Фан клуб - РК Вардар

Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Не бидете оптимисти тоа што заминува Криштопанс во 2020 не значи ништо има замени за него а во македонија работите се менуваат за час не пак за 2020 да мислиме.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абре прашање е Столе дали воопшто ракомет ќе игра од 2020 натака не па за Магдебург да ќе одел и тоа сигурно... И добро ви вика lunatik.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Не бидете оптимисти тоа што заминува Криштопанс во 2020 не значи ништо има замени за него а во македонија работите се менуваат за час не пак за 2020 да мислиме.
Остај тоа што има замени за Криштопанс... Мислам дека тој е играч што ќе стане ценет меѓу фановите дури откако ќе си замине...
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Горе мислев песимисти сум напишал оптимисти Денес гледам Мораеш оди во Веспрем летото..Изгледа затоа бараат пикер нашите..Штета ваш Мораеш е мн силен и млад но не можеме ништо тука договорот му е до летото.

Sent from my SLA-L22 using Tapatalk
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Според спортмедиа Вардар испратил понуда до Козина од Гепинген, добра замена за Фереира реално.

Ако се паметни и ако клубот ги има истите амбиции и финансиски средства по 2020 тогаш ќе загризаат за http://www.eurohandball.com/ec/ehfc/men/2017-18/player/544766/Jakov+Vrankovic или ако ништо друго ќе го имаат на ум. Моментално играч на унгарска Татабања. Искина тие две сезони што ги одигра во Букурешт (една сезона во ЕХФ Куп и една во ЛШ), дури мислам дека и двете сезони го прогласуваа за најдобар странски играч во Романија. Околу 2 метри висок, снажен, технички добро поткован за висината и многу битно - играч кој се снаоѓа на повеќе позиции во одбрана. Некако "under the radar" пројде низ годиниве, а вреди. Мислам дека е само прашање на време кога ќе добие понуда од некоја од послабите екипи во Бундеслигата. Знам дека и на @Tomasino многу му се допаѓаше како игра. (y)

Кога веќе сме кај Татабања и неекспонирани, а добри играчи тогаш мора да се спомене и http://www.eurohandball.com/ec/ehfc/men/2018-19/player/540682/MilosBozovic. Опасен деснак и веќе стандарден црногорски репрезнтативец. Многу потсеќа во играта на Борозан, иста генерација со него и мислам дека во квалитена екипа ќе го покаже потенцијалот што го поседува.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Мораеш е заменлив. Сепак, штета. Млад, јак, игра и напред и назад. Вршеше работа. Може и најдобар пикер беше во екипата, се на се.
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.098
Поени од реакции
2.220
Последно уредено:
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Примети некој дека Оцврик не е со екипата? Скубе се врати од Словенија, Гедбан е на пат, ако не и во Скопје. Мораеш и Борозан не се со екипата уште, зошто се рехабилитираат. А овој, Оцврик уште е во Словенија.
 
Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Примети некој дека Оцврик не е со екипата? Скубе се врати од Словенија, Гедбан е на пат, ако не и во Скопје. Мораеш и Борозан не се со екипата уште, зошто се рехабилитираат. А овој, Оцврик уште е во Словенија.
Оцвирк за време на паузава колку што знам беше со младинска репрезентација на Словенија. Така да најверојатно има добиено некој ден повеќе.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Македонскиот ракометен шампион Вардар доби казна од 15.000 евра од Европската ракометна федерација (ЕХФ) поради навредливата парола кон тренерот на полски Кјелце, Талант Душебаев за време на дерби мечот во СЦ „Јане Сандански“ пред крајот на минатата година.

Дел од гледачите на Вардар го дочекаа легендарниот Душебаев со парола „Талант петух“ (Талант пе*ер), што го изнервира темпераментниот тренер. Дисциплинската комисија на ЕХФ го казни Вардар, затоа што црвено-црните не направиле ништо за да го отстранат истиот.

„Паролата е навреда директно насочена кон дигнитетот и приватноста на Талант Душебаев, без притоа да се навлегува во сексуалната ориентација, ова е акт на хомофобија. Содржината на паролата ги нарушува сите принципи на спортот. Вардар не направи ништо за истиот да биде отстранет, не направи ништо за да обезбеди фер услови и почитување на противникот, па тие ја толерираа навредливата и хомофобична парола во текот на целиот меч“, стои во образложението на ЕХФ.

Вардар им седум дена да се жали на оваа одлука.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
И мене ми помина помислата за Толедо во Вардар по натпреварот со Русија. Иако некако после малку оладив. Но, со оглед на фактот дека Криштопанс и следната сезона е во Вардар, а и Киселев има договор. Доколку, хипотетички, потпишат со него, тоа најверојатно ќе значи откажување од Киселев како играч кој би можел да се развие за ЛШ. И нешто слично ко Деревен би си отишол назад во Русија.

Ни треба добар десен бек. Така што, не би бил лош ангажман ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom