Зошто доста од вас овде имате директни контакти во тимовите и помеѓу играчите, може ли да ми објасните од каде произлегува немањето на каква било професионалност и желба за унапредување и победа кај македонските "таленти"? Јас разбирам дека не може секој да биде супер талент и да има неверојатни физички предиспозиции али кога ќе видам дека ја немаат желбата ниту физички да се спремат а ги имаат условите ( барем во случајот за Вардар) е тоа е тогаш навистина огромен проблем.
Пола од "вечните таленти" изгледаат како жртви на холокауст/ се дебели или затвораат клубови ден пред натпревар. Тоа е дозволиво ако си легенда како Чупич па макар и пушел цигари на полувреме знаеш дека ќе си ја заврши работата. Али не од комплетно просечни играчи.
Македонските „таленти“ се заштитени затоа што знаат дека позицијата не им е загрозена. Како што Талески, Кузмановски и останатите направија успех на младинското У21, така се афирмираа точно во македонскиот ракомет и си ги забетонираа позициите.
Сега, кога позицијата не ти е загрозена, немаш притисок. Нашите како наши, не чувствуваат обврска да тренираат. Ако знаеш дека имаш конкуренција и дека утре ќе јадеш шут-карта, друга ќе ти биде филозофијата и пристапот кон спортот. А, вака, знаеш дека голман на пример е дефицит, свиркај си. Знаеш дека Кире нема кој да го замени, ти и уште два-тројца сте на таа позиција, пак свиркај си.
Башка што се мрзи сите. Немаат победнички менталитет. Немаат менталитет за да стремат кон повеќе. Затоа успех ни е 10 место на големите настани. Затоа што се задоволуваме со малку. Ретки се спортистите како што е Кире Лазаров, вистински пример за секого. 40 години кариера, а уште игра како младинец. Настрана што е тежок карактер, зборам тука за професионалноста. Имаме 50 професионални ракометари, списокот за репрезентација е 25. Така што...
А и голем проблем е што на 21-22-23 уште го викаме „талент“ и „млад“. Тој треба да биде носител на тие години. Млад и талент во спортот некогаш беше на тие години. Сега си млад и талент на 16-17 години. 19+ треба да си веќе афирмиран во прв тим.