Резервирај го сезонскиот билет и гледај го Вардар - RK VARDAR 1961 I Official site
Бааги солени цениве за сезонскиве карти, според мене тотално неоправдано.
Прво и основно играме ЛЕ, мали групи со по 4 тимови што значи дека дома само 3 европски мечеви ќе се играат на домашен терен.
Во домашното првенство се знае, единствените мечеви кои ќе бидат посетени ќе бидат против Еурофарм Пелистер и Алкалоид.
Кој ќе оди да го гледа мечеви со Пролет, Прилеп, Бисинов, Струга? Јас и уште 50 болесници максимум, да не збориме дека на тие мечеви влезот е слободен и секој што сака да влезе - влегува.
Второ, станува збор за „сува“ карта, ништо повеќе не добива тој што ќе купи. Ај океј, може да си го „резервира“ местото и идната сезона, но тоа е нешто што е минимум кога станува збор за сезонски карти.
Треба да се најде модел како да се охрабрат луѓето да потрошат екстра пари.
Гледав пред некој месец кај Динамо на пример со сезонската карта тој што ја има добива можност да го користи базенот кој се наоѓа во склоп на нивната сала во одреден дел од денот.
Кој е тој човек со фамилија што е у можност на почеток на школска година да даде 7200 денари за сезонска карта под претпоставка дека ќе земе две (сопруг, сопруга, дете)? Мал е бројот на тие луѓе.
Животот у Скопје е поскапен за 300% во задњиве 3-4 години, куповната моќ е многу падната.
Не верувам во таква ситуација дека некој ќе реши да даде 50-тина евра за нешто што е можеби 15-то на листата на приоритети.
И онака нема буџетот да го наполнат од карти, тоа освен во Германија никаде во Европа не е случај.
Подобро е да е пристапно и ефтино, а да се полни салата, да им создадеш навика на луѓето да одат и да купуваат карти него полупразно.