Треба да се соочиме со реалноста дека не цветаат рози во колективите на Самсоненко.
Фудбалерите си одат секој ден, го пуштија без оштета убедлио најдобриот фудбалер кој некогаш играл во Вардар (иако имаше договор на уште 2-3 години), што доволно говори дека не само што не гледаат како да заработат, туку гледаат да се ослободат од поскапо платените играчи и немаат никаков план за иднината.
ЖРК Вардар се распаѓа ЦЕЛОСНО.
Еден колектив престанува да постои, а во РК Вардар КОЈ Е ШАМПИОН НА ЕВРОПА и ФК Вардар се на се е потпишан САМО ЕДЕН ИГРАЧ за наредна сезона.
Во фудбал влегуваме во ЛЕ, продаваме поола тим и нема најава за ниту едно заслилување.
Рк пушта 6-7 играчи од прв тим, дел од нив меѓу носителите на играта. Остануваме на скрпен тим со играчи кои ги имавме или можевме да си ги дозволиме и во време на Михајло и веројатно причината поради која остануваат е фактот што имаат важечки договори.
Тоа што е интересно е што единствениот играч кој официјално сме го потпишале е повратник-ветеран кој доаѓа само заради тоа што фамилијата му е овде. Веројатно му излегле во пресрет, а за тоа му дале некоја пониска плата од реалната.
Значи, во тимовите воопшто не се размислува за иднината и евидентно е дека сите овие шпекулации за засилувања се чисти невистини. Што треба да очекуваме од тимот кој имал амбиција да потпише неактивен голман како Станиќ? Човекот еднаш го вратија од мртвите, но тоа беше пред 100 сезони, а ние како шампиони на Европа сме сакале да го купиме и да го воскреснеме повторно.
Не е на арно работата, не верувајте во вакви шпекулации за засилувања.