Фан клуб - РК Металург

Charon

Нинџа
Член од
31 октомври 2010
Мислења
428
Поени од реакции
1.104
Дали има некој искуство со онлајн купување на карти од тука?
http://kupikartizase.com/

И кога најрано може да се подигнат картите или мора пред самиот натпрeвар?
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
ЗНАЕМЕ РЕЧИСИ СЕ ЗА МЕТАЛУРГ

Металург извлече тежок противник во осминафиналето на Лигата на шампионите. Динамо Минск е извонреден колектив, проект на белорускиот ракомет, а воден е Сергеј Бебешко, 44-годишниот украински ракометен експерт, олимпискиoт шампион од ОИ 1992 во Барселона, каде настапи за селекцијана на Заедницата на независните држави (ЗНД). Г.Бебешко љубезно се согласи да даде кратко интервју за официјалниот сајт на Металург.


1. Што знаете за РК Металург и за македонскиот ракомет?
- Знаеме многу работи. Игравме против Металург во квалификациите за Лигата на шампионите во 2010 година, а и минатото лето на струшкиот турнир. Исто така, контактираме со главниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ(ПРЕДАВНИК). Во тек сме со се што се случува во македонскиот ракомет. Знаеме речиси се за Металург. Го следиме клубот уште од 2010, кога играше во квалификациите за групната фаза на Лигата на шампионите. Сезонава, Металург се покажа во најдоброто издание во групната фаза.
2. Дали сте задоволни со противникот или сакавте да играте против друг тим?
- Металург е многу добар, квалификуван тим. Сите се плашат од клубовите на Бундес-лигата. Секако дека не сакавме дуел со Кил. Меѓутоа сметам дека и Фленсбург би бил добар противник. Македонскиот шампион, пак, многу подобро игра на домашен терен, каде што речиси е непобедлив, подобро отколку на гостинскиот. Во Скопје, Металург изгуби само на еден натпревар, против полскиот тим Виве Киелце, единствениот тим кој сезонава нема изгубено натпревар во групната фаза на Лигата на шампионите.
3. Кои играчи на Металург ви претставуваат најголем проблем?
- Не е тајна дека двајцата главни играчи во составот на македонскиот шампион се голманот Дарко Станиќ, прогласен за најдобар голман на Европскиот шампионат во 2011, и средниот бек Наумче Мојсовски, двигателот на тимот. Треба да имаме предвид дека иако Филип Миркуловски не е толку истакнат играч, сепак, претставува ризик поради стратегијата на игра. Вреди да се спомне и Ренато Вугринец. Овој ветеран е во својата најдобра форма до сега.
4. Што очекувате од средбата со Металург и каков би бил резултатот?
- Се разбира, се надевам дека ќе победи Динамо. Овие два натпревари ќе бидат напнати. Ако земеме предвид дека нашиот тим многу добро игра на гостинските натпревари (тоа го покажавме во групната фаза), ќе треба да го дадеме нашиот максимум во Минск. Натпреварот во Македонија ќе биде многу тежок, но веќе покажавме дека на гостинските натпревари нашите играчи не се откажуваат туку се борат. Мислам дека можеме да победиме во Скопје.
5. Ќе ви биде ли тешко да играте во Скопје пред седум илјади навивачи?
- Веќе игравме во Загреб пред осум илјади навивачи и го победивме локалниот тим. Од една страна, фановите во Скопје се многу поагресивни и подобро ги подржуваат играчите, а и самата сала е понабиена. Од друга страна, теренот е 40 x 20 метри и публиката не дава голови. Не гледаме ништо лошо во тоа што противникот ќе биде поддржуван. Напротив, ќе ни биде задоволство да играме таму, бидејќи ретко играме пред толкава публика. Предходните натпревари покажаа дека и под притисок изгледаме и играме нормално.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.239
Повеќегодишната политика на РК Металург да вложува во младинската школа, за тие млади ракометари еден ден да го облечат првотимскиот дрес и да играат значајна улога на големата ракометна сцена, доби најубава потврда во саботниот натпревар со Загреб во рамките на регионалната лига. На паркетот на кој капитулирале најголемите европски екипи, Металург ја претстави својата младост, својата иднина, олицетворена во голобради момчиња, кои не само што не се уплашија и не потклекнаа туку се справија рамноправно со многу поискусните домаќини, екипата што своевремено беше и европски првак. Двајца од нив, Марко Нелоски и Филип Талески, имаат едвај 16 години.
Марко Нелоски
Најпријатното изненадување на натпреварот беше 16-годишниот Марко Нелоски, членот на Металург јуниор (кој се натпреварува во машката Суперлига).

- Презадоволен сум од играта што ја прикажав на овој за мене прв голем натпревар. Искрено, не очекував да имам толкава минутажа и слобода во играта што ми ја дадоа тренерите Петровски и Јовиќ.
Сигурно дека како поединец немаше да одиграм толку добро доколку ја немав помошта од моите соиграчи, кои исто така се заслужни за головите што ги постигнав. Задоволството ќе беше уште поголемо доколку го победевме Загреб – ни изјави пресреќниот Нелоски, кој имаше повеќе од успешно деби и гол-шоу на дуелот со Загреб, постигнувајќи шест погодоци, што го направи прв стрелец во својот тим.
За идниот „бомбардер“ на Металург сите експерти велат дека е вонсериски талент. Нелоски е роден на 6 јуни 1996 година во Струга и со своите 199 сантиметри игра на позициите лев и централен бек. Вродениот талент за ракомет кај него прв го открил стружанецот Јаковче Матлиевски, кој му бил прв тренер.

Согледувајќи го неговиот потенцијал, Матлиевски им го препорачал Нелоски на одговорните во Металург, сметајќи дека таму ќе ги има најдобрите услови за напредок и за усовршување. Гледајќи за каков талент станува збор, Металург без двоумење го ангажира Нелоски во младинската екипа, каде што продолжува да работи со тренерот Александар Јовиќ.
Марко Нелоски е стипендист на Металург и ученик во втора година во средното фискултурно училиште „Методија Митевски-Брицо“. Минатата година на ракометниот турнир во Валпово (Хрватска) беше прогласен за најдобар играч, а на минатогодишниот турнир во Хвар за најперспективен млад спортист на Балканот. Неловски зад себе има и 16 настапи за пионерската и кадетската репрезентација на Македонија. Најголема желба му е да заигра за некој од големите клубови од Шпанија или од Германија.
Филип Талески

До пред три и пол години Филип Талески (16) беше само момче од Крушево што ужива во скијањето и снегот и ни на крај памет немаше дека еден ден ќе биде оценет како еден од најталентираните ракометари на Металург и на Македонија воопшто. Роден е на 28 март 1996 година во Прилеп, а детството го поминал во Крушево, каде што до пред три години живееше со своето семејство.
По доаѓањето во Скопје, по иницијатива на своите родители, пред три години Филип почнал да тренира ракомет во школата на Металург, во групата на тренерот Благојче Весиќ. Во почетокот мислел дека ракометот не е за него, но, како што поминувале деновите и тренинзите, сѐ повеќе се пронаоѓал во овој спорт.
- Во почетокот не го сакав ракометот како спорт, мислев само на скијањето, но, како што одминуваа деновите, јас со душа чекав да дојде време за тренинг. Се чини дека татко ми, поранешен одбојкар, бил во право кога ми го посочи ракометот како спорт за мене – вели Талески.
Изразената височина и талентот што ги имал Филип не поминале незабележано од управата и одговорните за подмладокот на Металург, па Филип веќе наредниот месец бил префрлен во пионерската екипа на Металург под водство на Александар Јовиќ. Освен од Металург, неговиот талент бил забележан и од селекторите на пионерската и кадетската репрезентација на Македонија, за кои има 16 настапи. Тој со својата височина од 198 см (тежок е 83 кг) е еден од најнадежните бекови што ги има Металург во своите редови.
Со младинската екипа на Металург настапи на повеќе меѓународни турнири, каде што со својот талент и игра привлекол внимание и интерес. Повеќето ракометари тежнеат кон странски клуб, каде што би ја продолжиле кариерата, но Филип е скромен.
- Моја желба е да станам стандарден првотимец на Металург и да ги бранам боите на клубот во Лигата на шампионите. За понатаму, како ќе тече животот – така, во моментов не размислувам за трансфери – вели Филип, кој е ученик во втора година во ДСУ „Марија Склодовска-Кири“ во Скопје, каде што игра ракомет и за школската екипа.
Под будното око на големиот Лино Червар овие млади изданоци на Школата на Металург растат и се развиваат, чекајќи ја својата шанса. Овие деца ја потврдуваат определбата на клубот да се потпре на своите сили, а утре истите тие ракометари да бидат главни носители и на репрезентацијата на Македонија. Иднината на македонскиот ракомет е во нивни раце.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
--- надополнето: 13 март 2013 во 16:16 ---
Уште точно еден ден до почетокот. Утре очекувам добар резултат според мене тешко е да се очекува победа ама што и да биде утре во Борис ќе ги чека пекол што ќе го пренесе на крајот половина свет преку медиумиве
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Се расчисти дилемата за Мојсо. Дефинитивно останува во Автокоманда.

Среќно денес !
 
Член од
28 јануари 2012
Мислења
4.502
Поени од реакции
8.715
Металург во Минск против Динамо во Лигата на шампиони

Ракометарите на Металург во Минск ќе го одиграат првиот осмина финален натпревар во Лигата на шампиони. Домаќин на Металург ќе биде најдобриот белоруски тим Динамо.

Играчите на Металург од вчера се во Минск, каде одработија и еден тренинг во пресрет на натпреварот.
Тренерот Лино Червар, со исклучок на Дејан Манасков, кој поради повреда веќе ја заврши сезоната, на располагање ги има сите играчи – Аце Јоновски и Филип Миркуловски се рехабилитираа од повредите, со кои се здобија на натпреварот со Силкеборг.
Червар, очекува голема борба на паркетот, предупредувајќи дека Динамо игра брз и на моменти премногу агресивен ракомет. Според него одбраната ќе биде клучниот фактор на овој натпревар.
Најголемата опасност по голот на Металург ќе доаѓа од надворешната линија во која се истакнуваат Атман, Остроушко и Николаенко.
Натпреварот во Минск ќе започне во 17 часот, додека реваншот во Скопје на програмата ќе биде во сабота на 23. март.


КАЈГАНА
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Ќе има пренос на МТВ денес.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.762
Поени од реакции
20.480
Shazam will do the work:cool:
Carmina Burana: Fortune, Empress of the World
Колку сакам да ги понижиме Белгијциве
 
M

Mario Gómez

Гостин
Тврда утакмица очекувам, ќе се решава на крајот победникот.

Напред Металург!
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
1.997
Ќе има пренос на МТВ денес.
Прашуваш или кажуваш? По точква како да кажуваш ама на МТВ1 отворив програма не пишуваше дека ќе имало некоја емисија за натпреварот, а не дека ќе го даваат во живо. :unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom