- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.393
- Поени од реакции
- 7.041
Ок, ама тоа не е само до "странство". Многу поголемо влијание имаат возраста и генерално другите случувања во животот, сите играчи треба да созреат, некои порано го прават тоа други покасно.Тука имаш добра поента, тоа го забележал и Лазаров кај Јагуриновски, дека во Исланд станал "посериозен и постабилен", додека играл во Македонија проблем што не добивал повик од Лазаров бил неговиот карактер до тој момент.
Автоматски споено мислење:
Вака од страна гледано, Ѓоргоски според мене има многу паралели со Кузмановски. Не во однос на стилот на игра, различни се како играчи, но во однос на пристапот на играта, предностите и слабостите.+ Делуваше разочаран од неговиот настап на кадетскиот шампионат.
Инаку во последниве 5-6 натпревари има напредок кај Ѓорговски, ретко кој играч има таков силен удар и скок шут во лигава, но ќе видиме како ќе се развива во иднина.
Сеуште е премногу "суров талент", треба многу да се делка, да собери искуство, да добие на дисциплина, да сфати што значи ракомет на тактичко ниво, да сфати што значи тим...
Со еден збор треба да созрее, и ми се чини дека тоа ќе потрае. Гледаме како на 25-26 години Кузмановски конечно почнува да се оформува како комплетен продуктивен производ, се ми се чини нешто слично ќе биде и со Ѓорговски.
Во следните 2-3 години не верувам дека ќе има значаен придонес во репрезентацијата, најбитно за неговиот развој е во идниот период да има значајна улога во тимот во кој игра, да ги има привилегиите за победите но уште повеќе одговорноста за поразите. Пелистер 2 е одличен тим за него, најмалку уште една сезона не треба да мрда од таму, да троши многу топки, но и да ги научи последиците од недисциплинирани шутеви и тактички грешки.
Само да го послужи здравјето, мене сеуште тој ми изгледа како најсериозен талент од помладите, но е тип на играч што ќе му треба доста време да се изделка. Технички, тактички, па и физички.
Последно уредено: