Абе џабе збориш така е и оваа година на Загреб му се помага и му се помагаше и распоредот се кладам дека им е местен на почетоков да се мине фазата по групи притоа немаат многу патувања, го кажа тоа јавно и Лино. И затоа имаат право да се бунат Металург. А ако Металург не игра во лигава тоа ќе биде изолација и неуспех и за македонскиот машки ракомет, сега со многу поголемиот состав не сите играчи имаат можност да играат во ЛШ, така за некои останува место СЕХА...
Или со други зборови ете зашто Вардар ја освои СЕХА зашто имаше свежина, ги фати во најгусто Загреб и Металург кога се кршеа во ЛШ, и нашите Македонски играчи додека се кршеа во Гетеборг. Ете ти факт и пример за лош распоред ама се одигра и тоа ОК. Само сега исклучување на Металург своеволно ради несериозност е глупост поголема, Металург не може да се изолируа туку мора да бара рамноправност а не со детски финти дека само Металург се жалел а на сите други им било ок па ок им е кога цела година играат само СЕХА. Мора посериозен распоред и рамноправност.
Не биди и ти како оние Левче Китевски и други циркузанти, намерно им местеле распоред таков

Распоредот се правеше пред да има ждребка за ЛШ (нека ме поправи некој ако грешам), а друга работа од кај знаеа дека Металург воопшто ќе влезе во ЛШ па да им го "сместат" лошиот распоред?
На крај краева колку лош може да биде тој распоред кога секако на крај решава фајнл-форот а со тимот што го има Металург СРАМОТА е да плачат за распоредот, СРАМОТА е тим кој се декларира како најдобар на Балканот, да плаче пошто се усрани дека нема ни до фајнл-фор да стигнат, покрај екипи што се дупло послаби од нив.
Мене повеќе ми личи дека уште од старт пробуваат некое алиби да си купат за евентуален неуспех.
Не е лига ова, и да изгубат неколку меча големо чудо, секако ќе одат во фајнл-фор.
И другите екипи играат во Европа, сега купот на ЕХФ истотака има групна фаза, еми што правиме ако Вардар, Нексе, Брест Мешков, Татран Прешов, Слога или Борац влезат во групите? Треба ли тогаш да плачат за лошиот распоред?
Моментот е што ако побараат одложување на средбата никој нема да им замери, ама не, они МОРА ДА ПОТЕНЦИРААТ како му се помага на Загреб, како они се незадоволни од судењето кога и да изгубат, па лигата била смешна, па вака било така било...
Никој нема да им замери што изгубиле, големо чудо, одмарале играчи и изгубиле. Ама не они мора да ја омаловажат лигата, да ислукаат се живо и диво, демек лигава испод чест им е...