На Наум Мојсовски ова му е прво учество во Лигата на Шампиони.just saying.Каде е тоа големо искуство? Истото важи и за Ракчевиќ.Од ЦрнаГора во Вардар,од таму во Голубара па Металург.Единствено Станиќ,Козлина и до негде Марковиќ имаат позначајно искуство.
Ок,јасно ни е дека многу луге се over-enthusiastic за Металург моментално. но пријател,твојава констатација е далеку од вистината. Суровиот факт е дека овие играчи неможат комотно да се носат со секого во Лигата на шампиони. Се надевам ја гледаше утакмицата со ХСВ. Тоа беше дали 70% од севкупниот квалитет на Хамбург. Да сакаа,ќе го понижеа Металург. Тоа е случајот и со Кил,Барселона,Монпеље,Адемар,Сиудад Реал,Рајн-Некар,Флензбур,Берлин и ред други топ тимови пред се од Бундеслигата,Шпанија,Франција.Најодговорно тврдам дека во двомеч, Гумерсбах ќе го помине Металург,иако се бори за опстанок оваа сезона во Германија.
Tоа е и главниот проблем на Металург. Премногу се очекува од него. И вакви мислења не помагаат.Ако се постават очекувањата на навивачите на Металуг пониско,нема да се разочарувате.
Металург е оваа година најјака екипа што воопшто е создадена во Македонија,освен можеби од тимовите на Пелистер во најславните денови.И тоа е топ за мак ракометот,иако јас не сум навивач на Металург. Добра екипа е составена која може да дојде до втората фаза. Но уште многу труд треба да се вложи за твојот пост да биде вистинит.