Фан клуб: РК Пелистер

Член од
27 јуни 2018
Мислења
133
Поени од реакции
272
Муабето е да пуштат пола карти стрикно во живо продажба, а пола на интернет, на пр. 1500 карти се продават во Тобако и само таму, а др на нет. Од една страна сосема океј е ваквата продажба дека старите и ред др шо не се снаоѓат со интернет ќе можат да си купат карта, а од др страна сме ние шо во тој момент кога се пушта продажбата сме на работа, факс, колоквиуми полагаме, па не можиме да купиме, а не можи ни некој близок да ни купи бидејќи е ограничен на две карти.
 
П

Пљампач

Гостин
Мораше да има онлајн продажба и можеше да се ограничи на макс 4 карти по user... Немора цел капацитет да биде даден на продажба онлајн, можеше пример 50% од седиштата да бидат онлајн, останатиот дел да биди сезонски и дел во тобако трафики за купување на лице место.
Голем ќикс му е ова на управата ама небитно, најважно е да го добиеме меечот и сите да славиме вечерта. За наредна сезона треба да си ангажираат луме професионалци шо ќе поработат малце на маркетинг и PR. Во овој дел сеуште каскаме и сме далеку од клуб кој претендира да игра ЛШ.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.062
Поени од реакции
74.697
Ние ги правевме истиве муабети кога стануваше јак клубот :D

Ко прво, со оглед на значењето на утакмицата, се кладам дека бар 50% од картите се дадени по луѓе од страна на управата. Секој сака да дојде до карта, којзнае колку луѓе ги замараат предвреме.
Ако се продаваат онлајн, постарите фанови би останале без карти, а сигурно се многу позапознаени со ракометот од некои помлади кои сакаат да дојдат да видат атмосфера.
Како и да е, се знае како се прави тоа, сите без карти ќе се напикаат на крај на навивачка трибина, ќе има 10000 луѓе, нема да се дише, пола ќе дремат ко мисири затоа што не знаат ниедна песна, па на полувреме ќе се раштркаат низ цела сала.
 
Член од
1 февруари 2021
Мислења
22
Поени од реакции
48
Многу лоша одлука. Како ќе купиме ние што сме на работа то време. Не е проблем да напрајш 5 мин. пауза од на работа за да си купиш карта онлине, проблем е да молиш некој да оди да чека 30 мин. на жешкото за да ти купи карта. Подели ги картите 70% онлиме и 30% по тобака. Ѓабе имате толку луѓе на платен список кога пак прајте вакви аматерски грешки.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.144
Поени од реакции
8.107
premala e salata za ova utskmica, sala od 8-9 k bi se napolnala lagano, kako i da se prodava ke ima oshteteni
 
Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.373
Поени од реакции
5.466
Ќе врни Недела бериќет и Сите ќе влезите, нема да има никој на дождот !
После то, славиме титула :ojeaa:
@Пљампач се сложвам и јас, кикс на управата во делот за картите, ама како и да напраеја, карти ќе немаше после 12:15h. Само да се надеваме дека нема да се даени на свој луѓе и по фирми и да има некој во сала шо нема да знај шо е престап или чекори.
За вгодина мора да си активираат деца од струка на маркетинг околу продажба, карти, дресој и слично, исто и за по професионално водење на страната.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.062
Поени од реакции
74.697
За вгодина мора да си активираат деца од струка на маркетинг околу продажба, карти, дресој и слично, исто и за по професионално водење на страната.
Тоа ќе биде најголема грешка, слично како што правеше Вардар во најдобри години. Тие агенции не знаат ништо за спортот и прават промоции од кои на спортските љубители, најчесто ги фаќа серка.
Тие може да рекламираат производи и слично, ама немаат поим што привлекува навивачи да купат реквизити и слично. Дизајните пресмешни, очобол им беа цели кампањи.
Страната задолжително мора да ја води некој фан на клубот, а во маркетинг идеи да даваат навивачите.
Нормално, тука side effect e што некој ќе се напика на цицка на клубот и ќе заборави дека бил навивач, па нема да работи ништо :D
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.963
Поени од реакции
9.593
Лошо е шо таму минимум 20% од капацитетот ќе бидат луѓе шо немаат појма од ракомет поќе во телефон ќе гледаат отколку утакмица плус оние напудрени и костумосани фаци шо нормален фан немојт да ги смислит. Реално не може од вакви да се побегне а за сметка на тоа страдаат вистинските фанови и љубители на клубот кој се секогаш верни овие при најмала криза ќе напуштат ко стаорци.
 
Член од
24 јуни 2016
Мислења
1.214
Поени од реакции
2.432
Тоа ќе биде најголема грешка, слично како што правеше Вардар во најдобри години. Тие агенции не знаат ништо за спортот и прават промоции од кои на спортските љубители, најчесто ги фаќа серка.
Тие може да рекламираат производи и слично, ама немаат поим што привлекува навивачи да купат реквизити и слично. Дизајните пресмешни, очобол им беа цели кампањи.
Страната задолжително мора да ја води некој фан на клубот, а во маркетинг идеи да даваат навивачите.
Нормално, тука side effect e што некој ќе се напика на цицка на клубот и ќе заборави дека бил навивач, па нема да работи ништо :D
Jas se nafakam za bez pari od ljubov kon klubot da go pram to nesto imam i iskustvo vo ta oblast :cool:
 
Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.423
Поени од реакции
8.547
Jas se nafakam za bez pari od ljubov kon klubot da go pram to nesto imam i iskustvo vo ta oblast :cool:
Епа одиш во канцеларијата на клубот му кажуваш дека ќе волонтираш и земаш пасворди исто важи и за кошарката и фудбалот не можи од форумот да те викни некој

Sent from my CLT-L29 using Tapatalk
 
Член од
30 август 2012
Мислења
3.617
Поени од реакции
6.363
Читам ова со картите и незнам дали сме 1996 година или 2022 -ра.
Зеле карти немало да се продават онлајн него требало некој да дреми пред тобака еден сат за да купи - па дали сте бре нормални :tapp:.

Гледам некои пишат старите не знаеле на нет да купват карти , па ако не знаат тие ќе најдат некој близок ќе му купи или неможат да искоренат навиките наместо да земат пензија од банкомат од 06:00 сабајле да дремат пред банки да земат пензијата од шалтер.

За онлајн барем е лесно да се ограничи на усер по 2 карти и решен проблем . ОК нека има и физичка продажба 10% другото све требаше онлајн да оди , а вака шо напраја , т.е. демек нешто напраја , а ништо не напраја освен што ќе измалтретират народ.
Како и да е врти сучи , на Битола со јак РК му треба нормално сала со нумерирани седишта за 7-8000 седишта , се друго е welcome back to 1996.
 
Реално ич нема да се жалиме да се вратиме 96', тогаш салата бери 3000 пушти внатре 5000 и ту со карта, тие без не ги броиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom