Поразот воопшто не ме изненади, најавив уште пред два месеци шо не чека со ова екипа шо ја имаме, на ваквите егзотични гостувања ќе си бидиме шлапани, допрва циркуси ќе глеаме, со ваква игра нема шо да се надеваме.
Бутел за наши услови воопшто не е наивна екипа, баш напротив тука се со нас, иако потрошија 3,4 пати помалку пари од нас, мангупите, Европа шо ќе сме оделе.

За нашите перформански денес, очекувано, толку е силата, иако ова не е вистинскиот потенцијал на екипата, не се до толку чотки, ама нема кој да ја постави играта, изгубени се...
Џабе се, и тренерки КЕМПА и дресој
АЛА БАШКИМИ
( од Германија директно шо биле порачани, од фабриката КЕМПА)

, и стегачи и модни додатоци и 57 ( педесет и седум ) спонзори, ко нема екипата хемија, ко не делува ко една целина, тотална распашана команда, посебно на најважните функции- селекција на играчи, нивно вклопување во еден добар, долгорочен систем кој би дал резултати.
Неам ништо против Томче лично, го поштовам чоеко, го ценам како еден од најјаките и пред се најинтелегентните играчи шо сум ги гледал во живо овие 25,26 години откако редовно го следам Пелистер ама не можи Томче со ваква филозофија на игра да е тренер на Пелистер.
Томче можи да е тренер во некоја екипа кај шо ќе биди растоварен од притисок, очекувања, па со таков стил на игра да си пробва некој тактики, брз центар, незалагање во одбрана...или пак во младинска екипа, за екипа каква шо треба да биди Пелистер тешко...
Со вакви изданија, пред се во одбрана, без идеја како да се врати екипата ко ќе оди на удолница работата, а удолници му е цело време работата не можи да си тренер ти на Пелистер.
Настрана одговорноста од напалканите 10 нови играчи, кој шо како ги носеше, не е важно сега кој шо како, тој шо ги дојсе секоја чест..
Не е само смени го Томче и клај некој ко Борче, исто е, нема да се смени нешто, треба да се реши прво тренерското прашање долгорочно, екипата се гради околу тренерот, не обратно...
И не само то, треба и долгорочно решавања на то кој можи да биди управа во Пелистер, не можи кој стигни да носи играчи, да дава изјави во име на Пелистер, да се прај мангуп пред луѓето, а до вчера оделе на утакмици на Еурофарм, сеа да ни глумат хард-кор навивачи, зошто?
Оти од партија така му рекле, да се прат мангупи пред народо,
Се знајме сите, кој сме и кај сме биле низ годините, и кој бил за Пелистер секогаш и секаде, а не само ко ќе оди работата..
Мангупи праење в партија, во штабо, по партски кафиЌи, не на трибина...