Јас мислам дека ние ростерот го затворивме пред еден месец и воопшто немавме во план да носиме веќе играчи, повеќе ми делува како Борозан сам да се понудил на Вардар, во спротивно ќе потпишеше многу порано, нема друга логика, зошто би потпишувале слободен играч после цели одработени припреми и веќе одиграни пријателски натпревари?
Во секој случај трансферот Вуко може да испадне многу добра зделка, последното Европско на кое играше во Јануари дава многу надеж, на 3 натпревари против Србија, Исланд и Унгарија има постигнато 17 гола.
Кога играше во Вардар беше меѓу најдобрите леви бекови во светот, ако врати барем 50% од таа форма ќе биде убедливо најдобар играч во лигата.
Во Вардар од секогаш имало различни карактери на луѓе и секогаш сме имале одлична хемија во екипата, незнам зошто толку има страв дека ќе прави проблеми или ќе растури атмосфера, додека играше кај нас никогаш никаков инцидент нема направено, така ако гледаме и Борко е многу конфликтна личност и скаран е со пола Македонија, а кај нас беше еден од клучните луѓе што се избори за опстанок на клубот.
Вуко си замина поради финасиските проблеми, исто би постапиле и повеќето играчи во светот, тоа што Столе, Кара, Тимур, Чупиќ, Шишкарев и екипата останаа во Вардар е показател за нивната човечка големина и лојалност кон клубот, ретки се таквите луѓе во денешниот спорт, одамна помина времето кога се играше само од љубов за клубовите, нема тука многу што да му се замери на Борозан.
За мене е добредојден и се надевам пак ќе решета мрежи како во првиот мандат во Вардар.