О’Бранаган критикува: Ракометарите на Вардар не го слушаат Раул
- Автор: ekipa
- Објавено: март 19, 2015 16:01
Познатиот ракометен коментатор и аналитичар, Том О’Бранаган, во својот последен блог за официјалната веб-страница на Лигата на шампионите на ЕХФ истакна дека не е изненаден од убедливата победа на Висла Плоцк на дуелот со Вардар. Тој потенцираше дека главен проблем на македонскиот состав е што не е создаден силен колектив, иако во своите редови поседува квалитетни индивидуалци.
„
Висла играше против Вардар и победи со шест гола. Изненадување? Според мене, воопшто не е изненадување бидејќи сезонава бев во Плоцк, ја знаев атмосферата и гледав како тимот расте. Маноло создаде квалитетна група, Полјаците се борат еден за друг и никогаш не се прeдаваат. Тој целосно ја доби битката против Вардар, според мене овој меч беше класичен пример како една екипа победува група од индивидуалци. Вардар можеби има добар стратег како Раул Гонзалез, но се чини дека ракометарите не ги слушаат зборовите на својот тренер. Има многу талентирани индивидуалци, но зависат од Душебајев, Карачиќ и Дибиров и нивните моменти на магија. Ако анализирате малку подлабоко, многу ретко може да се забележи тимска акција. Тоа се моменти на генијалност што само играчи со редок талент можат да ги направат. Исто така, премногу се зависи од Штербик и од неговите одбрани на голот, ако го соберете тоа, добивате рецепт за катастрофа“ – пишува О’Бранаган во својот блог.
Без оглед на тоа, познатиот ТВ-коментарот верува дека „вардарци“ би можеле да стигнат до посакуваната победа од седум гола, носени на крилјата насвоите навивачи.
„
Сепак, постои светло на крајот на тунелот за фановите на Вардар. Ако Плоцк е првиот круг од пеколот за гостинскиот тим, тогаш салата „Јане Сандански“ во Скопје е деветтиот. Никогаш досега немам слушнато таква бука во ракометна арена, мислам дека и самиот терен се тресе. Негатива од шест гола всушност значи да се надополнува по еден гол на секои десет минути игра, нешто што може да се опише за лесно остварливо. Позицијата десен бек во одбраната исто така е слабост за домашниот тим, некогаш Душебајев делува како скапо платена екстраваганција од тој аспект. Тој е одличен во нападот, но во одбраната веќе влегуваат Абутовиќ и Растворцев, па трета замена напад-одбрана едноставно не е возможна“ – анализира Том О’Бранаган.[DOUBLEPOST=1426780316][/DOUBLEPOST]Интересна анализа на О'Бранаган иако не се сложувам со некои делови.
Не се сложувам дека не играме тимски или пак дека немаме доволно уиграни акции. Точно, тоа беше случај во Полска исто како и со Целје првата утакмица дека се играше индивидуално, но во неколку изминати утакмици покажавме дека и тоа како знаеме да играме како тим и дека сме одлично воиграни и за транзиција и за крила и за пикер.
По мене главниот проблем настанува на гости кога почнуваме да губиме и имаме пад на играта. Е тогаш во право е дека не го слушаат Гонзалес туку форсираат (Карачиќ, Дибиров) индивидуална игра што некогаш дава резултат некогаш не како што беше случајот во Плок.