат за обезбедување на можности за подигнување на квалитетот на најреномираниот репрезент на македонската кошарка.
Дознаваме и дека идејата за ренесансата на Работнички, дошла од високи членови на владејачката партија, вљубеници во спортот кои и лично се ангажирале за реализација на новиот план.
-Точно е дека добивме подршка од некои политичари, и ние сме благодарни за тоа. Покрај нивниот ангажман кој е значаен, сакаме да потенцираме дека Работнички останува клуб на сите граѓани на Скопје и Македонија, независно од било каква припадност, и тоа беше и интенција и заложба токму и на луѓето од политиката кои се ангажираа да помогнат. Во спортот нема политика, наша цел се резултатите и достојно претствување на македонскиот спорт, додава изворот.
Планот опфаќа комплетно играчко засилување со звучни имиња од земјата, но и од странство. Посебно внимание ќе се насочи и кон функционирањето на препознатливата и квалитетна младинска школа и инвестицијата во нови играчи од подмладокот во клубот.
Се најавува враќање и на тренерскиот кадар во школата кој што во минатото беше препознатлив белег на клубот и кој што Работнички го претвори во расадник на млади таленти. Боби Петровски е едно од имињата кои тренерски ќе го засилат клубот и неговата школа, а можно е враќање на Драган Василевски-Цевка.
КК Работнички заслужи да му се помогне кога му е најтешко. Великаните на кошарката кои ќе го водат клубот се најдобра гаранција за успесите кои доаѓаат. Како редакција велиме: Со среќа Работнички, и израдувајте не со многу нови триумфи!

http://kurir.mk/sport/kosarka/62166-Makedonskite-legendi-se-vrakaat-vo-KK-Rabotnicki
 

Kajgana Shop

На врв Bottom