"Резервистите" во најдобро светло, паметен потег на Бранче, кога веќе мечот е решен во 15мин дај му шанса на останатите, во Танковски има ракомет, мора детето да добива многу повеќе минутажа барем сега под Бранко, Емко е класичен бек шутер, ништо повеќе, Богдан не знам до кога ќе се трпи, игра колку да ги оправда парите, Костески и без утакмици е класа над него. Босанчето гол и два пенали над него, за од клупа е супер играч, за да го одмори првиот бек.
Мора и во лигата на веќе решени утакмици да се одмарат дел од играчите како Фитиљ, Тајник, Цехте....
Да бидат сите фит и во ритам, за клучната утакмица во Април во Автокоманда, а претходно и на незгодното гостување во Кавадарци, каде тие знајме сезони наназад како играт на раб на тепачка.
Радва хемијата во екипата, добри анализи на противниците од Бранче, плус многу го респектираат странците....
п.с. Иначе голманите веќе тројцата потпишани се во своите нови екипи: Гедбан (Ерланген, Германија), Лесјак (Тримо Требње, Словенија) и Кизиќ (Алкалоид).