Фан клуб: РК Пелистер

bitolcanec_1

ветеран од златното време
Член од
6 јуни 2011
Мислења
790
Поени од реакции
1.455
На крај краева ако веќе трезвено анализираме после се, сепак и има една голема позитивност во сето ова после сите овие проклети години на суша и малер во ракометот во Битола, одговор на еден парадокс, и како името Пелистер преживеало и е сеуште е респектибилно.....
Сите оние што следат ракомет и во златната ера до 1997 но и понатака, посебно овие последни 3-4 сезони знат дека Битола и Пелистер можеби не нудат Хотели со 5 звезди, Универзитети за да се вдоми цело едно семејство, аеродром, базени и други неопходности шо играчи од врвен калибар по дифолт ги бараат.. Да и никој пат нема то да го имаме,барем не во наредни 100 години.....
Арно ама ние ти сме едно големо чудо, нешто шо не се купва или гради со пари....То е духот и целата енергија шо му се дава на еден играч кога ќе дојди тука, трансформацијата шо ја добива потоа и на крај претворањето во топ играч или враќње на старата форма. Тоа за еден играч кој печали и лута по Европа,каде се игра најдобар ракомет за сега, е бесценето.
Ако следите посебно и оваа сезона сите играчи шо дојдоа, беа како половни коли, играчи кои значеле нешто но ради повреди, грење клупи или слично, скроз ја изгубиле самодовербата и се направиле бетер од мачиња....
Но со енергијата на Градот, Чкембарите и целата поддршка во и надвор од теренот, на крај се враќаат или стануваат повеќето играчишта или во најмала рака се подобруваат, доволно да "полетаат" и пак да се вратат во "висините".
Но оваа не е случај само со нас има и други помали градови или клубови и во фудбалот и ракометот, дури и познати школи кои то го практикуваат, и на крај и на тие клубој донегде то им одговара дали финансиски или маркетиншки или двете.
Зато и на тие играчи и цените им се багателни но и управите, како и нашава, се приморани да им даваат договори по една година, оти не знајш шо ќе биди со нив....Мачка во вреќа...Не можиш со такви играчи и услови да прајш долгорочна стратегија....Иако како по обичај од оние кои најмалку им се дава договор, иронично кога ќе бегаат се најбитните....
Секако оваа стратегија незначи дека е во ред, но на крај подобро да имаш обрт и клубот да живеј и во Европски рамки, шо е голема работа,отколку како години наназад...
Душата да ти се полни кога те даваат на ЕХФ сајтот, па статистики, хајлајтс,голови на мечеви....Секаде по малку :).
Е сега да имаме нова сала и дупло поголем буџет, е тогаш самите играчи ќе се нудат, али мора да сфатиме и кој сака нека е спонзор то нема да е вечно.
И поарно константно да сме тука негде од колку инстант успех и стечај....
Треба да продолжи оваа пракса на Општина-спонзор поддршка додека не се воведат како и во светот приватни спортски друштва и да бидиме константни како клубовите во Португалија, Словенија, Романија,Хрватска....Секое вивнување ќе е добредојдено но и по паѓање пак да не има....
Но пак ќе кажам оваа енергија тука шо се дава то со пари не се монтира....
То е останато во колективна меморија...Избегаа сите зa жал од градов ради погрешниве политики на државава уште од 1991...Оти во Словенија не е така!? Но дури има луѓе па макар и 5000, ќе постој ова и никој нема право да ни го оспори или омаловажи.....То е посилно од се.
Да живеј Пелистер!
 
Последно уредено:
П

Пљампач

Гостин
Да не ствараме негативна енергија пред најбитниот меч во сезоната. После натпреварпот ќе анализираме, ќе видиме шо план имат и дали ќе бидиме појаки или ќе се вратиме чекор назад наредна сезона.
Среќа во цела ситуација е тоа шо и другиот табор незнат кај терат и немаат план и визија како понатаму.
Очекувам да има прес пред натпррвсрот со Вардар, пошо досеа за ниеден меч не се одржа прес. Коректно е во текот на неделата да закажат еден прес и да го најават дербито во недела.
 
Член од
25 август 2019
Мислења
327
Поени од реакции
478
Член од
20 март 2022
Мислења
1.385
Поени од реакции
3.513
Од некоја гледна точка се повикувате на тип на игра која тотално е антипатична и не е модерена. Од друга страна кукате дека пола тим замина од типот на играчи кои играат во еден правец, се бавни и се индивидуалци. Тоа е баш особини кои се спротивни од модерниот ракомет, ракомет кој го негува Бабиќ а барате побрз и помодерен ракомет.
Да треба да кукаме за Табоада, кој може да одговори со квалитет, млад играч кој допрва ќе се развива. Периќ е индивидуалец кој ја гуши играта и се очекува премногу од неговата расположеност или дали одбраната кон него дали посветува внимание, ако го угушат него тој не може да разигра бекови туку само индивидуални влезови за пенал или до пикер (веќе видена игра). Обрадовиќ супер бек за во одбрана скоро 2м висок но нема никаква корист освен со слаби тимови да покажи офанзивност.
Граџан зверот го обожавам за посветеноста на терен но неможе професионалец на сред тренинг да му текни "не мом да тренирам појќе пиши ми казна".
Марковски нема нов договор ради хроничните повреди и дека не нуди офанзивност.
Секељи сака да си оди дома.
Мараш платија обештетување не можеш да држиш чоек шо не сака да седи во клубот.
Божич-Павлетиќ не покаже нешто премногу за да треба да биде задржан. За тие пари или поевтино ќе се најде негова замена по ефикасна.
Стипе 30 год со скок, шут, преглед на игра врв, но бега од дуел игра, го подржувам сака уште 3-4 сезони да зема по €150к и ги избегнува повредите. Но реално се бара за тие пари машина кој би одговорил во 2 правци.
За кој др да пишам...
Да непрофесионално е и од управата но сигурно знаат во кон правец се движат. Минус најголем за Табоада. Но носење на Лесјак е добра замена за Секељи, Хусни е мн по искусен и можеш мн повеќе да се потпреш од Мараш кој имаше тешки блокади за да го искаже неговиот скок шут. Давис интелегентен среден бек не е брз но има голем обсек на прегледност (само да е во форма оти ќе се очекува премногу). Французинот е поевтина но по ефикасна од Обрадовиќ.
Сите ја знаеме иднината на Бабиќ и ова се играќи кои ќе дадат поинтересен ракомет, затоа мислам дека треба да им се даде повеќе доверба.
Се надевам на интересен тренер па и да остане Бабиќ ќе биде поинаков ракомет подопадлив за око.


Морам да напоменам... Мн пари фрлаат на др работи кои одлучуваат за по бериќетна Зелена ера.
Автоматски споено мислење:


Еве ти поквалитетно и поевтино крило од Јосип. Плус тоа поефикасен изведувач на пенали.
Иако сметам дека на 20г Ненад Костески со поголема посветеност на разновидни удари, работа со тело при скок детето може да изникне во задоволително крило од кое ќе се добива 3-4 гола по натпревар на утакмици од повисоко ниво (не со тимови од калибарот на Пролет, Прилеп или Преспа).
Во клубот треба повеќе кадар кој е попрофесионален каде тренерот би диригирал за индивидуални тренинзи а не Божо да седи и да не може да изброј дали се 5, 6 или 7 играчи во поле и да неможе да изгради авторитет како помошник тренер и да го слушаат.
Небитно со крилото, реков, најмал проблем е крило, ќе најдат и во август. Зборувам општо земено е аматерски да ти заминат 10 играчи во едно лето, колку сака нека не се топ профил играчи, битна е хемијата. Затоа реков ова се 5 чекори назад.
Мора да ги задржат барем Стипе и Граџан, можи и Радович.

Единствено нешто што би можело да ги покрие овие пропусти е да го донесат Киро тренер и да одигра по некоја минута уште една сезона и да ја заврши кариерата во Битола. :)
Ама со креирањето на Алкалоид ова тешко.
 
П

Пљампач

Гостин
Нека победат во Недела и после ако сакат сите нека си одат. Еден меч не дели од титула, еден меч не дели од голема пресвртница.
Се надевам дека нс сите до еден таму во клубот, од управа до играчи им е јасно колкаво значење за нас има овој меч...
Би требало да ја научија лекцијата од натпреварот против Нексе и треба да им е јасно дека никој нема да им ја поклони победата, него сами треба да ја заслужат на терен.
Фаворити во ова дерби не постојат.Постои само желба, мотивација и ментален склоп сетиран за победа. Доколку го немаш тој фактор, нема да славиш на крај туку ќе им ја честиташ победата на противниците.
 
Член од
23 април 2012
Мислења
436
Поени од реакции
647
ете прочитаја дека кукате овде како некој чупиња :pipi:

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека потпиша перманентен договор со Денис Василев, руски репрезентативец и еден од најреспектабилните кружни напаѓачи на контитентот. 28-годишниот Василев доаѓа во Битола на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој се обврза на двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година.

196-сантиметри високиот и 95-килограми тешкиот Василев е дете на Динамо Астрахан, го носеше дресот на Чеховски Медведи и ги освои сите трофеи во рускиот ракомет, а потоа една сезона мина и во француски Шартр. Во тековната сезона во дресот на Мотор постигна 27 гола во некомплетната групна фаза на Лигата на шампионите за украинскиот првак.

Василев е стандарден член на руската репрезентација, а на Светското првенство во Египет постигна девет погодоци.
 
Член од
9 јануари 2022
Мислења
2
Поени од реакции
1
Денис Василев е одлично засилување, играч во два правци, но сепак ќе треба да се покажи на терен...
 
B

BigMac

Гостин
Колку карти ќе има за Комити,имате ли некое инфо?има најави за гостување се надевам дека нема да ни стават забрана во 5до12.Барем 300 карти да дадете :)
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.147
Поени од реакции
1.903
Колку карти ќе има за Комити,имате ли некое инфо?има најави за гостување се надевам дека нема да ни стават забрана во 5до12.Барем 300 карти да дадете :)
Им се дадоа 350 карти на 1961ва но картите се одбиени и ги вратија. Нема да имате најавено гостување.
 
П

Пљампач

Гостин
Ќе има навивачи од Скопје... Незнам за колку карти се договорилњ управите ама колку шо знам јас договорено е да има присуство на гостински навивачи на јужнат трибина.
 
Член од
25 август 2019
Мислења
327
Поени од реакции
478
Ќе има навивачи од Скопје... Незнам за колку карти се договорилњ управите ама колку шо знам јас договорено е да има присуство на гостински навивачи на јужнат трибина.
То нас нема да не собери уште невестите скопски фалат ама ако нека дојдат 1 Мај сепак е ќе ги пречекаме :pijani:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.423
Поени од реакции
8.547
Se ubo samo mislam mnogu narod ke ostani nadvor a za drugoto treba trenerot da si odgovara ili zemi zasluga

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom