Фан клуб: РК Пелистер

Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.042
Поени од реакции
687
Aleksandar stanojevic nov igrac.. desenbek solidno cv ama star e nekako .. kako i da e klasicen desen bek iame toe najbitno
 
П

Пљампач

Гостин
Си ја повлекоја објавата за Станојевич и на инста и на фб... :D
Да не се премисли момакот во последен момент ? :noze:
Иначе ако го потпишаја, ќе биди добро засилување за плејоф. За наша лига е екстра играч... Е сеа во каква форма е и дали влечи некоја повреда, ќе кажи времето.
Во секој случај, играч од негов калибар одамна сме немале во Пелистер (ако се нема премислено во меѓувреме :giggle:)
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Овај Станојевииќ КИРКАТА го има донесено....:pos:
BTW, кај е бе КИРКАТА?
Се изгуби од форумот легендава....кој цар..:kruna:
КИРКА врати се брате...:cujte:
 
П

Пљампач

Гостин
Покрај голман, убо ќе биди да донесат уште еден лев бек, некој шутер како овај Станојевич, пошо само со Дрогата и Маџовски мав ни е планот. На останатите позиции сме ОК, освен ако не ни замини Попович како шо се пиши по медиумите. Него не смеат да го пуштат по никоја цена, пошо таков играч тешко дека ќе ископаме на лето. Среќа шо бил повреден лани, па немал клуб и го собраја некако.

Ако се донеси добар голман и уште еден лев бек, би требало да сме поквалитетни од есенскиот дел.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
131
Поени од реакции
266
Имат план голман да носат или така ќе си помниме, да не знај некој, дојава да има??
 
П

Пљампач

Гостин
Само да не ги лажи умот да го довлечкат онај Даниловски назад. То ќе биди многу, МНОГУ лош потег!
Нека го одврзат ќесето и нека пробат да го донесат Даскаловски или Митревски.
Ако неможат да најдат адекватна замена за Милош, поарно нека ја истерат сезоната со Плех па на лето нека барат некое подобро решение, одколку да довлечкат некој србин ни мој ни твој и џабе да се фрлат пари за сертификати и глупости а да биди на исто ниво со Плех.
Незнам како е трансфер периодот во мак ракометот, ама ако е уште отворен до крајот на регуларниот дел од сезоната, можи и попаметно е да се почека и да се види кои екипи ќе се пласираат во плејоф, па да се прибери некој играч од некоја од екипите шо ќе оди во плејаут.
Пример во плејоф ако се пласираме ние, да пробат да чапнат некој играч од Охрид или Пролет во зависност кој од тие екипи ќе замини во плејаут. Сигурно со некоја добра понуда, било кој домашен играч не би се двоумел многу ако треба да бира да дојди во Битола и да игра плејоф, или да остани да се влечка во плејаут ради чиста формалност. Полесно би се продал на лето ако има прилика да игра против Металург, Вардар итн. одколку да разигрува со Радовиш и Вардар џуниорс.
Има интересни играчи во првенството шо можи да завршат голема работа на пролет во битката за подобар пласман.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
До крај на февруари е преодниот рок, после то не можи да се земат играчи.
Играчи има(ше), ама трсба пари да се изват.
На пример ко комшите, си го зедоја Острушко, за наша лига бог и батина.
Ние шанкурињата исфрливме тешка пара на сертификати, плати, раскини на договори со играчи ко Зејак, Перовиќ, Иранецо.
Со тие пари комотно се зема играч ко Острушко, без проблем, шо во ваква боса лига ќе си гази, да се носиме со Металург, ама не, нашите курнази, квантитет пред квалитет.
 
Тие играчи беа избор на Томче,така изјавија од клубо, а истата информација можам да ја потврдам, добиена ми е од поверлив извор. Мислам дека Јошко би избрал подобро.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Само да не ги лажи умот да го довлечкат онај Даниловски назад. То ќе биди многу, МНОГУ лош потег!
Нека го одврзат ќесето и нека пробат да го донесат Даскаловски или Митревски.
Ако неможат да најдат адекватна замена за Милош, поарно нека ја истерат сезоната со Плех па на лето нека барат некое подобро решение, одколку да довлечкат некој србин ни мој ни твој и џабе да се фрлат пари за сертификати и глупости а да биди на исто ниво со Плех.
Незнам како е трансфер периодот во мак ракометот, ама ако е уште отворен до крајот на регуларниот дел од сезоната, можи и попаметно е да се почека и да се види кои екипи ќе се пласираат во плејоф, па да се прибери некој играч од некоја од екипите шо ќе оди во плејаут.
Пример во плејоф ако се пласираме ние, да пробат да чапнат некој играч од Охрид или Пролет во зависност кој од тие екипи ќе замини во плејаут. Сигурно со некоја добра понуда, било кој домашен играч не би се двоумел многу ако треба да бира да дојди во Битола и да игра плејоф, или да остани да се влечка во плејаут ради чиста формалност. Полесно би се продал на лето ако има прилика да игра против Металург, Вардар итн. одколку да разигрува со Радовиш и Вардар џуниорс.
Има интересни играчи во првенството шо можи да завршат голема работа на пролет во битката за подобар пласман.
Не е така лошо решение Даниловски. Одлична полусезона имаше во Металург, дури и му ја зеде минутажата на Томовски (далеку ги надмина моите очекувања за него искрено). Со оглед дека е млад за голман, можеби и вреди да се инвестира во него иако нема баш висина.

Митревски е нормално да биде прва опција за Пелистер, ама после него Даниловски можеби е меѓу најдобрите идеи.
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.214
Поени од реакции
4.958
Даскаловски ми е прва опција во моментот мене да го донесат, ако не можеа пред 2 сезони, можи да пробат сега, иако мислам дека сеуште е скап голман, ама ко можеа да фрлат по 2500 евра за Зејак и нешто помалку за Караиман, Митиќ и остала барга можи да фрлат и на нашите играчи, веќе 34 години е и незнам до кога би го држеле во Романија.
Исто опција е и Митревски, да му се плати приближно колку шо зема во Констанца зошто да не се врати овде ? Битолчанец, плус поблиску до своите овде, сега колкава е желбата кај нив незнам, ама за битолчаните сигурен сум дека би прифатиле....
Проблемот е шо ги плаќаме странците многу повеќе отколку шо вредат, плус сертификати, смештај, а не ги цениме нашите, то е то....

Прво и основно ни самите не знајме кој е концептот на екипата, за 4 место ако му е целта нека не носат ниту еден странец, нека ги избркат и овие шо се во екипата, нека ги вратат Боки Маџо, Томи Јагуриновски, Рајато, Печенковски и такви некој наши играчи со кој пак ќе бидиме 4 место, барем нема да ми носат манакени од Србија со плата приближна на инженер во РЕК Битола.
Нека си кажат прво која му е целта, а не и овие играчи шо ги носат пример му дават договори на 6 месеци и после целта е јасна, дека се работи на проект со краткотрајно решение од пола година и после тоа повторно распад систем и во НАЈАВА ВРАЌАЊЕ НА СТАРИТЕ ПАТЕКИ, активирање на заспаниот вулкан левел 15215151 :tapp:

Или ќе бидиме клуб или клубЧе, нека носат салам играчи, за да не си играт со нас играчки !
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.083
Поени од реакции
1.910
Ивановски и Трпчевски во Охрид кај Гоксо...
Тое то незнајме да си искористиме да донесиме две наши деца за ефтини пари кој сигурно ќе се најдат во ротацијата и ќе бидат поарни од Лековиќ и некој друг странец од типот на Рајичич и Плех.
Охрид поќе битолчани има моментално од Пелистер, не велам дека со нив ќе напрајме кузнај шо ама можиме да собираме вакви играчи ко веќе немаме пари за нешто посалам :)
 
Тој Трпчевски незнам колку има искеширано на порталите, ама досеа јас неам прочитано по-исфорсиран (лажно) ракометар од мкд во последните неколку години. Па месец дена беа преплавени порталите со него... Као демек интернационална кариера ќе почнувал... Норвешка екипа била заинтересирана и уште незнам ти шо... А дечкото никој не го познава. Бил незабележителен во Вардар џуниорс, после то напрајл трансфер во Струга каде буквално не ни поигра како шо треба. И сеа од ко му пропадна шансата да му го увалат на некој клуб надвор менаџерчињата наши, ајде демек во Охрид ќе ја доиграл сезоната... :LOL:
И не само шо ќе ја доигра, туку нека биди ќефој ако и таму го задржат на подолго. Ова за него е трансфер премија.
Не си прајте бајрам со умот дека нас ни требат такви аматери, во период кога на та позиција донесовме екстра играч а го имаме и Лекович како бекап, кој сигурен сум дека е класа подобар од овај Трпчевски.
Истото и за Ивановски можи да се кажи, само шо во неговиот случај барем имаше некоја епизодна улога во Работник и во младинската репка.
Нас ни требат салам играчи, за да се вклучиме во друштвото со Металург и Работник а не вакви аматери за да се р' ваме со Радовиш и Охрид за 4то и 5то место.

Моментално ни треба еден салам голман и уште еден лев бек од типот на овај Станојевич или како онај Оструошко шо го донесоја комшите, шо има играно во јаки клубој и многу посилни натпреварувања од нашето првенство. Од вакви дечиња шо неможат да се издвојат во нашето мизерно првенство, Пелистер нема никаков бенефит. Ко требало да се истакнат и да се докажат во Пелистер, тие од младинските категории заминале во други клубој и не "вратиле" ништо за матичниот клуб. Сеа од кога им тргна кариерата во надолна линија, апсолутно нема потреба Пелистер да ги згрижва, во период кога клубот е финансиски стабилен и не би имал никаква корист од нив, освен шо ќе го оптоварат буџетот на клубот безпотребно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom