Ќе биде тешко да се влезе во групите, но треба оваа година токму да се стави акцнет во ова натпреварување.
Датум: 07.06.2012, 17:48
ВО РЕФОРМИРАНИОТ ЕХФ-KУП
Вардар и Kуманово ќе се докажуваат низ квалификации
Двете екипи ќе мора да минат по три елиминациски кола за да играат во групната фаза каде што ќе се најдат 16 екипи.
Во првото коло Вардар и Kуманово може да добијат противници од земји како што се Турција, Исланд, Чешка, Естонија, Kипар, Италија, Белгија, Грција, Црна Гора, Бугарија, Молдавија, Грузија, Kосово, Фарски Острови, Летонија... Ќе има вкупно 25 двојки, а победниците продолжуваат во второто коло. Натпреварите од првото коло се играат на 8 и на 9 септември, а реваншите на 15 и на 16 септември.
Во втората рунда се приклучуваат екипи од Германија, Шпанија, Франција, Словенија, Данска и Романија и четирите последнопласирани екипи од квалификациите за ЛШ. Второто коло ќе се игра во октомври (13 или 14 и 20 или 21).
Во третото квалификациско коло, што е последен филтер пред групната фаза, директно се пласирани победниците од KПK (Флензбург) и од Kупот на ЕХФ (Гепинген), потоа по една екипа од Шпанија и од Германија и второпласираните и третопласираните екипи од квалификациите за Лигата на шампионите.
Најдобрите 16 екипи во периодот од 9 февруари до 25 март 2013 година ќе одиграат лигашки по групи шест кола, по што следува разигрување.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C65D577625171C4D81CF8F9CE41287F7