Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Ти си Сајбер за у Комбат, тебе Комити не те заслужуваат, само Комбат се за Вардар, без разлика кој Вардар :cuc:
И другите се брат, само на овие им е многу блиску Кале :D
Те уверувам дека има многу што сакаат да одат, ама за жал истите живеат во Драчево или Кисела Вода па дури и до општина Илинден, што тотално не пресекува околу превоз и немање слободно време :)
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Aбе Сајбер, заеби ти 10 километри од дома, нели цело Скопје од 600.000 жители навива за Вардар :) Мене ми е многу мило што Вардар игра како што игра и дечките заслужуваат многу повеќе поддршка од фудбалерите, ама то је то... Инаку Темелковски се покажува како добар стручњак, има голема заслуга за поголем дел од младите играчи на Вардар, добро би било човекот да го назначат за младите категории на репрезентацијата, сигурно ќе имаме бар 2-3 квалитетни играчи од генерација под негова палка.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Сум кажал и порано мене Темелковски многу ми се допаѓа како стручњак, а од друга страна истотака жалам што не го потпишавме Мисовски :(

Инаку тоа цело Скопје навива за Вардар е кажано со оглед на тоа што само Вардар е клуб што има навивачи од секоја населба.
Скопјани го имаат проблемот на Загреб на пример. Луѓево не се замараат со спорт...
Плус ако некогаш се навива Скопјани го одбираат само Вардар.
Никогаш нема да сретнеш на пример друг клуб од Скопје во фудбал што ќе има повеќе фанови од вардар па макар и Вардар бил сто пати послаб од другиот тим.
Пример во Прилеп луѓето си сакат фудбал. На нив не им е битно дали тимот е 11 Октомври или Победа, ете на 11 има 1 500 луѓе, на Победа по 200... Слично и Ренова имаше доста публика дур Шкендија беше слаба. За жал во Скопје има милијарда други настани и луѓето не наоѓаат време за спортски настани.
А и со оглед на квалитетот на фудбалскиве утакмици на вардар, треба да бидат среќни што воопшто има обична публика (ние најверните нема никогаш да го оставиме :)).
Во Скопје никогаш нема да се случи Вардар да има просек помал од друг Скопски клуб :)

За ракомет нема интерес, а за воља на вистината нема ни никаква реклама...
Ете јас се интересирам и дознавам, ама без реклама на трибини ќе има само роднини :)
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
За ракомет нема интерес, а за воља на вистината нема ни никаква реклама...
Ете јас се интересирам и дознавам, ама без реклама на трибини ќе има само роднини :)
Тоа е вистина.......за ракомет бар во Скопје,освен на моменти сега со Метлаург и Кометал порано.
Уствари општо за ракомет на цел балкан освен во Словенија,Метковиќ,Битола,Бања Лука и Шабац нема многу голем интерес.Е сега репрезентациите се друга работа,тука сите балканци се луди.
Башка тоа што нема никаков маркетинг,ништо нема.Со прст од клубот не се мрда да се анимира публиката во Скопје не се прави.Металург тоа го прави,т.е се обидува,али нема леб тоа.Јбг освен тие во Автокоманда и дотепенците никој не го заболе за тој клуб.
Нема култура на пратење на ракометните утакмици во Скопје,а не се прави ништо ни да се смени тоа.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.322
Поени од реакции
15.576
Според мене спортските сали се на многу лоши локации, особено Борис која е многу далеку за поголемиот дел од луѓето. Не сите имаат коли и не сите имаат многу слободно време за да можат да шетаат толкав пат. Тоа се прави само кога има јаки натпревари, еве пример квази навивачиве на Металург како идеа да Борис, а ги нема во автокоманда. Јас би идел на секој натпревар на ракомет доколку имам сала во маало, али за жал немам, и е на 10-12 км од кај мене.
 

wgt

Член од
30 август 2011
Мислења
280
Поени од реакции
92
Рајковиќ го засилува Вардар про
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Рајковиќ го засилува Вардар про
Кој е овој каде играл годинава?
--- надополнето: 22 април 2012 во 21:39 ---
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=7605 Еве го изгледа како квалитетен играч плус пишува и некој Египетски репрезентативец се поврзува со Вардар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Комшијата си заминува :place:

Во четврток не очекува првото дерби сезонава во лигата.
Добро е што немора ние да бркаме победа во овој меч пошто сме гости.
Друго е кога притисокот е на нивна страна во првиот меч, мада со години уназад првиот меч се игра во Автокоманда :icon_mrgr:
Џабе постои лигата кога и онака шампионот се решава во овој двомеч.
Лани кикснувавме по еднаш со Тинекс Пролет, е надевам нема годинава да се посереме на нивни терен, мада досега само во Кале губевме од нив :icon_mrgr:
Ги поебавме во СЕХА, ја кренавме титулата ама мислам дека ова е тоа битното.

Е сега, искрено мислам дека нема толку да не потценат овојпат :sneaky:
Да ме прашавте завчера ќе кажев дека имаме шанси и за победа, ама по мечот со Пролет, не сум толку сигурен.
Подобро да не отидев, вака ептен се разочарав, иако игравме со резервна постава и ги криевме и одмаравме адутите.
Додер е прав лидер на екипата, а мора да кажам сдека и Петриќ е во добра форма.
Како само им кршеше кичми на овие од Пролет :pos:
Крилата паузираа, така да немаше што многу да се коментира, ама се надевам дека и Собол и особено Марковиќ ќе бидат спремни за во четврток.
Многу голем плус за нас ќе биде ако игра Столе од сам почеток.
Страшно игра Столе, секоја чест.
Во Вардар игра и одбрана, и одлично се носи.
Лошо ќе биде ако Додер биде толку отсечен како минатиот пат.
Треба малку и он да се труди повеќе.
Сега имаме многу разработени бекови, а кај нив се што треба да се направи е да се сопре Марковиќ :unsure:
И секако, ако Станиќ нема свој ден нема шанси да не победат :sneaky:
Што би бил добар резултат за нас?
Мислам дека секој пораз до 3 гола разлика би бил добар за нас.
Надоместлива предност...
Мада секако се надевам на бод или три бода :icon_mrgr:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
РК Металург (пионери) - РК Вардар ПРО (пионери) 12:13 (6:7)

Си ги плескаме у младинскиве категории :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
РК Металург (пионери) - РК Вардар ПРО (пионери) 12:13 (6:7)

Си ги плескаме у младинскиве категории :D
и од Тинекс Пролет изгубиле во пионерски конкуренции. Стварно имаат јаки младински школи :cuc::pos:
Ете и во пионерска конкуренција ги обвинија судиите .
Битно си ги плескаме во секоја конкуренција, останува најтешкото СЕНИОРСКАТА :)
 
Член од
23 април 2012
Мислења
107
Поени од реакции
37
Ke bide mnogu tesko. Toa sto se sluci vo Zagreb ke im bide golema opomena i sigurno nema da bide istiot Metalurg od togas. Treba jako da se zapne ako saka da se pobedi i da se osvoi titulata. Mislam deka Metalurg ke bide mnogu poopasen vo Kale otkolku vo Avtokomanda.
--- надополнето: 23 април 2012 во 11:32 ---
Кој е овој каде играл годинава?
--- надополнето: 22 април 2012 во 21:39 ---
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=7605 Еве го изгледа како квалитетен играч плус пишува и некој Египетски репрезентативец се поврзува со Вардар
Ekstra igrac
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Момци екстра играч е Рајковиќ, супер засилување за нас!

Момакот е во полни играчки години, 29 години мислам има,дива зверка, башка и десен бек каде што бевме тенки оваа сезона (иако Бели растура,во голема форма игра но сепак е многу стар:) ) Mи се допаѓа што Михо не чека да види дали ќе ја освоиме титулата оваа година па да прави засилувања.туку мисли веднаш за понатаму.

Супер е што го задржуваме тимот од оваа сезона,конечно изгледа ќе престанеме со менување цела постава секоја постава. Со заминувањето на комшијата на Сајбер, ќе мораме да бараме ново десно крило да ротира со Јовчевски, бидејќи таква ни е играта, Вујо игра со по двајца играчи на крилата кој константно ротираат.

На лево крило сме покриено со Гоцка и Марковиќ, бековската линија еве добива на засилувања, Караџиќ од тоа што досега го видовме, е финес играч,оди на проигрувања и брзи финти,додека со Рајковиќ добиваме на сила,бек разбивач. Додер,Фичо и Вујо мали остануваат,тоа е супер, Додер стана прав лидер, знае да повлече и да преземе одговорност, Фичо се надевам уште повеќе ќе напреднува, нека оваа со металург му биде урнек како треба да игра. На голманска позиција, ако остане Милиќ ќе биде супер.Една моја желба е ако е возможно да го донесеме Горан Кузмановски дома.

За пикер, треба ли да се трошат зборови:)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Која е шансата само да остане Столе за следна година?:(
Просто неверојатно...
За жал според мое видување иако Никола Марковски е добар играч, сепак мислам дека е бар класа зад Столе и Ратко :(
Го нема тој момент, кога пикерот ја фаќа топката и одма оди напред со што или дава гол и ли вади пенал :)

За десно крило, имам една желба, а тоа е побратимот на Собол, Јан Филип :icon_mrgr:
Иако се мислам дека едно од крилата на Металург ќе приземји во Кале следна сезона ;)

Иначе Рајковиќ веќе се приклучи така?
Не сватив баш... Дали ќе има право да игра за нас во остатокот од првенството?
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.695
Поени од реакции
6.059
Која е шансата само да остане Столе за следна година?:(
Просто неверојатно...
За жал според мое видување иако Никола Марковски е добар играч, сепак мислам дека е бар класа зад Столе и Ратко :(
Го нема тој момент, кога пикерот ја фаќа топката и одма оди напред со што или дава гол и ли вади пенал :)

За десно крило, имам една желба, а тоа е побратимот на Собол, Јан Филип :icon_mrgr:
Иако се мислам дека едно од крилата на Металург ќе приземји во Кале следна сезона ;)

Иначе Рајковиќ веќе се приклучи така?
Не сватив баш... Дали ќе има право да игра за нас во остатокот од првенството?
1.Ама Никола па и е помлад милсам дека две три години од Столе така да и кај него има простор да напредува плус и мислам дека Никола е подобар во одбрана од Столе.
2.За овој да дојде ќе биде одлично човекот не знае да промаши и на Еп имаше висок процент на реализација со Германија мислам дека имаше дури 11 од 11 и со нас не промаши многу еднаш или два пати само а исто беше најдобар стрелец во Чешката репрезентација.
3.А Рајковиќ пошто го раскинал договорот со тие ваљда уште сеа ќе се приклучи со екипата ама нема да игра само ќе тренира како што азбрав јас.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom