Фан клуб - РК Вардар

Член од
2 октомври 2011
Мислења
841
Поени од реакции
504
Кога веќе решиле да бараат голман мислам дека треба да пробаат да го донесат Филип Ивич. Од наредна сезона Волф доаѓа во Киелце, а неверувам Ивич да брани пред него и пред Цупара. Сигурно дека во Вардар би имал поголема минутажа.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
„Нема никаков потпис во моментов, иако не демантирам дека разговаравме. Дури и да дојде до таков трансфер, нема да биде следната година, затоа што јас сум под договор со Вардар. Јас и Раул имаме добра комуникација, од време на време се слушаме. Контактот е во обостран интерес“, изјави Кристопанс.
https://www.gol.mk/rakomet/kristopans-zboruvav-so-raul-no-jas-sum-pod-dogovor-so-vardar
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Шпекулации, Шего и Борозан во Монпелје.

Унгарските медиуми пред неколку дена објавија информација дека голманот на ПИК Сегед, Марин Шего, е блиску до потпис со македонскиот шампион Вардар.

Но информациите до кои дојде 24Ракомет, велат дека хрватскиот репрезентативец е поблиску до премин во европскиот шампион Монпелје.

Францускиот тим на крајот останува вез Венсан Жерар, кој оди во ПСЖ, па во Шего гледаат идеална замена за францускиот репрезентативец.
Францускиот „Midi Libre“, објави статија во која се најавени и дел од играчите за кои се интересира се уште актуелниот европски шампион. Во прв ред, за левиот бек на Вардар – Вуко Борозан. Тој има договор со „црвено-црните“, но тоа не го спречува Монпелје да му понуди трансфер во Франција.

Најавено е доаѓањето и на бекот на Барселона, Жилберто Дуарте, а од шпанскиот тим во Монпелје би требало да се пресели и пивотменот Камил Шипжак. Десното крило кое исто така играше во Барселона, Јанис Лене, а сега е на позајмица во Екс ан Прованс, би требало да биде во следната сезона во ростерот на Монпелје.

Освен Монпелје, сериозен интерес за Борозан има и од Барселона, претходно се споменуваа и Келце и ПСЖ, но дали ќе има некаков трансфер, ќе дознаеме многу наскоро.
Извор - 24ракомет.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Абе кој е задолжен за засилувањата во Вардар?
Зар толку да е абдал па да не може да најде играчи....
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Абе кој е задолжен за засилувањата во Вардар?
Зар толку да е абдал па да не може да најде играчи....
Ако ги споредиме буџетите на другите и на Вардар,ние сме најдобро балансирана екипа во Европа,моментално само ПСЖ и Барса се над Вардар,со сите други може да се носиме,ако видиме Веспрем,Киелце,Сегент колку повеќе пари фрлиле и на крај искочиле џабе може да кажеме дека управата на Вардар најдобро скаутирале играчи.
Милосављев,Гедбан претходно Борозан,Циндрич итн. Никој немаше чуено за овие кога потпишаа во Вардар,на крај искочија топ играчи.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Милосављев,Гедбан претходно Борозан,Циндрич итн. Никој немаше чуено за овие кога потпишаа во Вардар,на крај искочија топ играчи.
Мораеш исто, од резерва во Кил, во играч што го бараат јаки тимови сега. Дисингер немаше гол дадено во бундес сезонава и никаква минутажа, до играч кој сосема солидно одигра во ЛШ за нас во овие неколку натпревари.

Имаа некои одлични одлуки кои не изгледаа така на прв поглед, тоа не може да се негира.
 

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Милосављев,Гедбан претходно Борозан,Циндрич итн. Никој немаше чуено за овие кога потпишаа во Вардар,на крај искочија топ играчи.
Не би рекол овие ги пласира Металург далеку беа од непознати кога дојдоа во Вардар , а во Вардар само се доведоа до совршенство
Сакале или некеле очигледно е дека Вардар полека згаснува т.е. постави преголеми стандарди едно време изгледаа и како најдобар колектив во ракометот па сега е малку чудно коа ги гледаме на едно ниво подолу сепак се држат одлично,али ако направат уште еден рез како претходнава сезона мислам дека ке бидат погодени ептен али незаборавајте они со ликови ко Малумбрес,Растворцев,Чипурин итн беа на чекор до Ф4
потребен е добар баланс да направат повторно али пробемот е што се треба одново да се прави но се надевам ке успеат во тоа и повторно ке бидат на врвот на Европа
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Камил Шипжак во Вардар?

Екипата на Вардар наскоро може да добие големо засилување на пивотменската позиција, а воедно и во одбраната во ракометар кој би требало да пристигне од екипата на Барселона. Се работи за ракометар кој е незадоволен од минутажата во клубот, а истиот веќе извесно време е поврзуван со трансфер и во Монпелје и во Нант.

Камил Шипжак во изјава за sportowefakty.wp.pl потврди дека веќе имал контакти со клуб од Македонија, а јасно е дека тоа е Вардар и според неговата изјава постои голема шанса за биде виден во „црвено-црниот“ дрес. На Вардар му е потребен пивот, а Шипжак би одговорал со своите предиспозиции за играта која што ја негува Парондо. Со оглед на тоа што репрезентативецот на Полска добро го познава шпанскиот систем ќе нема проблем да се вклопи и ќе дојде добро.

„Имам понуди од Франција, Германија, но и од Македонија. Гладен сум за играње, а не за ловорики. Размислувам уште, а главна улога ќе има тоа каде ќе можам повеќе да играм. Пред да одлучам тоа ќе биде главната причина за да се решам за клубот во кој ќе ја продолжам кариерата“, вели Шипжак.

Веќе е познато дека Монпелје и Нант го сакаа во своите редови, но сега и Вардар е заинтересиран, а шансите на шампионот на Македонија се големи за да го види во своите редови.
Извор - 24ракомет.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.673
Топ ракометар,можеби последнава сезона падна малку во форма пошто немаше сериозна минутажа во Барса,а и Полка не играше на европското.
Би бил одлично засилување,висок,јак во два правци може да игра,,и плус млад е 26 години има.:)
Иначе се шпекулира дека Степанчич од ПСЖ се договорил со Пик Сегент,ако е така најверојатно Криштопанс иде во ПСЖ.
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.451
Поени од реакции
1.791
Топ ракометар,можеби последнава сезона падна малку во форма пошто немаше сериозна минутажа во Барса,а и Полка не играше на европското.
Би бил одлично засилување,висок,јак во два правци може да игра,,и плус млад е 26 години има.:)
Иначе се шпекулира дека Степанчич од ПСЖ се договорил со Пик Сегент,ако е така најверојатно Криштопанс иде во ПСЖ.
Кој ќе дојде како замена за Криштопанс,чим Степанчич ке иде во Пик?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Добро ќе биде ако дојде Пољакот. Но треба и за Криштопанс замена некоја.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.173
Поени од реакции
4.094
Мораес Фереира си оди Вардар на лето.

Кога сме кај разделбите, „Спортмедиа“ донзава дека по завршување на сезоната, Рожерио Мораес и Вардар ќе се разделат. На бразилскиот пикер во јуни му истекува договорот, а првичните информации велат дека соработката нема да биде продолжена.

Оваа информација ја искористија голем број тимови, а засега на неговата адреса има две сериозни понуди. Едната од Нант за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, а додека втората и речиси многу повеќе примамлива доаѓа од Веспрем. Нема да биде ништо чудно доколку следната сезона го видиме во дресот на унгарскиот вицепрвак за кого настапуваат двајца некогашни играчи на Вардар, Дејан Манасков и Арпад Штербик.

Мораес со Вардар има обврски до јуни, во моментов тој се наоѓа во Бразил каде работи на опоравувањето по операцијата на коленото. Пикерот во Скопје дојде во 2016 година, во изминатите години беше еден од главните борци.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
2.057
Поени од реакции
5.558
Па, ако веќе навистина се преговара со Шипжак еден пивот во секој случај ќе мора да си оди. Столе не ни вреди да се спомнува во таква комбинација. Калараш е стандарден руски репрезентативец во клуб кој што е во сопственост на човек од Русија, спортскиот директор е исто така од Русија и воедно е селектор. Така што, логично ми е Фереира да е тој кој што би заминал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom