Фан клуб - РК Металург

Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
И воедно утре е повторно дербито со Вардар во Автокоманда, ќе биде интересно.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
За противникот во полуфиналето имате некоја информација.Дали се задоволни од ждрепката?
 
B

BBlisto

Гостин
Па нема од што да се задоволни...Германски тим...Ко што разбрав најмалку сакале овие да им се паднат...али тоа е...мислам дека шансите се 95%-5% за нив...Ама ќе видиме, да не ги отпишуваме пред време:smir:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не бе, шансите се 100% за нив, 0% за нас... :pos:
Тоа е, почнуваме да стравуваме од тимови кои се на петто место во германска лига, пред некоја година прваците на Германија добиваа по 20 комада разлика од нас, сега им се тресиме :) Мора да напоменам дека клупскиот женски ракомет во Германија иако има некоја нагорна линија е далеку послаб од машкиот...
Понатака... Букстехудер оваа сезона во Челенџ купот одигра четири мечеви, два пати тесно го победија српски Зајечар, еднаш го декласираа Безансон од Франција со 23 разлика, а тесно загубија на гостувањето. Едната голманка им е втора голманка на Германија, другата е голманка на Холандија, мислам дека имаат по уште една репрезентативка на Холандија и Германија. Во Германската лига се петтопласирани со десет победи, две ремија и осум порази, заостанувааат зад четвртопласираниот Бломберг со четири бода... Така да, се зависи од нас, не би рекол дека германките се фаворити, напротив ние имаме играчи кои успешно настапувале во ЛШ и на неколку големи натпреварувања. Мора да победиме дома, но притоа не смееме да загубиме со голема разлика во Германија, доколку можеме и да победиме.
 
B

BBlisto

Гостин
Петтопласираниот тим во Бундеслигата во моментот, Букстехуде, е противникот на женскиот ракометен колектив, Металург, во полуфиналето на годинашното издание на Челинџ купот. Првиот меч ќе се одигра на 10/11 април во скопска Автокоманда, составот на Крсто Петрушевски ќе гостува кај екипата од северот на Германија на 17 април во „Спортхале Шулцентрум“ салата во која Букстехуде ги игра своите натпревари како домаќин. Во вториот полуфинален двомеч ќе се пресметаат бундалигашот Гепинген и полска Гдинија.

Вчерашната ждрепка во Виена беше сурова за единствениот наш претставник во ракометните евро-купови. Металург го доби она што најмалку го сакаше, го доби, според многумина, првиот фаворит за титулата во ова натпреварување. Фаворитската улога во целост оди кај Букстехуде, тимот кој во сезоната 2001/02 стигна до финалето во Челинџ купот, но пехарот тогаш заврши во витрините на романска Универзитатеа Ремин од Дева. Тоа е запишано и како најголем успех во историјата на клубот од околината на Хамбург. На патот до полуфиналето во Челинџ купот ракометарките на Букстехуде, овојпат, ги елиминираа српски Заечар, во 4. коло (32:28, 27:25), и француски Безансон во четврт-финалето (37:14, 26:28). Во составот на Дирк Леун има само две интернационалки, двете Холанѓанки, голманката Деби Клијн и средниот бек, Дијана Ламеин. Останатите се домашен кадар кој цврсто го држи местото во водечката петорка во бундеслигашката конкуренција.

Прв стрелец на Букстехуде оваа сезона во Бундеслигата е левиот бек Јана Стапелфелд. Ги одира сите 20 меча за својот тим во домашната сцена во кои постигна вкупно 104 погодоци, од нив 31 од линијата за седум метри. На листата најефикасни по неа следуваат десното крило, Изабел Клеин со 75 гола (9 од пенал), пет помалку од неа впиша Ламеин, Макси Хајн (десно крило) е четврта по бројот на реализации со 69 погодоци, третина (23) постигнати од пенал.

„Добивме противник што најмалку го посакувавме. Букстехуде е фаворит во двомечот со нас, но спортски е да се надеваме на добар резултат. Барем за наше светло издание во двата натпревара, ќе се обидеме достојно да го презентираме македонскиот ракомет во претстојната прилика што ја гледаме и како можност за клупска афирмација меѓутоа и за афирмација на самите девојки“, рече по ждрепката Крсто Петрушевски, тренер на Металург, кој е свесен за тежината на противникот, па затоа беше и приземен и без еуфорија по дознавање на веста по ждрепката во Виена.

Металург мина три рунди до полуфиналето во Челинџ купот. Во третото коло ја елиминира чешката екипа Каста Сокол Пишек, во осминафиналето излезе како победник во двомечот со словачки Слован Дусло од Шала, во четврт-финалето беше подобар од исландски Фрам.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Дали некој знае дали ќе има на МТВ пренос од мечов Металург-Вардар?
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Дали некој знае дали ќе има на МТВ пренос од мечов Металург-Вардар?
Ке има вчера видов имаше реклама од 18 часот е преносот,е сега не забележав дали е на прва или на собраниски канал
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Zenskiot klub na metalurg se potgotvuva da napravi jak tim za narednata sezona za toa planira da angazira 4-5 svetski igraci,prva transferna cel na metalurg e Andrea Lekic :vozbud::vozbud::vozbud: od Krim i Petra Popluharova :vozbud: od slovan nekoja talentirana rakometrka iskreno neam poim koja e,inaku mislam i deka mladenovska ke potpise za metalurg ako veke i ne potpisala.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Имаше шпекулации дека Младеновска требало да потпише и лани, а според Дневник за наредната година... потписот на Младеновска е веќе готова работа. А од каде овие информации за Лекиќ? Ќе биде супер ако дојде, плус има само 20 години, а Металург немаат баш квалитетен играч на среден бек... иако мислам дека и Кресоја не би била лошо решение :)
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Zenskiot klub na metalurg se potgotvuva da napravi jak tim za narednata sezona za toa planira da angazira 4-5 svetski igraci,prva transferna cel na metalurg e Andrea Lekic :vozbud::vozbud::vozbud: od Krim i Petra Popluharova :vozbud: od slovan nekoja talentirana rakometrka iskreno neam poim koja e,inaku mislam i deka mladenovska ke potpise za metalurg ako veke i ne potpisala.

Ајде да се надевамо дека ќе се напрае еден нов Кометал кој ќе растура во Европа иако не ми се верува:toe:
Ако заврша први у првенствово дома Металург ќе игра директно у ЛШ или ќе игра квалификации??
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.921
Поени од реакции
475
Навистина убава вест ако е вистина. Да не остане се само на база на шпекулација. Би било убаво повторно да имаме силна екипа која ќе претставува страв и трепет во Европа, нешто кое што го немаме одкако Кометал почна да тоне и мораше да ги продаде сите играчи. Годинава женскиот тим на Металург покажа дека со сериозен пристап може да се направи нешто повеќе во Европа. Да се надеваме дека следната сезона со засилувањата кои се најавуваат Металург ќе има приближно вакви успеси и во Лигата на Шампионите.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Ајде да се надевамо дека ќе се напрае еден нов Кометал кој ќе растура во Европа иако не ми се верува:toe:
Ако заврша први у првенствово дома Металург ќе игра директно у ЛШ или ќе игра квалификации??
Мислам дека и наредната година директно ќе се пласираме во ЛШ, ама не сум сигурен во тоа... Ќе видиме на ранг-листите. :)
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Младеновска во Металург?
Додека сето внимание на јавноста беше насочено кон мечот на репрезентацијата низ ракометните кулоари проструи вест дека Металург Скопје веќе го создава тимот на Лигата на шампионите следната сезона. Оттаму прва која би требало да ги засили редовите е репрезентативниот пивот Наташа Младеновска.
За оваа вест побаравме информација од директорот на клубот Зоран Цветановски, кој имаше само краток коментар.
"Тоа се шпекулации и засега немаме ништо конкретно. Оној момент кога ќе имаме засилување во клубот и ќе потпишеме договор со некоја ракометарка јавноста ќе биде запознаена", коментираше Цветановски.
Покрај за Младеновска шпекулации има и за уште две ракометарки, но од странство. Можно е следната сезона во Металург Скопје да ги гледаме Лекиќ од Србија и Поплухарова од Словачка.

Izvadokot e od makedonski sport sega za sega e samo spekulacija a kolku ke bide ostvareno ova so se spekulira ostanuva da videme.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Десен бек кој шутира со десна рака... пред две години играла за Нирнберг, а од лани игра за Слован Дусло. На првиот меч со Металург постигна 8, а на вториот 10 погодоци. Има 21 и пол година, висока е 177... :) Нема лошо да ни дојде, нели? :)




update:
Значи според страната од EHF таа е десен бек...
Но најдов некој чуден текст, на дански-норвешки... појма неам, била во All Star тимот на некое од младинските првенства како лев бек :)


третата од лево, со пума маичката...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom