Вујо, Столе, Кара, Тимур, Чупиќ се дел од момците што го создадоа митот за РК Вардар и станаа легенди на клубот. Со секоја чест и на претходните тренери што го издигнаа Вардар и го направија посебен клуб на кој и скоро цела постава да му заминеше кај оние што пробуваа да го соберат најдоброто со години не им успеваше да бидат како Вардар. Благодарение токму на овие дечки понесени од навивачите. Ако дојде воопшто Вујо барем ќе имаме човек што срце и душа давал за Вардар, Скопје и Комити, што доаѓа често и како тренер на друг клуб да го гледа Вардар, кога во моментов немаме и нема ни да имаме шанси да имаме подобар тренер, на пример Парондо да го вратиме, Вујо е 1 на 10 за еден ваков тим и стварно не знам зошто би имал некој против да вратиме една вардарова легенда која може многу да даде. Исто како да не ни е потребен Карачиќ ако најдеме друг среден бек иако би бил послаб и понедокажан.