Океј, го запознавме и другото лице на нашиот состав
Во целава ситуација добро е што киксот дојде рано, мада дали е кикс или толку ни е квалитетот допрва ќе дознаеме
Многу пропусти денеска, мада и со толку лоша игра пак ќе бевме поконкурентни ако десните крила немаа УЖАСЕН ДЕН.
И секако ако гостинскиот голман не фатеше милијарда топки
Ете што значи да се има ГОЛМАН во составот...
Трагедија сме, па колку сака нека имаме јак тим со Станиќ на голот немаме ни теорија против Металург ако се земе во предвид што наѓиве голмани топка неможат да фатат.
Милиќ фати неколку топки на крајот и тоа беше се...
И таа една што ја фати ја посра пошто ја фрли во нивни раце...
Шиме
Кај го најдоа бе леле
Еднаш утнаа овие дур бранеше и таа ќе си ја пикнеше за малку во гол
Златен Борко
Лазаров изигра одличен меч и можеби беше единствен за пофалба.
Крилата потфрлија тотално... Тоа беш главната причина зашто изгубивме, покрај немањето голман и катастрофалната одбрана.
Особено десните крила потфрлија, не само што утнаа 38793871289032089 зицери туку и во одбрана сарма ги направија на нивна страна.
Вујо изротира се што можеше. Единствено замерувам што го извади Лазаров кога овој фати залет.
И овие не беа ништо посебно во одбрана, Лазаров и Прибак одлично ги потфатија едно време, а на крај и Петриќ си влегуваше како сака.
И на пикер изнауткавме... Незнам зашто Столе не играше до 45-та минута
Се познава отсуството на Кукоски во одбрана.
Што ни правеше тој Антл
Аиииии каков играч
Како сакаше си влагаше, никој неможеше да го фати, сто гола ни даде.
На почетокот од 2-2 ни направија 2-7
Сите голови исти, одбрана на нивниот голман, Антл истрчува сам во контра и гол.
Сто посто даде над 10 гола...
И тој пикерот волетина у пм, кога фативме залет он ги одржа во игра. Кај го најдоа му ебам Петрото
Нашиве индолентно во одбрана, дур се свестија дека така нема да го сдобијат мечот касно беше...
И секако мојот омилен играч Криштофанс...
Е ова е разбивач, ЗЕМЕТЕ ГО ВО ВАРДАР
Не наполни и он сигурно околу 10 гола даде...
Со 4-5 играчи не тепаа...
Имавме шанса да се вратиме во повеќе наврати. Прво имавме напади за да дојдеме на -1 но сите завршуваа со промшени зицери на Раковиќ или Јо9вчевски, поочајна партија никогаш не изиграле
Прво Раковиќ се изнаутка на почетокот и ради него и Петриќ направија 2-7, па Јовчевски почна солидно, се вративме и после ради него не израмнивме се изнаутка. Место со -2 си отидовме со -3 на полувреме со гол примен со играч помалку благодарение на тоа што го оставија Криштофанс да ни ја откине мрежата...
Второ полувреме се движевме од -3 до -5, се кога имавме шанса да намалиме и да се вратиме во игра уткавме зицери, а предничеа крилата особено Раковиќ,ниеден гол мислам дека не даде денес.
И со играч помалку бевме резили...
Не ми се допадна што Вујо скрен и ептен притисок се нарави врз судиите. Океј згрешија нешто чат-пат али не требаше цела кклупша да земе да се буни како што прават неслужбените лица од Автокоманда.
Цела сала проба со притисок откако нашиве се свестија дека може да намалат и кога тебаше да се фати последниот воз нивниот голман скина неколку зицери, една контра посравме на -3 откако еден му ја лупна на Јовчевски во грб по што ја украдоа и пак сдојдоа на -4, а еднаш Милиќ им ја подари. Вујо беше бесен, особено кон Марковиќ и Рајковиќ. Овој Рајковиќ дрво невидено...
Салата солидно исполнета. Навивање од 40-тина души, колку да има некаква атмосфера
На крај играчите беа поздравени со аплауз, па овој пораз нека им биде за памет...
Добро е што конечно имаме солиден број на публика, нека се створи навика кај народот, па да имаат поголеми мотиви за игра. Мада како тргнало пред навивачи секогаш послабо играат