Комшијата си заминува
Во четврток не очекува првото дерби сезонава во лигата.
Добро е што немора ние да бркаме победа во овој меч пошто сме гости.
Друго е кога притисокот е на нивна страна во првиот меч, мада со години уназад првиот меч се игра во Автокоманда
Џабе постои лигата кога и онака шампионот се решава во овој двомеч.
Лани кикснувавме по еднаш со Тинекс Пролет, е надевам нема годинава да се посереме на нивни терен, мада досега само во Кале губевме од нив
Ги поебавме во СЕХА, ја кренавме титулата ама мислам дека ова е тоа битното.
Е сега, искрено мислам дека нема толку да не потценат овојпат
Да ме прашавте завчера ќе кажев дека имаме шанси и за победа, ама по мечот со Пролет, не сум толку сигурен.
Подобро да не отидев, вака ептен се разочарав, иако игравме со резервна постава и ги криевме и одмаравме адутите.
Додер е прав лидер на екипата, а мора да кажам сдека и Петриќ е во добра форма.
Како само им кршеше кичми на овие од Пролет
Крилата паузираа, така да немаше што многу да се коментира, ама се надевам дека и Собол и особено Марковиќ ќе бидат спремни за во четврток.
Многу голем плус за нас ќе биде ако игра Столе од сам почеток.
Страшно игра Столе, секоја чест.
Во Вардар игра и одбрана, и одлично се носи.
Лошо ќе биде ако Додер биде толку отсечен како минатиот пат.
Треба малку и он да се труди повеќе.
Сега имаме многу разработени бекови, а кај нив се што треба да се направи е да се сопре Марковиќ
И секако, ако Станиќ нема свој ден нема шанси да не победат
Што би бил добар резултат за нас?
Мислам дека секој пораз до 3 гола разлика би бил добар за нас.
Надоместлива предност...
Мада секако се надевам на бод или три бода