Озбилен си? Мислиш дека имаат шанси?
За оваа сезона немаме шанси за тоа второ место,за догодина ќе праиме муабет...тогаш ќе има плеј-офф,се бива...
Само малку да се среди клубот на финансиски план,на играчки сме светско чудо со оглед на мизерниот буџет...
Околу мечот денес....
Ми кажаа дека на МТВ коментаторот кажал дека имало 3000 публика
..
Видевски момче,треба да одиш на очно и да се провериш...:uvo:
Најмалку 5000 публика...на трибината кај Чкембари,и посебно навивачкиот коп беа ФУЛЛ ИСПОЛНЕТИ....немаше игла кај да падни.....
Добра кореографија,со хартиени коцки зелено-бели...и најлон на средината со амблемот на подгрупата ULTRAS BITOLA која денес славеше 5 години од формирањето..
Под кореографијата одеше паролата ULTRAS GOES ON!!!
Во вториот дел од мечот се фрлија еден куп конфети....
За навивањето нема да коментирам ќе оставам неутралните да кажат...
Околу играта-искрено сум изненаден од играта на Пелистер...чиста 10 ка за борбеноста....и за она шо го дадоа играчите,изгинаа на терен..
Да не беа тие промашени пенали...и очајната игра во напад на капитенот Јанкуловски на кого му се секоа рацете и му паѓаа топките од раце,дури и при чисти зицери,на Унчевски,купот грешки на Васко Димитровски во напад..и неколкуте непотреби егзибиции на Злате Димитровски Пелистер ќе извадаше најмалку нерешено....
Шпанците малку се загубија,иако рака на срце не запнаа со сите сили...одиграа онолку колку шо треба да победат...
Да имаше Пелистер сега некој посилен тим,гарант ги добивавме денес Шпанците...
Тоа е тоа,Пелистер најважно е дека не се посрамоти,+ игравме без двата стартни бека Петровски и Поповски...кога ќе се собери се,резултатот е над очекувањата...
Очајно фали спознор/и....
Да има Пелистер стабилни финансии,да направи тим барем приближен на Вардар и Металург,со оваа публика шо ја има...тешко дека некој ќе победи во Битола,така било одсекогаш,Пелистер скоро 15 години немаше пораз во Битола на евро меч,,,(освен со Цеље Пивоварна Лашко во 92 година)........
Со вакви мизерни услови,пак клубот преживува и се одржува...шо е за секоја пофалба и над сите очекувања......