П
Паспарту
Гостин
Види, и јас сум да се донесат играчи од хрватска, германска и француска репрезентација, но да бидеме реални во моментов тие пари ги немаме. Буџетот на Вардар во споредба со голем дел од екипите кои се елиминирани од овој куп е минорен, целта на Вардар не е (беше) финале и освојување на овој куп, правете малку разлика, едно се реалните можности, а сосема друго се очекувањата кои од коло во коло се повеќе растат.епа друже ако некогаш сака некој мкд тим да освои меѓународен трофеј ќе мора и да има меѓунардони јаки играчи. до сега ние на публика на изненадување идеме во овие меѓународни натпреварувања. знам дека парите што ќе ги вложат и парите што ќе ги добијат нема да се исти, дури и помалце ќе добијат и можеби затоа никој не вложува кај нас зашто не се исплати. и сите сакаат со ефтини играчи да поминат повеќе кола ама еве гледате и вие вардар тоа го прави на секој 5 години додека решица го има осовено овој куп 3 пати. значи за 5 години пак ќе имаме некој успех до полуфинале, а финале како пелистер не стигнал никој повеќе од 15 години. тоа ми е мене ги разбирам проблемите и се надевам дека таа регионална лига од август ќе привлече повеќе спонзори кои би платиле за појаки играчи и во тие меѓународни купови да можеме на квалитетот што го имаме да се надеваме на трофеј.
Пелистер играше финале на Челинџ Куп, а Решица не освои КПК туку Челинџ Куп во 3 наврати. Секој трофеј и финале е успех, но квалитетот помеѓу овие две натпреварувања е ОГРОМЕН! Види ги клубовите кои играат моментално четвртфинале во Челинџ Купот (Партизан, Аек, Бенфика, Раднички Крагуевац и др.) и спореди ги со оние од КПК (Гумерсбах, Портланд, Трембле) и сам ќе увидиш колкава е разликата... Овие тимови што играат во ЧК нема ни помеѓу први четири да завршат во нашава лига или ако ништо друго се послаби барем една класа од Вардар.