Фан клуб - РК Металург

Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Па реални да бидеме не се шутери ни Мојсо, а поготово не Миркуловски. Не знаеме што точно се случува на утакмицава ама претпоставувам повеќето голови од влезови им се, ај Мојсо може шутирал, ама за Миркуловски не верувам, еден од десет напади му е шут од девет метри.

Како и да е доколку успееме да влеземе во групи таму ќе се види недостигот на Марковиќ како и недостигот на лев бек шутер.

36 мин 17-9
Од 17 голови кои Мојсо (9) и Мирче (8) ги дадоа на овој натпревар 11 се од 9 метри! На Мирче 5 од 8 гола се од 9 метри, тоа се 62,5 % ! За Мојсо 6 од 9 или 66,66 % се од 9 метри! А вкупно за двајцата 64,5 % од сите нивни голови се од 9 метри. И сеа шо праиме?
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Честитки до Металург за пласманот во Лигата на шампионите лани бев скоро на сите утакмици што Металург дома ги играше во лига на шампиони одлична игра имаше и одлична атмосфера, а и Мзт ќе игра исто во салата Борис Трајковски, така да ќе биде малку густо ама за убаво нека е:D Само се надевам дека ќе има многу повеќе интерес од седишта и дека ќе направиме една сала како Белградска Арена за 18 000 публика во НБА стил градена поздрав
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Честито!!! Само Вукиќевиќ беше грешка голема штета што нема бек како Марковиќ... Групава во ЛШ може да се мине.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Како и шо очекував,лесна победа на Металург..
Хаслум беше премногу ослабен оваа сезона за да напрај беља како лани...
Полесниот дел од задачата е остварен,сега треба добро да се престават во ЛШ...
По мое мислење оваа група е за класа посилна од ланската.....
Ако ги изземам Русите,кои се мачат секоја сезона со парите,но пак се тука...сите други екипи заслужуваат максимален респект..
Киелце е прв фаворит,тука нема дискусија....имаат врвна екипа,иако малку се психички нестабилни и лесно се губат на гостувања...(полска работа)..:D
Можат секого да го победат,но можат и од секого да изгубат...
Но сепак ова е голем тим,кој од година во година е се појјак...
Оваа сезона ги зедоа Биелицки,Чупиќ,Штрлек,Олафсон...костурот на тимот од лани е тука,врвни бекови како Михаел Јурецки,Грегор Ткачиг,Урош Зорман,Бунтиќ,Кристоф Лијевски....вистински полски дрим тим....
Очекувам да немаат проблеми на патот до прво место...
Шамбери е секогаш тука,и тие се доста нестабилна екипа,можат секого да победат,но и да изгубат од некои послаби екипи..
Ги вратија браќата Жил од ХСВ,ама останаа без Бараше....имаат неколку Балканци во екипата,Дамир Бичаниќ,Един Башиќ..тука е Чехот Карел Ночар...плус еден куп млади француски играчи....познавајќи ги способностите на црномурестите французи се работi за доста силна екипа,но не и непобедлива во Скопје...
Горење е голема непознаница...
Имаат исклучиво словенски тим,со само два странци,Србинот Гајиќ и Црногорецот Мелиќ...
Екипа која убедливо ја освои титулата во Словенија,пред тимови како Копер и Цеље(видовме до кај стигнаа лани и Копер и Цеље во Европа).......ова е доказ за нивниот квалитет..
Словенците отсекогаш имале врвни домашни играчи...никој со нив нема да излези лесно на крај,посебно не во Словенија....ова се однесува пред се за Киелце и Шамбери.....
Данците,не се на нивото од лани кога ги изгубија сите мечеви во групата на смртта....:D
Им замина голманот Ландин,имаат солидна замена во Србинот Шијан....
Тука е една голема звезда како Лауге Шмит,доста добар млад играч,репрезентативец на Данска...
Имаат неколку искусни стари кучиња како Каспер Нилсен,Моргенсен...
Не се на нивото како ланскиот дрим тим на Копенхаген,овде Металург многу ќари...
Но сепак данска екипа си е класика,со нив нема играње,никогаш не си на чисто,тие играат до последна секунда за победа,и секое потценување на овие тимови е скапо....
Мислам дека и Данците можат да паднат во Скопје....
Русите како и лани мислам дека се залутани во ЛШ,и ќе завршат со минимален број на бодови..
Уште еден доказ дека рускиот ракомет е во криза,освен мечињата друга екипа нема....
Очекувам Металург да бие битка за 3,4 место..
Од нив зависи,ако добијат ги грото од мечевите на домашен терен,со некое бодче од страна пласманот во 1/8 е реален...
Но оваа сезона нема да имаат толку лесна задача,освен во Русија,на сите други гостувања ќе биди пеколно тешко,,,,
А и на домашен терен ќе треба да се вложат максимални напори да се добијат сите овие тимови,освен Русите...
Мора да најдат десен бек,под итно,имаат време уште некоја недела....
Без десен бек тешко ќе оди.....
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Честитки за пласманот на Металург во Лигата на шампионите :) . Сега прв меч од групата Ц според програмата ќе биде на гостински терен против францускиот тим на Шамбери на 30 септември 2012. Му посакувам на Металург успешни игри и резултати во групната фаза.
 
P

PewDiePie

Гостин
Без бек ништо не прават,имаа историска шанса да фрлат добра пара да го земат Балич,ама ништо не направија.

Стварно незнам како ќе го заменат Маркович,ама мора да земат некој квалитетен играч ако сакаат било каков успех.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.086
Поени од реакции
74.847
Без бек ништо не прават,имаа историска шанса да фрлат добра пара да го земат Балич,ама ништо не направија.

Стварно незнам како ќе го заменат Маркович,ама мора да земат некој квалитетен играч ако сакаат било каков успех.
Па Балиќ не е десен бек, а на позицијата кај што игра имаат еден куп бекови...
Реално никој подобар од Марковиќ немаше да им дојде, ретко кои играчи од таков тип се залажуваат да играат во лига како нашата.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Освен Левов да почне да игра како што треба, не гледам друго решение за таа позиција. :)
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Од 17 голови кои Мојсо (9) и Мирче (8) ги дадоа на овој натпревар 11 се од 9 метри! На Мирче 5 од 8 гола се од 9 метри, тоа се 62,5 % ! За Мојсо 6 од 9 или 66,66 % се од 9 метри! А вкупно за двајцата 64,5 % од сите нивни голови се од 9 метри. И сеа шо праиме?
Мојсо 6 има дадено не знам од кај му најде 9 гола.:confused:

А ако мислиш дека може на нив да се потпреме како шутери од дистанца се лажеш. Ај Мојсо како што реков погоре ќе го биде колку толку, ама Миркуловски тешко. Една утакмица ако се распуцал немора да значи дека секоја ќе му оди шутот, мислам и дека е докажано дека повеќе е на влез отколку на шут од девет. Ќе се увериш кога ќе дојдат утакмиците од ЛШ и ќе играме против посериозни противници.

За групата во ЛШ мислам дека не е ни лесна ни тешка. Освен Килце против кои очекувам два порази сите други екипи се победливи на наш терен. На гости очекувам барем две победи против Санкт Петерсбург и Силкеборг (лани мислам дека сите порази им беа во групна фаза и не се нешто посебно) и барем едно нерешено против Горење или пак Шамбери (им дојдоа браќата Жил па ќе видиме колку се појачале).

Првата утакмица е на 30ти овој месец против Шамбери во гости, па ете шанса да ги изненадиме и да освоиме некој бод.
 
Таа статистика беше на сајтот на кој ја следев утакмицата али гледам за Мојсо друга статистика на ЕХФ. Зашто е тоа така незнам. Нивна грешка што да се прави.
Да ни требаат високи бекови шутери но не како Марковиќ.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Без бек ништо не прават,имаа историска шанса да фрлат добра пара да го земат Балич,ама ништо не направија.

Стварно незнам како ќе го заменат Маркович,ама мора да земат некој квалитетен играч ако сакаат било каков успех.
сеуште можат ли да земат некој деен бек или?
 
Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.505
Поени од реакции
1.894
Значи како се зезнаа што го шитнаа Маркович.Наместо да го задржеа и да земеа лев бек и некое крило за да бидат подобри во лш, Металург годинава тешко да го повтори успехот од лани а не пак да направи нешто повеќе .
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Значи како се зезнаа што го шитнаа Маркович.Наместо да го задржеа и да земеа лев бек и некое крило за да бидат подобри во лш, Металург годинава тешко да го повтори успехот од лани а не пак да направи нешто повеќе .

Има едно 30 страни назад кога го викав истото дека да дадеш играч како Марковиќ што е реткост како замена за голман макар и ван сериски е многу глупа одлука.Пола ме правеа будала.

Или требаше да се искешираат за Станиќ или да најдат некоја послаба замена што искрено беше сосема изводливо.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom