Во ред, ама за тие одлуки се гласа, па тие пари мора да се пресметаат во буџет некако, процеси се тоа. Они би требало да ги добијат тие пари. Заев најави дека ќе им дадат награда од пола милион, па се сретнаа со играчите, им честитаа, им рекоа дека ќе ги наградат со пола милионче. Па тек после месец они ја изгласаа таа одлука на владина седница, дека ќе им ги дадат парите. Значи после месец тоа стана официјално. Потоа треба да видат од кај ќе ги извадат тие пари. Си треба време тоа. Се согласувам дека многу време е поминато, ама ти викам, знам луѓе што држат обуки за државни хонорари и после чекаат по 6 месеци и више за 200-300 евра. И ова се дешавало у време на ВМРО и на СДСМ, едноставно тоа се спори процеси некогаш. Не значи дека е тенденциозно. Они чим ја изгласле одлуката, парите мора да ги дадат, што ќе им е ваков негативен публицитет дека лажеле?