naumdb
Кајгана Менаџер!!!
- Член од
- 5 јуни 2007
- Мислења
- 9.006
- Поени од реакции
- 5.653
Ристо... не знам што да ти кажам, си ме оставил без зборови, без навреда, ама да не беше патетично, ќе беше смешно. Не функционира тоа така, не кај нас, не во Европа. Друг е системот во Америка, NBA екипите (и не само NBA, туку мислам дека во сите спортови таму е така) немаат младински погони и поради тоа е таа приказна со драфтот. Таму не се договараат, еј еве ти пари, јас сакам прво место на драфтот, туку обично зависи од тоа кој како ќе ја заврши сезоната. Друго, таму имаат salary cap, ограничени се со плата која можат да им ја дадат на играчите (вкупно за сите), така да горе доле се сите изедначени. Кога ќе имаме десет екипи кои ќе можат годишно да плаќаат 1.000.000 евра за плати за играчи, тогаш можеби би можело, ама пак не е логично. Значи според тебе, екипите нема да имаат младински погони, играчите ќе тренираат во нивните средни школи, а кога ќе сака Карабатиќ да дојде во Македонија ќе го лицитираат во РФМ, па ќе се истепаат Комитите и Пиратите затоа што судијата бил потплатен од Минчо или Михо. Инаку ако имаат простор во salary cap-от во NBA може да си носат и недрафтувани играчи, не знам сега како одат правилата, ама тоа никако не може да се примени во Европа, би било и доста погрешно. Има уште многу аспекти, ама ова е доволно. И за крај, САД е земја со 300 милиони жители, илјадници универзитети, затоа постојат драфтови. Кој драфт ќе го правиш тука за 10-тина ракометари по генерација