Фан клуб - РК Вардар

Член од
1 јули 2020
Мислења
1.654
Поени од реакции
7.550
Зошто доста од вас овде имате директни контакти во тимовите и помеѓу играчите, може ли да ми објасните од каде произлегува немањето на каква било професионалност и желба за унапредување и победа кај македонските "таленти"? Јас разбирам дека не може секој да биде супер талент и да има неверојатни физички предиспозиции али кога ќе видам дека ја немаат желбата ниту физички да се спремат а ги имаат условите ( барем во случајот за Вардар) е тоа е тогаш навистина огромен проблем.

Пола од "вечните таленти" изгледаат како жртви на холокауст/ се дебели или затвораат клубови ден пред натпревар. Тоа е дозволиво ако си легенда како Чупич па макар и пушел цигари на полувреме знаеш дека ќе си ја заврши работата. Али не од комплетно просечни играчи.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Зошто доста од вас овде имате директни контакти во тимовите и помеѓу играчите, може ли да ми објасните од каде произлегува немањето на каква било професионалност и желба за унапредување и победа кај македонските "таленти"? Јас разбирам дека не може секој да биде супер талент и да има неверојатни физички предиспозиции али кога ќе видам дека ја немаат желбата ниту физички да се спремат а ги имаат условите ( барем во случајот за Вардар) е тоа е тогаш навистина огромен проблем.

Неможе Талевски како професионален ракометар сите овие години сеуште да изгледа како жртва на холокауст.
Затоа што слободното време го користат да трчаат по жени а не да вложат во себеси. Ок, не дека Хансен не бркал жени на нивни години, боже сачувај ама треба да се има приоритети во животот.
Сосема обратен пример е Ким Екдал ду Риц - ликот 100 пати има кажано дека не сака ракомет, дека спортов го гледа како работно место ама обврска на секој работник е да биде професионален и да се стреми на успеси а не само стани, отиди на тренинг и колку да пројде времето.
 
Член од
11 мај 2020
Мислења
125
Поени од реакции
285
Зошто доста од вас овде имате директни контакти во тимовите и помеѓу играчите, може ли да ми објасните од каде произлегува немањето на каква било професионалност и желба за унапредување и победа кај македонските "таленти"? Јас разбирам дека не може секој да биде супер талент и да има неверојатни физички предиспозиции али кога ќе видам дека ја немаат желбата ниту физички да се спремат а ги имаат условите ( барем во случајот за Вардар) е тоа е тогаш навистина огромен проблем.

Пола од "вечните таленти" изгледаат како жртви на холокауст/ се дебели или затвораат клубови ден пред натпревар. Тоа е дозволиво ако си легенда како Чупич па макар и пушел цигари на полувреме знаеш дека ќе си ја заврши работата. Али не од комплетно просечни играчи.
Македонските „таленти“ се заштитени затоа што знаат дека позицијата не им е загрозена. Како што Талески, Кузмановски и останатите направија успех на младинското У21, така се афирмираа точно во македонскиот ракомет и си ги забетонираа позициите.

Сега, кога позицијата не ти е загрозена, немаш притисок. Нашите како наши, не чувствуваат обврска да тренираат. Ако знаеш дека имаш конкуренција и дека утре ќе јадеш шут-карта, друга ќе ти биде филозофијата и пристапот кон спортот. А, вака, знаеш дека голман на пример е дефицит, свиркај си. Знаеш дека Кире нема кој да го замени, ти и уште два-тројца сте на таа позиција, пак свиркај си.

Башка што се мрзи сите. Немаат победнички менталитет. Немаат менталитет за да стремат кон повеќе. Затоа успех ни е 10 место на големите настани. Затоа што се задоволуваме со малку. Ретки се спортистите како што е Кире Лазаров, вистински пример за секого. 40 години кариера, а уште игра како младинец. Настрана што е тежок карактер, зборам тука за професионалноста. Имаме 50 професионални ракометари, списокот за репрезентација е 25. Така што...

А и голем проблем е што на 21-22-23 уште го викаме „талент“ и „млад“. Тој треба да биде носител на тие години. Млад и талент во спортот некогаш беше на тие години. Сега си млад и талент на 16-17 години. 19+ треба да си веќе афирмиран во прв тим.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
184
Поени од реакции
241
Алушевски во ваква група ако издржи 3 кола да биде тренер, би било премија. Повеќе од јасно е дека Вујо е на готовс, чека само повик.
Иначе, после ваква тешка група, Михо сигурно ќе одврзе ќесето и ќе купи класа среден бек.
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Алушевски веќе не е тренер на Вардар, сите знаат само он не, али се чека прв најмал кикс да го шутнат.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Многу сте се фатиле за Стевче. Не е почната сезоната, а многу негативна енергија. Дај ќе го видиме како ќе работи. За наши услови, добар ракометар беше, играше 10 години во Вардар. Малку ме плаши колку авторитет ќе има, и дека немаше добри резултати со Еурофарм, ама јас подготвен сум да му дадам шанса.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874

Ако си добар играч, не значи дека ќе бидеш и добар тренер. Сакале нејќеле мора да му дадеме шанса, ама реално нема никакво искуство, ниту пак бил помошник на некој врвен тренер па да речеш од него учел. Тоа е што е, избор нема ниту финансии за некој подобар тренер. Се надевам нема бродолом да ни се деси и да изгуби авторитет па да менуваме тренер на сред сезона.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
880
Поени од реакции
1.656
Ништо од Зарабец, доаѓа Јотиќ

Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.172
Поени од реакции
4.093
Нека биде овој во ротација за лев бек, нека се донесе подобар среден :/

Не дека е лош играч, ама не се споредува со Зарабец.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Луѓе Кантегрел веќе спојувал реченици на македонски, ноу комент. Знам дека става сториња дека учи ама работата е каде каде напредна :cuc: Она мулено по столови што се качуваше ни англиски ни германски и после западот не не сака.
А мулето е кој?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom