Фан клуб - РК Металург

BoR4e

Manchester United
Член од
28 февруари 2008
Мислења
2.384
Поени од реакции
36
колку е точно резултатот
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Борко Ристовски тотално разочарува. Се гледа дека само го форсираат.

Во Скопје кога играа, имав прилика да го видам Борко како неколку пати му кажува на Шундовски да го смени Ф.Лазаров. Како Борко да е тренер, исто така Борко мавташе со рака кога Шундовски покажуваше кон Шмигиќ, затоа и Шмиго играше толку малку.

Знам дека Борко е најплатен ракометар во Македонија, зима 7.000евра месечно. Изгледа тоа му е плата и за тренерско место...паралелно ги работи.


Инаку нека е честито пласманот во 8те најдобри во КПК, најдобар пласман на македонска екипа во европските купови! Браво!
Вториот голман Брестовац го спасил Металург со 20обрани...Ристовски незнам само како се согласил да го напушти голот.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
добро идеме даље :D
браво за брестовац,и останатите идеме даље


оф топик:како е можно ниедна телевизија да не вршеше пренос од утакмицава???
срамота
 

Ddime

████████████████████
Член од
18 февруари 2007
Мислења
5.076
Поени од реакции
212
Македонскиот ракометен првак Металург вечерва во "Пјер Де Кубертен" загуби од Париз со 6 разлика(27:21), но сепак се пласираше во 1/4финалето од Купот на победниците на куповите.
Предноста од 9 гола која ја обезбеди Металург во првиот дуел во Скопје, на крајот се покажа како доволна за Металурзите да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри екипи во вториот по ранг европско ракометно натпреварување.
Во првото полувреме Парижаните покажаа деке немаат намера лесно да се откажат од 1/4финалето. Во четири наврати во првото полувреме, екипата на Париз имаше предност од 7гола, сепак во самиот финиш на првото полувреме Металург да дја намали предноста на -5гола. Пред крајот на првиот дел, дојде до замена на нашиот гол, каде Борко Ристовски беше заменет со Данило Брестовац кој успеа да прокнижи 20обрани, и се покаже како клучен играч за пласманот на Металург во 1/4финалето.
Во второто Металург предводен од оличната одбрана, стигна на минус четири, но по неколку исклучувања, и по лоша игра во нападот, Париз дојде до резултатот кој го носи понатаму, 25:16 во 49. минута. Сепак пред крајот, Металург успеа да ја намали предноста, и со -5гола влезе во позледните 2минути кога веке се знаеше кој е патникот во 1/4финалето. На крајот пораз вреден победа за Металург и конечни 27:21.
Најдобар во нападот на нашата екипа беше Филип Лазаров кој натпреварот го заврши со 6 гола, меѓу кои 2 од пенал. Маљцев одигра одлично второ полувреме, постигна 4 гола, а покрај него и Ѓоргоновски и Александар Јовиќ единствено се запишаа во листата на стрелци во второто полувреме, со по 2 гола, иако во првите 30 минути не постигнаа ниту еден. Натпреварот со по 2 постигнати гола го завршија и Шмигиќ, Недановски и Стојанче Стоилов, а 1 постигна Филип Миркуловски.

извор: www.sportdenes.com
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.978
Поени од реакции
143
Браво... каков срам ќе беше да изгубиме со повеќе од 9 голови.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Добра е сме се извадиле.Супер успеавме да се пласираме во 1/4 финалето.Ајде сега одиме уште понатаму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom