Фан клуб - РК Металург

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Бидува, во ракометот повеќе битно е одбраната. Што ако оди и даде некој си 10 гола, кога ке примиме 20? Има фајда од тоа? Туку, кога се напаѓа нема реализација нема доволен вишок за поситгнување на голови.
Пример, ајде играме одбрана но барем кога ке промашат или кога ке фате нешто голманите да летеме на контри и да го пресечеме противникот, незнам точно што им мисли Червар ама сепак многу многу тешко.
Мора да се има малку реализација, шутевите ни се ... кеса.

Доста одиш напротив, биди малку индивидуален.
Не одам против,туку реално кажувам од аспект на неутрален гледач на играта на Металург....
Точно се сложувам,ОДБРАНАТА и пред се добриот голман во ракометот се повеќе од половина екипа....
Но друг факт-одбраната на Металург можеби е гранитна со Тиквеш,Пелистер,па и Вардар-ама ова е Европа пријателу.....:smir:
Таа одбрана не е доволна за едни уиграни акции во нападот на Европските екипи-како и да изиграш во одбраната,колку и да одбрани голманот-пак нападот на тие квалитетни тимови ќе ја достигни квотата од минимум 24,25 гола.....и тоа зборувам за тимови како Мешков,Минск....да не зборувам шо ќе се случи кога,дај Боже еве Металург ќе оди во 3то коло и ќе им падне екипа од Германија,Шпанија....:kesa:..
Значи во нападот на Металург јас освен Мојсо не гледам играч кој можи да ја разбие противничката одбрана...
Миркуловски не е таков тип на играч кој можи сам да реши утакмица....+ Миркуловски не е шутер,тој е повеќе индивидуалец кој со пробиви во 6метри дава голови....
За напаѓачките квалитети на Велко Маркоски,Ацо Јоноски,Мите Стоилов немам високо мислење,напротив сметам дека нивниот придонес е добар само во одбраната...Шмигиќ беше добар но ете не можи да се опорави од тешката повреда...тој десниот бек шо се зеде гледам не остава силен впечаток....
Е па со слаб напад....тешко дека ќе се помини некоја квалитетна екипа....
Кажав помина тоа време кога мечевите завршуваа 18-17...
Можеби добра е замислата на Червар да се потпира на одбраната,ама тешко дека само со одбрана ќе се добие Европски меч...:nenene:
Во Европа се игра друг ракомет....:smir:
Тука нема импровизации....тука нема да го преценат Металург како во Македонија,па да им се сечат рачињата на играчите....:kesa:
Кога од една Белорусија,која рака на срце е земја со голема традиција во ракометот...уште од бившиот СССР...кога нивните тимови лесно си го победуваат Металург шо останува за другите екипи од земјите каде шо се вложуваат големи пари....
Не напаѓам јас,не сум воопшто контра Металург,напротив баш сакам тимот да оди понатаму,добро е шо постои во Македонија еден таков спонзор со такви амбиции-но со оглед на огромните пари кои ги вложи спонзорот..со оглед на енормно високите плати кои ги земаат играчите,Металург мора да изиграат подобро од ова...:nesvest:
Јас мислев дека се стремат кон Европскиот врв,тие губат од екипи од 3,4 ешалон од Европа-значи просечни екипи.....
Нема повеќе лесни противници-во цела Европа се вложува,си работат луѓето-ете Мешков во своите редови имаат 7 Руски интернационалци....искусни играчи,некои и бивши репрезентативци+6 Белоруски репрезентативци....
Се надевам дека ќе се подобри Металург во реваншот...дека ќе смогнат сили да го поминат Мешков....
За рејтингот на нашиот ракомет важно е сите екипи да поминат шо е можно повеќе кола....
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Да бе.
Како прво Червар си е навикнал да игра и во Хрватска и тука во Македонија со одбрана, лани ни Загреб не стигнуваше којзнае колку во ЛШ, ама сепак имаа многу подобри играчи и тоа е факт дека многу се подобри но ова нема врска.
Туку на сите позиции имаме по 3-4 играчи за во одбрана, нападот ни е срање тоа го признавам освен овој што се повреди и Мојсо нешто што прави, немаме вистиски шутер, но за тие пари што ги даде спонзорот можевме барем некој подобар играч во одбрана од добра класа напаѓачи, ама нема кој да ги донесе тоа е.
А и да кажам тука во Македонија немаат ни конкурент за да играат малку поцврсто затоа и изненадуваат повеќе, односно повеќе во одбрана.

Се надевам дека ке се подобрат.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238
Meталург го совлада Мешков со 32-23 и со оваа победа се пласира во наредната фаза од ЕХФ купот.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Meталург го совлада Мешков со 32-23 и со оваа победа се пласира во наредната фаза од ЕХФ купот.
:aplauz: за Металург,конечно го покажаа тоа шо се очекува од нив....
Добро е шо двата наши претставници во Купот на ЕХФ и Металург и Пелистер одат понатаму......
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па добро заслужена победа мислам дека ќе гураат далеку во Куп на ЕХФ
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.339
Поени од реакции
5.370
Браво за Металург :bravo: очекував победа од околу 8 разлика, двата наши претставници одат понатаму :smir:
 

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.823
Поени од реакции
5.629
Металург има причини да биде задоволен, ќе игра со францускиот Иври, екипа која може да ја елиминира. Пелистер, доби исклучително силен, но и атрактивен противник, доаѓа Адемар Леон што е гаранција за спектакл во Битола. (20/21.11 - 27/28.11.2010)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Металург има причини да биде задоволен, ќе игра со францускиот Иври, екипа која може да ја елиминира. Пелистер, доби исклучително силен, но и атрактивен противник, доаѓа Адемар Леон што е гаранција за спектакл во Битола. (20/21.11 - 27/28.11.2010)

Задоволен?Иври баш не е слаб има одличен тим ќе видиме дај боже да поминат но ќе биде тешко и интересно за гледање.
 
B

BBlisto

Гостин
Задоволен?Иври баш не е слаб има одличен тим ќе видиме дај боже да поминат но ќе биде тешко и интересно за гледање.
Можеше да се падне со Адемар Леон, Горење, Лемго или некој друг германски тим...Во споредба со останатите можни противници,Иври е екипа со која колку толку може да се надигруваат...
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Честитки за победата...заслужено.се разочарав од мечот ИМАШЕ НЕПОТРЕБНО ПРЕГОЛЕМА ТЕНЗИЈА...:tapp:
Зошто толку урлање,тргачење на судии,пцуење....нервози...плукање по селектор,па стануваа од екипите па си тераа своја прадва...па Камишевски ќе го распарчеа....кутри човек,си ја зеде бељата да ги смирува воинствените ракометари и тренери и шо уште не...:nesvest:
КАТАСТРОФА...
Само со овие постапки сме далеку...далеку-па и на запад играат дерби мечеви,одлучувачки мечеви-па нема ни 1% нервоза тензија...плукање,притисок...тој шо си е подобар ќе си добе и крај-никој нема да плачи после...вака беше така беше....:kesa:...
На шо личеше она бе??/Мојсо.Диви се препукуваат со селекторот Савевски....којзнае шо му викаа,и овај сигурно не им остана должен...па играчи се маваат.тепаат,си удираат лакти,а до вчера заедно јаделе и пиеле во ист клуб...како шо се ври тркалото утре ќе си ги сменат дресовите и пак од ново-само после ќе ги пцујат сегашните соиграчи...
Не си ракометар ако маваш лакта на секое...а такви дуели имаше од двете страни....и зошто??Демек за ривалството???:kesa:Кое ривалство меѓу овие играчи кога ги менуваат клупските бои како чорапите...
Значи 1 грам професионализам да се немало...со секоја чест на исклучоците..
Абе сфатете бре ЗВЕЗДИ вие сте ПЛАТЕНИ да играте...не да се тргате со судијата..да му го кините дресот и да плукате по противниците...затоа не можите да успеете во странство-таму ракометарот има само една задача-ИГРАТА,не го боли него за друго,кој викнал од публика,шо прави противничкиот тренер,шо свирнал судијата......
Е па затоа тие играат во силни лиги,имаат вакви дерби мечеви секој трет ден...а овие нашите земаат еден куп пари-а не покажуваат професиоализам....
Помина тоа време....за жал во Македонија не можат да се искоренат старите навики...:kesa:
Ова денес не личеше на ништо...:kesa:
Утре тие играчи пак ќе треба да се најдат очи во очи со Савевски....по она денес не знам како ќе изгледа сето тоа....
Изгледа планира Металург бојкот на селекцијата и на селекторот....
Како и да е...иако дава најмногу репрезентативци-Минчо и Металург немаат НИКАКВО ПРАВО да им забрануваат на играчите да играат за Македонија...
И преку :bip: шо дава толку пари-па кој е Металург бе да се меша во репрезентацијата....кој е и Вардар да се меша...
Затоа не тераме далеку...
Додека не се РАЗГРАНИЧАТ ЦЕЛОСНО КЛУПСКИТЕ СО НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ,ќе ја гледаме оваа РАШМОНИЈАДА...:ija::xmas1::xmas1:..
Голем МИНУС во однесувањето на двете екипи...:tapp:

Ај да не го тупам многу-залужена победа на Металург,одбраната го доби мечот-или пак обратно очајната игра во напад на Вардар беше причина да бидат демолирани...
Металург покажа дека е покомпактен тим во моментов од Вардар....иако Вардар има добри индивидуалци сепак не се снајдоа денес....
Предноста на Металург денес беше очигледна...заслужена победа...:smir:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.530
Поени од реакции
29.060
Да не це цитирам за цел пост али свака ти част!Абе денес ке се тепаат а вчера заедно играа...Догодина пак може заедно ке играат ама па тогаш ке бидат бфф шо би се рекло и ке напаѓаат други..како и да е честито незаслужена победа!
 

toiise

Паско Кузман
Член од
17 декември 2007
Мислења
661
Поени од реакции
94
чисто информативно Филип Лазаров уште игра тука ???
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Никаде не игра мислам,ги бери топките на тренинзите на Металург...:je:
Да не бара Филипче да го земи бате во Сиудад Реал:pos:
Така си одат тие во пакет-по принципот-"АКО НЕ ИГРА БАТЕ И ЈАС НЕ ИГРАМ":pos:...
Така беше и на СП во Хрватска....затоа беше избркан Раде Стојановиќ за да игра мали "бате"...:pipi:..
Кога стигнаа играчи да кажуваат кој ќе игра за репрезентација...тешко нас.....:kesa:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom