Фан клуб - РК Вардар

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.992
Поени од реакции
74.105
Видео од првите неколку минути :)
АБе овие го имале Надовеза бе :D
0 голови....
Да признаам јадеме гомна цело време, играта вака, играта онака али засега солидни резултати се бележат, мада тешките мечеви уште не дошле...
На крај можеби најзначајно ќе биде што Босна ни извади нерешено тука па нема да влеземе во фајнл-фор...
Чим го имаме дебелиот во стручен штаб, што беше во Металург досега, напа е титулата:icon_lol:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.992
Поени од реакции
74.105
Тотално не се согласувам, али тоа е тоа...
Незнам само кој ги пика тие мислења за платеници ау...
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.952
Поени од реакции
15.127
ја многу сакав да навиваме на ракомет ама очигледно е дека нема интерес така да се согласувам со одлуката.
 

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Жалосно,бидејќи сево ова време кога светоста,ФК Вардар, беше во сивило, на ракомет беа едни од најдобрите претставувања на Комити.

Момци,не знам која е состојбата во групата и кој ги турка овие муабети за пари и останато,али мене како навивач на светото име Вардар,не ми се допаѓа ова.
 

Clint Eastwood

I'm watching you!
Член од
13 декември 2009
Мислења
622
Поени од реакции
211
go procitav celoto soopstenie so vnimanie i moram da iskazam pofalni zborovi za napisanoto!
apsolutno se slagam deka ako se odi na natprevari treba toa da e na sekoj ili skoro sekoj natprevar, vo brojka kolku sto e mozno pogolema so cel da se stvara navika,dobra druzba megju clenovite,a i najvekje da se uvezbuvaat navivacki pesni i sl.
megjutoa vo situacija koga toa ne odi kako sto treba togas podobro e da ne se odi voopsto,za da ne se sozdava slika za raboti koi ne se bas opravdani vo navivackiot svet, t.e. pojavuvanje na samo nekoi mecevi sto e apsolutno neprifatlivo.
so ovoj poteg grupata dobiva na serioznost spored mene,a sto gubi?
gubi prvo 2 soocuvanja so grupi kako pirati i ckembari so toa sto vo bitola ete mozebi ke se sozdadat uslovi za nepreceno odenje na natprevari vo sala...
gubi eventualno megjunarodni nastapi i pretstavuvanja,a toa se momenti sto sekako davaat prilika da bide grupata zabelezana.megjutoa ako e(a veruvam deka e)tocno se ona sto e napisano vo vrska so limitiranje nekogas na karti ili na brojot na clenovi za nekoj megjunaroden nastan,togas odlukata za neodenje uste povekje e opravdana.
znam deka e problem so momentot shto na mnogu pripadnici na grupata,rk vardar im e isto taka omilen kako fk vardar i shto niz site ovie godini se sozdade kaj niv nekoja ljubov i zelba da go bodrat rk vardar. ljubovta kon klubot ke si ostane normalno i ponatamu,samo oblikot na davanje na taa ljubov i poddrska vekje nema da bide ist.
moe licno mislenje e deka mozebi trebase pomladite clenovi na grupata povekje da se zalozat za organizacija na grupata za mecevite na rk vardar,so sto ke dobieja pogolema odgovornost a sekako i iskustvo vo organiziranjeto na natprevar od navivacki aspekt.
znam deka ke bide glupo na mecevite na rk vardar koga ke doagjaat pirati,ckembari,moze uste nekoja druga grupa ,a koga od sprotivnata strana nema da gi ima vo organizirana forma komiti. znam deka na tie sto ke bidat togas vo sala srceto nema da im dade da ne zapejat ,da ne viknat za poddrska na vardar,no najdobro e mozebi bas tie mecevi da se zaobikolat zatoa sto rivalskite grupi ke se sitat i ke se obiduvaat da provociraat togas uste povekje.
se na se,so site iskazani argumenti vo soopstenieto,mislam deka odlukata da ne se odi e vo pogolem procent prifatliva.sekogas ke ima razlicni mislenja,no da veruvame deka tie sto ja donele ovaa mozam da kazam teska odluka sepak se vodele od nepisanite navivacki pravila i principi sto sekako e dobro.
p.s./ se nadevam deka ovoj princip nema da bide ponisten/pogazen vo pobliska pa i podalecna idnina.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Стварно глупа одлука...не е до незаинтересираноста,зашто кога немаше фудбал,во ракомет беа најдобрите претстави.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.952
Поени од реакции
15.127
Не викам дека нема интерес за ракомет на натпревари од 1/4 и 1/2 финале и дуелите со Металур и Пелистер, но Комити не се дерби навивачи па да одат само на такви натпревари. Во целост се согласувам со постот на Клин само друг пат темолам кирилица :D
 

Clint Eastwood

I'm watching you!
Член од
13 декември 2009
Мислења
622
Поени од реакции
211
Во целост се согласувам со постот на Клинт само друг пат те молам кирилица :D
и мене ми смета латиницава,али така сум некако навикнат.битна е суштината на напишаното,другото е во втор план.
како гледам значи... вампири/гемиџии со борец,чкембари,пирати,кумани?...повеќе групи него ли на фудбал! плус велес,битола,куманово како градови што на фудбал не се во програмата...
али ајде да не *ПАЛИМЕ ФИТИЉ* како што некогаш рече еден битолчанец:icon_mrgr:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
И ја се согласувам со одлуката. Криво ми е што нема да се навива во сала, пошо одлична атмосфера се прави во затворен простор, али тоа е тоа.... Не е во ред да се навива 1 утакмица, а на други 5 да не нема. Или па на една да сме над 500 луѓе, а на друга 50.... Мило ми е што конечно се реши и ова прашање. Ваљда нема да се погази оваа одлука....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.992
Поени од реакции
74.105
Ќе сватиме после некое време колкава грешка е одлукава ама касно ќе биде...
Се што имав да кажам пишав на нашиот форум :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
А што има врска дали сте биле 50 или 100 души на ракомет. Нормално е да нема толкава заинтересираност како за на фудбал...

Мислам дека не ви е убаво ова што се фокусирате само на фудбал, и се форсира строго тоа. Да не се деси фијаско ко на времето со Трифун па... :unsure:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.989
Поени од реакции
1.272
Срамна одлука за групата која треба да биде репер за најдобри во Македонија, уствари за оние раководни луѓе во групата кој ја донеле оваа одлука, затоа што сум сигурен дека 80% од Комитите се против оваа одлука. Во годината во која очекував да се исправат грешките од минатото и да се даде подршка на КК Вардар, се случи шамар за своето чедо РК Вардар, наместо чекор напред овде имаме чекор назад, значи за некој мајка, а за други маќеа. РК Вардар е клубот кој ги одржуваше Комитите да не згаснат од навивачката сцена во Македонија, клубот кој беше срцето на навивачите, едноставно моторот кој ги носеше Комитите во блескави изданија на трибината. Ова покажува дека Комитите уствари и никогаш не биле навивачи на Вардар, туку навивачи на најдобрите клубови во одредени периоди од историјата на Македонија, КК Работнички, РК Ѓорче Петорв, РК Вардар, ФК Вардар, а во иднина очекувам да се донесе одлука да се навива за РК Металург како најдобар клуб во овој момент во Македонија што е и основната идеологија на Комитите, подршка за најдобрите (или таму каде што има најдобра цицка) Не држи вода образложението дека неможе да се постигне секаде да се стигне. Тешко е, но сепак ова не беше правилно одбраното решение. Ајде хипотетички- што ќе се случи доколку наредната сезона градот го откаже своето спонзорство ? Ке се затвори групата? Не бре момци пак ќе се вратите да цицате од оваа цицка сега што ја отфрлате за друга поголема цицка. Што мислите дека Чкембарите доколку КК Пелистер не згаснеше, а и ФК Пелистер не дојдеше на ова дереџе ќе ги оставеа, со образложение дека ќе се сконцентрираат на РК Пелистер? Па видете ги Балистиве бре идат на фудбал, футсал и одбојка, среќа што немаат ракометен клуб и кошаркарски клуб нема да знаат кај им е главата од навивање. Сепак убеден сум дека вистинските Комити кои живеат за светото име Вардар нема да ја почитуваат оваа срамна одлука, останува времето да покаже дека сум бил во право.
 
Член од
2 март 2005
Мислења
287
Поени од реакции
149
Секоја одлука е донесена со гласање така да неможеш да кажуваш дека 80% од членството е за идење. Прочитај го пак соопштението и ќе ти стан ваљда јасно зашто нема организирно да го пратиме Р.К. Вардар.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.952
Поени од реакции
15.127
Сепак мислам дека требаше да се донесе некоја одлука у стил: Ке го бодриме РК само деновите кога ФК нема натпревари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom