Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.541
Поени од реакции
4.078
Дури и со овој тим Вардар зимаше титула да останеше Дејвис на клупа. Недановски тешка незналица од тренер.
Прво немаше да дозволи пораз од Алкалоид, второ и оваа ќе ја добиеше глатко.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.092
Поени од реакции
10.115
Тоа шо не требаше да го направиме, го направивме. Имаш 15-15 плус напад за водство на два пати, контролираш меч и на крај влагаш у тие конфузни црни минути и тоа со стил (давање топку у раце, фрлање у аут и примање најлесни голови од конттра кога се крши резултатот). Тоа е , све се собра кога најмалку требаше. Од труба тренер, до мањак играчи на одредени позиции, и се одрази кога најмалку требаше. Нека им е честито титулата на шурите, мислам дека да не освоеа и годинава ќе имаше жртви. Као што пишав и пред натпреварот за нас најважно е доколку е се исплатено од долговите, и доколку би добиле финансиска стабилност. Титулата лесно ќе ја вратиме во таква ситуација.
 
Член од
11 ноември 2012
Мислења
1.406
Поени од реакции
4.265
Јебига, не ја догледав - исклучив.
Имавме титула во рака и место да си го ладиме денес во Битола, ние губиме од Алкалоид. Се беше јасно после тој пораз.
Јебига.. Лани ги имавме Тимур, Валчак, Тото, Гаџа.. па дури и оние мајмунине Њокаси се доктори за Јагуриновски, Аларов и компанија. Децана се изгубија. Тотално недораснати за да играат во Вардар. На враќање остави ги у Пролет, тоа им е максимумот.
Столе, фала за сѐ, ама братот лани требаше да се пензионира. Еден куп грешки направи, цело време вика по играчите, непотребно прави тензија. Бутин не го коментирам.
Пелистер колку и да е послаб од лани, е значително посилен од нас. Поготово во ротација.

Нека им е честито титулата.

После ова - секој друг тек на настаните освен распад би бил тотално изненадување. Очекувам уште два порази од Алкалоид. И во првенство и во купот.
 
Последно уредено:
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.911
Поени од реакции
40.841
Тимот на Еурофарм не е ништо посебно, ако при ваков Вардар ти одлучуваат грешки од играчите. Можевме и да извадиме нерешено доколку не правеа почетнички грешки.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
1.101
Поени од реакции
2.375
После 18 години пост, редно време беше. Честито титула, се гледаме у куп финале ;)
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.182
Поени од реакции
46.372
Uzasnata igra vo tri navrati koga imaa igrac poveke, zicerite na manaskov narocito na 15-15 se mozda i glavna pricina konkretno za denes.

Porazot od Alkaloid presuden, imaat tim za titila ne i strateg na klupa i toa e toa. Neka im e cestito titulata, zasluzena e i toa e fakt ali jade momentot sto mizerna iskurnazena ekipa ko Alkaloid od koja se duplo bolji i poiskusnu ni ja sobra od race, odnosno deka i vaka invalidizirani na sekoe pole sezonava pak imaa ogromma sansa za titula posle visokata pobeda u Skopje nad Pelister.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.053
Поени од реакции
74.605
Дури и со овој тим Вардар зимаше титула да останеше Дејвис на клупа. Недановски тешка незналица од тренер.
Прво немаше да дозволи пораз од Алкалоид, второ и оваа ќе ја добиеше глатко.
За ова максимално се согласувам. И неколки пати го нагласив тоа, дека со Дејвис на клупа и во ваква ситуација ќе речев дека сме фаворити денес. Врска нема Бутин, ниту има контрола врз тимот.
Ништо не одигравме денес, не залажаа на Боре одбраните и затоа се вративме. Се изгуби титулата во Автокоманда, отидоа таму ко на пикник
 
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.720
Поени од реакции
4.507
Реално не ни заслужуваме титула со овој просечен тим. Во Скопје ги добивме на атмосфера, ама ете се виде лимитираниот тим до каде е и против Алкалоид еба добиена титула. Честитки до екипата на Пелистер, а ние на чело со Михајло прст на чело и првин да се средат долговите, зошто се е џабе.
 
Член од
11 април 2023
Мислења
2.156
Поени од реакции
7.215
Конечно изгубија невиност Чкембари
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Не знам кај да прашам, па ај тука како најактивна тема за лигава.

Ако Пелистер не киксне до крај, они играат групна фаза во ЛШ, а вие групна фаза ЛЕ?

Банирањето сезонава беше за ЛШ, има различни барања за ЛЕ? Долговите исплатени се?

Нубски прашања, ама не пратам до толку, стварно не знам.


Од оваа сезона што видов, падната е лигва, дури ќе се осмелам да кажам дека Пелистер годинава се послаби од лани иако освоија титула, не знам како би се снашле во ЛШ ако не се уозбилат. Од друга страна интересен предизвик ќе биде ЛЕ за Вардар, баш ме интерсира до каде би можеле.

Нели, ова под претпоставка дека моиве претпоставки за ЛШ/ЛЕ догодина се вистинити, не знам што одговор ќе ми дадете, и дали ракометнава ЛШ е станата како Евролигата во кошарка каде по реноме се бираат преставници
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.668
Поени од реакции
4.350
Со семкар на клупа место тренер, толку е максимумот. И пак како со Алкалоид, во најбитните моменти ја шитнавме утакмицата со аматерски грешки, 3 пати во фаца го погодуваа Стоилов обидувајќи се да го проиграат, он пак со криви очи проба да му ја додаде на некој и му ја одземаа, Манасков со еден куп утнати зицери... Најбитните голови ни ги дадоа од контри, нема што да се додаде тука плус. Ги испофаливме годинава дека се искусни играчи кои знаат како да добијат натпревар, а они во најбитните минути во 2та најважни натпревари годинава беа ко муви без глави, со брзоплета и безидејна игра. Ќе да е дека сепак и на така искусни играчи им треба тренер на клупа, а не Бутин, ова е најголемата грешка на Михо за сезонава.
Како и да е, нека им е честита титулата, без разлика на разочараноста сепак е добро за спортот во државата и клубови од другите градови да освојуваат титули.
Во однос на долговите, начув муабет дека Самс почнал да ги добива на суд сите оние со кои се тужеше изминативе години и наводно повторно силно влага во бизнисот во државава. Ако е така, се надевам дека ќе испадне фер и дека ќе си подмири каде должи и во двата клуба. Нели сите негови најблиски соработници збореа дека он не останал на никого должен во животот и дека штом ги реши судските проблеми ќе ги исплати сите.
Не знам дали и на ова отприлика мислеше @kano пред некое време кога спомна дека за брзо ќе се средат многу работи во Вардар :icon_mrgr: .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom