Заебана утакмица не чека вечер. Ако победиме вечерва, ќе може да се размислува за титулата понатаму, затоа што ќе ни остане една потешка утакмица во Кавадарци, една во Бутел каде што секогаш се мачиме и решавачката во Битола.
Никако не смеат да се потценат, тоа што ги размонтиравме минатиот пат не значи ништо.
Мислам дека за возвратната ќе играме без публика, сигурно лапаме казна бар 4-5 утакмици.
Гледав баш пред некој ден во правилникот, максимум казна за настап без публика е 3 натпревари, што е доволно да играме без публика со нив бидејќи имаме три кола дома до крај. Пет може ако не казнат да играме на друг терен.
Еве како гласат членовите:
Забрана за одигрување натпревар на одреден терен
Член 17
Забрана за одигрување натпревар на одреден терен може да се изрече за најмногу 5
првенствени или куп натпревари.
Пропозициите на натпреварување ја одредуваат оддалеченост на која може да се игра
натпреварот во случај на изрекување на дисциплинскиот престап.
Забрана за одигрување натпревар со присуство на публика
Член 18
Забрана за одигрување натпревар со присуство на публика може да се изрече најмногу до 3
првенствени или куп натпревари.