Нема големо дерби, нема ни публика. Нема игра, нема ни публика.
А не така одамна за сите љубители на ракометот, па дури и за оние трендовски „селфи“ навивачи, беше вистински подвиг да се најде влезница повеќе, да се „оди на ракомет“. За натпреварите се зборуваше со денови. Кој можеше да ги пропушти легендарните преметки на Вардар и на Металург или настапите на македонската репрезентација?!
А сега трибините ни зјаат празни…
Само, не дај Боже, да не почнеме да даваме пасоши и на „заменска публика“ за да одмори оваа нашата. Е, тогаш навистина ќе ни дојде крајот!
Ова зборев на лејкиве Вардарски уште пред 2 год.кога се молеа да пропадне Металург.Ете им сега,нека играат пред празни трибини и сами со себе.